Латиницата не уништува полека полека. Ги мрзи ли луѓево да менуваат од англиска поддршка во македонска? Мене лично компјутерот душата ми ја вади. Строго одам против латиница, односно ме вади од такт пишување на неа кога си имаме прекрасно кирилично писмо. Јас сум принудена да пишувам латинично, бидејќи нешто се случи со мојот компјутер и не ми ја прифаќа кирилицата. Сега најдов лек, само на messenger можам да користам кирилично писмо и правам copy paste постојано. Се нервирам кога ќе си го видам името и коментар напишан на латиница. Не зборувам литературно, се обидувам, но не е тоа тоа. Читањето книги ми го збогатува речникот што ме радува. Во последно време почнав да кажувам и јас работи кои не се типични за мене, дури и професорката по македонски ме опомена, а тоа е жена на која апсолутно и се восхитувам и ми падна многу тешко Ова ми е особено важно бидејќи сметам сега се оформувам како карактер, не знам од каде го ископав ова, ама навистина така мислам и секогаш кога ќе приметам грешка кај некој другар/другарка веднаш го поправам. Не знам дали некој погоре споменал, но сте ги приметиле ли тие замени на в со ф? Сакаф, прафопис и така натаму. Да не преоптеретувам, браво за темава
Патем, се вели чувства или чуства? Јас го знам како чувства, но добив коментари од типот: каде ли го виде тоа? И се кажува Корчагинци или Корчагиновци?
ЧуВства и чуВствува е правилно. Добро си научила. А тие што прокоментирале да им кажеш да отворат правопис И Корчагинци е правилно, а не Корчагиновци, доаѓа од Корчагин, а не Корчагинов.
Само што се сетив. Најголема дилема ми е кога да употребам зошто, а кога зашто. Претпоставувам со ова изгледам премногу неписмена, ама никогаш никој не ми објасни. Многу се нервирам кога треба да употребам зашто/зошто и не знам кој збор оди!
Правилно е -Зошто? Зашто е српски збор ( се употребува во Скопје ,Кичево и нз кои други градови) Како и Шо праиш(што правиш), сеа(сега), у град (во град) и не ми текнуваат сега други изрази ама многу се... Некој од страна да дојде во Скопје (пример некој на кој во матичната земја мајчин јазик му е англиски да знае македонски нема да ги разбере,бидејќи не зборуваат македонски литературно. А и во Транслатор да преведува нема да му успее, поради неправилно напишаните зборови Пример да му каже некој Шо праиш сеа у град тој во Транслатор да преведува ќе му испадне истото Затоа треба да бидеме внимателни кога имаме гости од странство . Зборувајте македонски литературно за да ве разберат сите
Зошто употреби го кога прашуваш нешто пр. Зошто си тука? а Зашто замениго со Бидејќи Пеперутките летаат зашто имаат крилја Пеперутките летаат бидејќи имаат крилја
Како што реков, пробувам да зборувам. Изгледа смешно, 16 години, се уште сме средно, сите зборуваат со пеер, пеерче, шо има ново итн, јас се подавам од страна со акцент, литературно изразување. Срам ми паѓа понекогаш, бидејќи не сме навикнати на таков начин на зборување. Ама добро, не зборувам секогаш литературно а многу сакам, бидејќи сум строго против србизми, бугаризми итн (нажалост и јас ги користам несвесно). Како и да е, благодарам многу
Јас мислам дека зошто се употребува прашално, а зашто за одговор. Зошто отиде таму? Зашто така сакав, а не зошто така сакав.
До неодамна мислев дека се вика таман и бааги, а во една книга прочитав тамам и баеги. Не знам ни дали изразиве се литературни, но како е правилно?
Значи, пред запирка не се остава место, се остава после запирка или друг интерпункциски знак. После интепункциски знак иде место и голема буква, ако се почнува нова реченица. Не е највеќе, туку најмногу. Значи многу, повеќе, најмногу.
Знам дека на турски е правилно тамам па така да би требало да е тамам, тоа и не е наш збор. А ова е БРАТУЧЕТКА Сеси
Трендафилке ми стави лајк за точен одговор? И по стотти пат, одвоено се пишува не сакам, не можам, не знам... Не знам како на некој му иде да ги пишува споено? Мене тоа никако не ми е јасно...