Знам дека негациите се пишуваат одделно од глаголите ( не одговори, не спие , итн). Ама имаше 2 исклучоци.Едниот беше НЕМА, а другиот? Кој беше уште едниот ? Го најдов ова во граматиката на Конески еднаш , ама сега не можам.
Повеќето од вас кои пишувавте како другите прават грешки и вие самите направивте во тој коментар Забележав неколку НЕМОЖАМ Инаку мене не ме нервираат грешките, си читам, разбирам што пишува и не ни ги забележувам повеќето
Се случува од брзање некој да напише негација со глагол заедно, и не ме нервира кога ќе прочитам такво нешто. Мене нешто што најмогу ме нервира е кога ќе видам дека некој употребува англиски збор наместо македонски. Пр. "не дека хејтам"
Нели запирка не се употребува пред и ? Значи, сè повеќе и повеќе ме нервира кога читам низ книги запирка пред и!!!
Не е правопис туку нешто друго ми е прашањево.Вака значи,или јас не сум нешто во ред со здрвен памет,или пак преводов на книгава не е во ред. Луѓе како е правилно дадијарка или дадилка? Литературно македонски? Јас цел живот го мислам како дадилка,а не како дадијарка,а во книгава го пишуват како дадијарка.
И двете се правилни. http://www.makedonski.info/search/%D0%B ... 0%BA%D0%B0 http://www.makedonski.info/show/%D0%B4% ... 0%BA%D0%B0
Правилни се: ослаби и ослабна. Па така, од „ослаби“ трето лице еднина е „ослабе“. Што значи и двете се точни.
За слабее- кога зборуваме за нас, глаголот е `ослабна(в)`, а кога се работи за друго нешто е `ослабе` (ослабе вид, ослабe одбрана,...) ако ме разбирате
^ Абе видиш ова ти е малку двосмислено. Можеби РАБОТИ е прирок, а МЕ е кратка заменска форма за директен предмет прво лице еднина. А целта е да се искаже заповеден начин Требале само еден извичник да стават после РЕЦЕПТИ. Заборавиле, ќе им простиме.
не размислив така,може сум грешка не викам не(и самата се прекорувам кога правам грешки ) настрана од ова погоре *Камо да се работеше само за неколку грешки,многу се нервирам кога гледам и читам такви глупави грешки (што би требало да се научат уште во трето одделение )насекаде околу нас што ми иде
Пред некое време слушнав, ама колку дослушнав... Не било правилно ноктот, туку нокот. Се губи едното т. И за базент е така, нели? базент-базенот. http://www.makedonski.info/show/%D0%BD% ... %82/%D0%BC http://makedonisch.info/search/%D0%BD%D ... 0%BE%D1%82
Елена, јас мислам дека не е базент туку базен. А тоа нокт-нокот, мислам дека нема разлика и исто е значењето. Се работи за варијации на еден ист израз исто како дадилка-дадијарка (видов на претходната страна од темава чинам).