Никогаш го немам слушнато, провери во речник, не верувам да е литературен збор што се користи на цела територија на Македонија. Да не е користен само во СК и другиве градови близу до Србија?
Прашањево знам дека не ми е за тука, ама не знам каде да го поставам. Цело време по телезииве гледам Игран филм или Играна Серија. Ме интересира може ли некој да ми го објасни значењето на поимот игран? Зошто е додаден?
И кај нас на југозапад се употребува. Ама не верувам дека се користи во стандардниот јазик. Како архаизам ми е повеќе.
Чуму не е литературен збор, туку е дел од архаичната лексика. Сепак, заради нијансата која ја дава на изразот прилично често се употребува. Значи „зошто“.
Уф колку се нервирам кога ќе видам правописни грешки по медиумиве и на телевизија,и во весници и на интернет! Како да не слушнале за НАДРЕДЕН ЗНАК! сè уште го пишуваат како сеуште, се уште а некаде знакот е и на десно. Епа нели треба да си го негуваме јазикот! исто така имам забележано по продавници и маркети често го употребуваат она 'посетете не' повторно без надреден знак. Eден јазик имаме престанете веќе со вакви глипави грешки
Веќе некое време се двоумам како е правилно: Едвај чекам да те видам. Одвај чекам да те видам. Едвај или одвај?
Не знаев кај да го поставам прашањето па ќе пробам овде. Се извинувам што е off topic. Дали постои разлика помеѓу прераскажан и прикажан говор? Ако постои, која е?
Жалче. Сама си се цитирам, сама си одговарам. Ако некој некогаш го бара одговорот, или го интересира: прераскажува - прекаже со свои зборови; одново раскаже Пр. Ја прераскажа лектирата. прекажува - 1. пренесе со свои зборови нешто што е веќе кажано. Пр. Таа им ја прекажа случката на другарите. .................. 2. каже повторно, уште еднаш. Пр. Разбра ли или пак да ти прекажам?
Професорката по македонски јазик на ливче имаше напишано устен испит во толку и толку часот. Јас цел живот знаев дека е усмен испит. Со оглед на тоа дека жената е професор по македонски јазик, веројатно јас сум била во заблуда. Пред малку (во учебник по македонски јазик) прочитав училиштен автобус, а јас пак си мислев дека е училишен автобус. И уште нешто (некој ми кажа - не се сеќавам кој) дека правилно е гревота, а не греота. Е сега што навистина е точно?
^ За првото, јас мислам дека усен е правилно хахаа. Веројатно и јас се лажам. Училишен автобус е, нема шанси училиштен да е правилно. И последеното, гревота е правилно, греота не е литературен збор.
- Училиштен (со т) во машки род; HO, училишна, училишно, училишни (без т) во останатите родови и во множина. - Исто, устен за машки род; усна, усно, усни во останати родови и во множина. Никако усмен. - Гревота треба, да.