Убаво е кога ќе прочиташ дека некој пишува литературно браво за сите јас се обидувам колку можам да сум литературна ама моето досегашно образование толку ми дозволува
Образованието не е изговор. Барем не формалното. А денешниве ученици имаат милион привилегии и начини да се стекнат со знаења и вон училишните клупи. Во споредба со можностите на учениците во основно пред 10-15 години и тие сега, вие имате многу работи на располагање. Ај да не звучам не-литературно и да не речам - на тацна. Сепак, кога ќе размислам подобро, се сеќавам дека на твои години, сепак, негацијата и глаголот ги одделував.
Има уште многу фурни леб да изедете и уште многу да научите освен тоа СФАТИВ за да бидете писмени. Идете читајте книги, барем лектирите што ви ги даваат во средно/основно, а не тука како баби да се карате која е пописмена а која не е писмена. Шо, у, никад, секад и така натака е чист скопски дијалект. Можеби вас тоа ви е чудно ама поголема неписменост покажувате со тоа што не знаете дека се дијалекти и секаде во светот луѓето до различни подрачја во својот неформален говор употребуваат дијалекти. И не само тој, туку секој од многуте македонски дијалекти кои се зборуваат кај нас. Нема тука ништо неписмено.
Баш добро што има ваква тема, и мене многу ми пречи кога ќе видам некои тешки правописни грешки. Посебно ми остави впечаток - усфари, прво и усфари е со ,,т'', а второ правописно е: всушност. Сепак мислам дека иако некои зборови во нашиов јазик не се правописни, секој ги користи па дури и јас и зашто да не биде така, точак на пример.
Називите на училишните предмети, деновите и месеците се пишуваат со мала буква.Честопати на форумов, а и на други места го гледам спротивното.Можеби кај некого се работи само за навика, но треба да знаеме дека нашиот јазик има правила кои треба да ги почитуваме.
македонски се пишува со мала буква латински исто така она не е, туку е таа две запирки ти фалат Ете, сите правиме грешки, не се карајте меѓу себе, туку поправајте се
Добро ми најде правописни грешки и сега што? Дали ми го прочита ти пред се мојот пост. Не напишав дека вие сите правите катастрофални грешки, а дека јас сум совршена, туку сите дека правиме грешки и дека е тоа нормално. И да, јас не се карав со никој. Барем кога цитирате некого прочитај прво убаво да видиш која му била целта на тој што го напишал мислењето. Да не се сфатиме погрешно, прифаќам мислење спротивно од моето, прифаќам дека сум ги направила тие грешки во постот ама нема потреба од ваков ироничен коментар.
Морав да те поправам Дејдрим. BlackMarket не беше иронична,напротив, таа сакаше да демонстрира како треба да правиме а не да се критикуваме затоа која како направила,туку да се поправаме. Барем јас така ја сватив
^^Ариела сакала да го пишува свати, иако знаела дека правилно било сфати. Тоа само затоа што така сакала Јас не можам да ве сфатам девојки. Точно е што кажа некој погоре, јазикот е жива материја, постојано се менува, ама факт е дека младинава ни е прилично неписмена. Секоја чест на исклучоците. Јас се нервирам кога ќе налетам на мислења со многу правописни грешки и без интерпункциски знаци. Разбирам дека е ова форум и дека не е задолжително користењето на литературен јазик, ги почитувам дијалектите. Ама не можам да ги читам оние мислења кои се, наводно, литературно пишувани, а ни п немаат од правопис и правоговор.
Затоа и В во зборчето ми е болдирано. Инаку да, сакам да пишувам така затоа што пишувам како што зборувам. А тоа зборче не го кажувам со ф така да... (со исклучок на некои зборови нели..) И не, мене не ми сметаат правописните грешки. И го прифаќам сечие мислење вклучувајќи го и она спротивно од моето како на пример на Annath мислењето. Но не сакам такви кои напаѓаат или навредуваат затоа што мислат дека треба овде да биде што е можно повеќе правописно.
Следствено на ова, ЛЕБ ќе го напишеш како ЛЕП и ОВЦИ како ОФЦИ, така? Вака ли на Филолошки, вака ли? Се превртува Блаже.
Читам јас, читам уште од деведесеттите. Ама по логика на нештата, не ми се сона што ти се тебе исклучоци. Крај краева, не ми е ни гајле што ти е тебе исклучок. Глупаво е да имаш исклучок на правило кое воопшто не постои.
Секој со својот став нели. Ама нема проблем, секој втор овде осудува и критикува затоа што пишувам "сватив" а незнам ни јас што ја продолжувам играта објаснувајќи се зошто. Не ми е тешко да пишам ф наместо в штом така сакате да читате (не велам за тебе Хипица,туку општо за сите други членови). Не сакам да оставам мислења за да се објаснувам заради некое зборче,така да, ќе го пишувам како што треба и нека ви биде по ќеиф (ако така се пишува ). Спојлер Инаку Хипица, да,тоа е правило кое не постои. Јас се имам изјаснето дека тој збор така сакав да го пишувам (можеби поради тоа што така сметам дека треба да биде правилно). :geek:
Ама ти сметала - не сметала, некој друг веќе убаво објаснил, па дури составил и една книшка за правописот, како треба да биде правилно напишано. Ти можеш да отстапуваш од правилното, но да создаваш твои теории со „што би било кога би било“ - њет, тоа веќе некој одамна го дообјаснил и нема потреба од упорно мавање во ѕид од инает. Пишувај како што сакаш, побогу, ама оставаш лош впечаток со тоа упорното „ама јас можеби така сакам, јас можеби сметам дека така треба“...
Ај да ве прашам женски,се мислев како е,да не направам грешка,а важно е,како е неколкунеделно или неколку неделно ? (се работи за искуство) Гледам различно го пишуваат па си реков да прашам (а јас како првото мислам дека е бидејќи иначе ќе е како неколку во една недела)
И јас мислам дека е поврзано, т.е. неколкунеделно. Кога е одделно напишано сум го сретнала во малку поинаков контекст - неколку пати неделно, на пример. Но, во иста дилема сум и јас, па ако некоја навистина знае како е, нека каже да не нагаѓаме. Јас си го пишувам споено, така го имам среќавано низ текстови, а и некако повеќе ми има логика така, се надевам не грешам.