[СДК] Сакам да кажам... Јас колку што знам кај нас викаме релна,е сега можи е до дијалектот,ама рерна никогаш не викаме...Не е правилно,ама немам слушнато овде рерна да речат.Ако си е тоа правилно. А за тоа флизер,да,многу грдо звучи. Или пример барен лелеее...А сигурно има и други,ама не ми текнуваат. А некои друго е да ги слушниш друго е да ги прочиташ (погрдо е да ги прочиташ),бидејќи в се слуша како ф и з како ѕ,во некои случаи.
[СДК] Сакам да кажам... Или седефне (седевме). Овие изразиве неколку години ќе треба да се соберат сите па да се направи од нив една добра докторска дисертација.
[СДК] Сакам да кажам... Баба ми обично знаеше да каже доФтур , но јас мислам дека се си е до дијалектот нема град каде се зорува чисто литературно.. не грешете душа ... до душа иритирачки се некои зборови но мене ми е смешно
На сајт на образовна установа прочитав „пријавите се“. Аман де! Кога ќе имам дете, сигурно таму нема да го пријавим.
Ми се крева косата кога ќе прочитам: ПејСаШ ОдевНе, седевНе, збори, ОхриТ, маЌедонски.... и уште мнооооооогу мнооооогу други Ццц, аман де, колку неписмени има по светов
Клепки се оние набори со тенка кожичка кои се наоѓаат на окото, очниот капак. Но сепак, некаде се среќава употреба на зборот „клепки“ како синоним за трепки, што значи дека и двата се правилни.
Што се однесува на форумов, најмногу ме нервираат постови без интерпункциски знаци, особено ако се долги. Обично откако ќе го прочитам, испаѓа дека ништо не сум разбрала И ако нема голема буква после точка. Ама тоа и јас некогаш го грешам, па ај не се лутам толку
Јас лично забележувам на скратениците од сложените називи кои се пишуваат со голема буква без точки меѓу нив (така вели правописот). Меѓутоа, во пракса се среќаваме со: Д.У.Т.У.- Друштво за угостителство трговија и услуги, или Д.О.О.Е.Л- Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице а треба ДУТУ ДООЕЛ (Можеби на претходните 147 страни некој има напишано за ова, а јас сум пропуштила) Малку можеби и надвор од темата (да не кажам оф топик) Исто така, не ми се допаѓа латиничните називи на правните лица. Значи постои и Закон за употреба на кириличното писмо и ако не се лажам, задолжително е називите (имињата) на дуќаните да бидат испишани на влезната врата со кирилично писмо. Освен доколку името не е бреднирано и е заштитено во Завод за заштита на индустриска сопственост.
Преска ме збунаа на Сител Исфрлувањето на кандидатите...бла бла за Големиот брат нешто беше ...небитно Исфрлување ?! Не би требало да е исфрлање ?
^danniela5 Знаеја е правилно. Во македонскиот јазик секогаш кога три самогласки ќе се најдат една до друга се пишува Ј, помеѓу последните две самогласки.
Семејството отсекогаш било наша светиња.... Е напишано во денешниот број на еден дневен весник.Е сега во овој овој случај може ли да се употребува светиња, или едноставно и јасно е дека тоа не е соодветниот збор, туку вистинскиот е светица?????
Мене ме нервираат зборови од туѓо или непознато потекло, новокомпонирани, модерни во последно време, посебно оние за кои си имаме наш збор што сите ќе го разберат. Како на пример- килоти (гаќи може и боксерици), бретели (прерамки), аксесоари (додатоци) и др. ги има многу брусхалтер, МАЛТЕНЕ (е овој посебно ме нервира, може да се прведе со СКОРО, СКОРО И ДА...), апропо (во тој контекст), априори (бездруго, веднаш).....
Светиња и светица се зборови со различно значење. Светиња или светост значи нешто безценето, нешто многу вредно, најчесто нематеријално. А светица е женски род од светец.