Се нервирам кога јас 12 годишно дете знам да пишам сФатив,20 годишни неможат и пишуваат сВатив па нели е срамота МАКЕДОНИЈА нема квалитетно знаење.Ми е гајле ако некој се пронајде и не не сум дрска.Имав пример наставничката по македонски уште пишува сВатив,како се вработила со врски срамота.Изреволтирана сум и респект за исклучоците!
Епа вака Дрим. Јас имам 18 и знам дека е сфатив. Ама не сакам да викам така. Во сите постови имам сватив а не сфатив. Се е до карактер. Познавам луѓе кои викаат хулакопки намерно а знаат дека е погрешно,така се навикнати. За тоа што го прави твојата наставничка по Македонски е срамота а не за некои што викаат "че оиме" за тоа што имаат таков дијалект. Многу мразам овакви критики, јас како сакам ќе пишувам. И сакам "сватив" да пишувам а не да се правам културна пошто ќе ме сметате за писмена. Кога ќе го кажеш зборот "сфатив" ај кажи го со Ф ќе те замолам? Епа грдо е.
Се` почесто у интернет комуникацијава, поточно како коментар на вести од веб страници, гледам пишување на „да“ (како честичка) со the. Дали е тоа некој систем за избегнување на цензура компјутерска или пак некој нов онлајн фраерлук со јазикот?
[СДК] Сакам да кажам... Едно е дијалект,а друго е ова.Све или сватив не исто како некој збор од дијалект.Ама тешко е на човек да му се објасни.Животно ке разбере ама човек не.
[СДК] Сакам да кажам... Знам дека едно е дијалект а друго е тоа,но прочитај подобро, кажав дека познавам луѓе кои намерно ги прават тие грешки ко со зборот сватив. Што е со зборот "шо"? Коа? У? Спојлер Не мораш да вреѓаш
[СДК] Сакам да кажам... ariela09, не се работи за дијалекти, правописно правило е. Точно дека не се изговара сФатив, тука веќе станува збор за едначење на согласките по звучност. Се изговара сВатив, а се пишува со ф! Дијалектите тука немаат никаква врска, а твој личен избор е дали ќе ги негуваш правописните грешки, или ќе се водиш според тие правописни правила. А тие зборови што ги кажа, ШО, У, итн. тие се веќе зборови кои немора да значи дека луѓето од еден град сите ги употребуваат. Во мојот град на пример, викаат шо, ама јас си го користам што. Тоа не е правописна грешка, зошто секој си зборува онака како што е навикнат. Ти си навикната да викаш сватив, и така продолжи ако сакаш, меѓутоа тоа не е на дијалект.
[СДК] Сакам да кажам... Па тоа е и поентата. Јас имам личен избор да викам сватив што мислам дека не значи дека сум неписмена. Не го сватив постот како за мене туку ко за сите пошто знам дека има многу такви како мене. Еве на пример зборовите: шо, у, кај, коа, ко, збори, сватив, тија, све... Сакав да кажам дека не мора да значи дека луѓето кои ги користат овие зборови на форумот се неписмени, можеби се само опуштени. Дрим вели дека сака литературно малце да пишуваме, епа нека пише "зборува" а не "збори"
[СДК] Сакам да кажам... И јас пишувам сВатив, наместо сФатив. И што? Неписмена сум? Знам дека се пишува со Ф, ама јас упорно си го пишувам со В. Не знам зошто. И ,неписменоста не се познава преку еден збор, туку преку повеќе работи. Тоа сВатив и не нешто голема работа. Поголем срам се зборовите: у, шо, никад,свашта...
[СДК] Сакам да кажам... Dream-Girl не кажувај за другите бидејки и ти истото го правиш.Зарем сега за еден збор што си напишала у,наместо во треба да те смета некој за неписмена?
[СДК] Сакам да кажам... Ме изнервиравте. ПРЕСТАНЕТЕ сите три. На сите три сега можам да ви најдам правописни грешки. Ако гледаме така никој ама баш никој на форумов не се води по правопис. Професорката по Македонски јазик што ја имав во средно велеше дека никој не може да се изразува целосно литературно и да пишува целосно по пропис, затоа што нашиот јазик не е Латински, не е мртов, туку е жив јазик и може секој да прави грешка. Не ми ја знаете професорката, ама штом она која зборува чисто литературно и неможеш грешка да и' најдеш го вели ова па што останува за другите. И сте се фатиле за "сватив, шо, у, коа, итн." Тоа е најмал проблем. За мене поголем проблем се интерпукциските знаци. Затоа што ако некој напише "у" наместо "во" не е толку страшно, ќе можеме сите да прочитаме и сфатиме што сакал авторот да каже ама ај оди прочитај текст бе точка, запирка итн. Мислам дека тоа треба повеќе да не' загрижува. Имајте пријатен ден.
[СДК] Сакам да кажам... Многу добро ако ми најдеш правописна грешка за да се поправам.Не ми беше целта да се карам,навредувам туку да укажам на грешката и тоа да се поправи.Ама и кога добро се прави пак е лошо.
[СДК] Сакам да кажам... Јас пак мислам дека постои разлика помеѓу зборови како „сфатив“/„сватив“ и зборчиња како „шо“/„као“/„у“/„све“ и тн. што гледам дека сте ги ставиле во ист кош. Првово не мислам дека е одлика на дијалект (можеби сум и грешка). Додека пак вторава група на зборчиња, особено последниве три се под влијание на српскиот јазик и во некои дијалекти се користат. Знаеме дека има некои дијалекти кај кои се чувствува влијание од српскиот, како што има и дијалекти кај кои повеќе се чувствува влијанието од бугарскиот јазик и во истите „као“/„у“/„све“ и сл. се карактеристични зборови. А тоа што некој зборува на дијалект, особено кога тоа го прави во неформален контекст, забавни дискусии на форум и сл, не треба никому да му биде проблем или да се срами од тоа. Треба да се гордееме со дијалектите, затоа што не се многу помало богатство од самиот јазик во стандардна верзија. Ако сакам, можам да пишувам нешто помалку од 100% литературно, но не се преоптеретувам со такви работи во неформален контекст. А од „неписмен“, до „не сакам да се заморувам“ има разлика. Форумов е за забава и нема потреба од јазична полиција. А какво сведочење имаме за нашиот јазик воопшто? Блаже Конески и неговата граматика? Не е доволно драги мои, јазикот треба постојано да се истражува и обновува. Затоа многу од нас сме во недоумици од аспект на што треба/не треба во еден јазик. Треба да се појават научници кои допрва ќе го обновуваат јазикот за да може да опстојува во еден здрав циклус. И најважно, првите кон кои треба да ја насочиме критиката за било што во животот, сме самите ние. Само тогаш ќе можеме да судиме за другите без притоа да бидеме предмет за потсмев како на пример затоа што самите сме ја направиле грешката за која ги судиме другите.
[СДК] Сакам да кажам... Знаев дека нема да престанете и дека сигурно некој ќе ме цитира. Убаво е тоа да посочиш на грешка ама целта на мојот пост беше дека нема потреба да се карате, незнам ни кој почна, незнам ни кој заврши, ни кој кого навреди и дали воопшто навреди. Никој не е безгрешен кога се однесува за оваа тема. И немора одма да се фаќате за едно зборче па мајко му стара. Некој пишал "оф", а требало "уф" и ајде сега сите нападнете. За другото моето мислење го кажав погоре.
напишам/пишувам не можат се пишува одделно Запирките ти се друго прашање. Инаку во право си дека 90% се полуписмени и дека Македонија нема квалитетно знаење. Правопис и правоговор, едно е на социјална мрежа да се подзаборавиш и да пишуваш на дијалект, а друго е да пишуваш греФ или сваќа.