1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Ариела09 лицемерка си првокласна што за другите зборуваш како се неписмени и не почитуваат правопис, или не го знаат, а ти си таа што си решила да постапуваш игнорантски кон правилното пишување на зборот сфаќа.
    Седи си мадро,да не бидеш модро, така беше нешто.

    Јас не се дрзнувам да пишувам за правопис и за литературно говорење, зашто не го правам тоа.
    Си имам најдено милион грешки и се нервирам понекогаш зашто излегува дека не ги знам некои работи, но добро не ни внимавам кога стискам сенд, никогаш не проверувам, што не ми е оправдување, во никој случај.
    За дијалектите не сте во право и не ми смета затоа што и јас најчесто на мојот дијалект си пишувам зашто така ми е полесно и поубаво за да се искажам што ми лежи на душа.

    Точки што за некого се поим тоа веќе смета во нормална комуникација, зашто ни знам каде започнува реченица ни каде завршува и рипам такви постови. Мене на латиница ми е веќе мака да читам и тоа благодарејќи на форумов, а навистина е голем плус зашто кирилицата си ја затуцуваме самите.
    И на фејсбук почнав на кирилица да пишувам, поубаво ми е :)


    П.С кога веќе сакаш да идеме по правопис негација се пишува одвоено, не е незнам, туку не знам!
    just sayin...
     
    На tessie, Dream-Girl, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Аууу знаела ќеф да напиши,а не ќев :D Патем,ќеф е правилно,ама ај,по дијалект и ќеиф го пишуваат.

    А за глаголот сфаќа нема што да се измислува тука,тоа е правилното. Иначе сваќа не верувам уште да имаш,ама не знам како ќе се сфаќате :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Никогаш не сум кажала дека тука треба да се пишува правописно,ниту пак сум рекла дека некој е неписмен. Напротив, јас бев против тоа. Дрим грл еднаш напиша дека тие што пишуваат неправилно се неписмени или нешто слично и јас тогаш почнав да и се спротиставувам затоа што јас не сметам така. Сметам дека сите треба да си пишуваме како што сакаме,без никој да не осудува. Не велам за моето зборче "сфаќам" туку општо за се. И никој никого не смее да осудува а ниту пак да помисли да нарече некого неписмен. Само тоа сакав да кажам,дека не сум лицемерна. Може си ме помешала со некоја друга членка што се изјаснила дека сака правопис и дека тие што не пишуваат правописно се неписмени. Јас имам обратно мислење.

    За зборчето мое специфично убаво се изјаснив дека веќе нема да го пишувам така затоа што заради едно мое смрдено В јас се објаснував со 140 мислења. Нема проблем ќе пишувам со ф. Точно е тоа дека правилото е така и нема јас што да го менувам,тоа е така кажано и пишано и заковано :D Не сум инат воопшто и не го правев тоа од инат. Но секогаш правам така како што јас сакам а не така како што ми е кажано,можеби не сум во право за зборчето но немој да ме нарекуваш лицемерна,зашто не сум.

    За тоа "не знам" така сите кај нас пишуваат и така сум навикната а и така секогаш сум пишувала и на теми по Македонски и на се,професорката секогаш ме опоменувала но тоа е,неможам едноставно. :D Ценам поправање на грешки во пишувањето но не во смисла "проста си,неписмена и иронично изразување" (не дека ти така направи но...just sayin :D)

    :*
     
  4. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.048
    Допаѓања:
    257.755
    Пол:
    Женски
    Ариелке не разбирам зошто пишуваш во темата правопис ако си решила да го игнорираш и да создаваш свој.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Ариела09 ако е навистина така како што збориш тогаш имам образ доволно за да ти се извинам.
    Имаше некој претходно што тврдеше дека сме неписмени, а она била писмена и иронијата да биде поголема имаше правописни грешки во текстот.

    Е сега тоа што не си мала не си, убаво е да почитуваш некои правописни правила кои и самата викаш дека знаеш како се пишуваат ама од чиста мира си пишуваш како сакаш.
    Најдобронамерно ти кажувам, без иронија, сарказам и не знам што.
     
  6. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Нема проблем, разбирам.Има збунување околу кој што рекол. :D

    Инаку да, знам дека правам правописни грешки,сите правиме. Јас еве незнам зошто така сум навикната да пишувам некои зборчиња неправилно,еве сега не го одвоив тоа моето "не знам". Така сум навикната едноставно.
    Искрено да ти кажам,баш и не внимавам до толку дали пишувам правописно или не. Се обидувам што повеќе но најбитно е да се разбереме. Разбираш... :D

    :*

    Aхх,не сакам више да објаснувам. :doh:
    Толку ли е тешко да ми го прочитате целото мислење и да сфатите веќе еднаш. ;( Kако и за зборчето "не знам" така и за зборчето "сфатив"-така сум навикната и сакав така да си продолжам ама многу се пребирливи на форумов а јас не сум тука за да објаснувам за секое зборче зошто така го пишувам,така да,ќе внимавам повеќе ај.Можете сите мирни да спиете,ариела ќе пишува "сфати" значи писмена е. Може ли сега више да не оставам мислење за ова на темава, ај плиз, Тенк ју вери мач. :angel:
     
  7. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Мене ме мрзи да внимавам едноставно.. Во средното скоро и да немав македоснки, така да реално за да пишувам правилно ми треба многу концентрација... Јас сум мегу неписмените, срека си одам од тука скоро :lol: Ако има некои грешки што навистина сметаат пишете ми, реално и не знам кога грешам кога не :(

    А за некои (или некој.. хах) зборови кои (или кој :?: ) се дијалекти, едноставно ми звучат подобро, кога се читам и да се слушнам така како што би звучела а не вештачки..
     
  8. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Некој - еднина / Некои - множина.

    Истото и за кој/кои.

    Кој - еднина / Кои - множина.

    :D :*
     
    На Aniston му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Во денешно време најмал проблем е правописот. Многу високо образовани луѓе пишуваат the наместо да. :x Секаде веќе се употребува фразата телефон на тач, наместо телефон на допир. Па гледам и по вестите почнаа вака да пишуваат, наместо настан пишуваат хепенинг, веќе дури не ни разбирам што точно сакаат да кажат. Луѓе ние живееме во Македонија, нашиот јазик е македонски, а не англиски. Треба да го зачуваме јазикот. Преку начинот на кој зборувате ја докажувате вашата култура и образованост. И после сите зборуваат дека многу си ја сакале земјата и биле патриоти. Епа, луѓе за да сте патриоти треба својот јазик да го користите. :wink:
     
    На Taccka, Agrona, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.984
    Допаѓања:
    35.914
    Пол:
    Женски
    Се обидувам да пишувам правописно. Се случува понекогаш и да згрешам.

    Се нервирам кога наместо гинеколог, ќе прочитам гиниколог.

    Или наместо фризер, ќе прочитам флизер.

    Ме нервираат луѓе кои што не знаат каде се става точка и запирка.
     
  11. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Имаше некој спомнато тренирка (тренерка) некои пак викаат трењерка. |(
    А многу ме нервира кога некој ќе ми рече „сВаќам“. Дотолку ли се неписмени, што не можат да разберат дека тоа нивно СВАЌА се пишува со една глупа буква која се вика Ф! -.- И овај маседониан инглиш :rofl: Ќе одам во скул, па ко ќе се бекнам хоум ќе излеземе на стритот. |( :D Па уште 500 глупости во весниците што ги читам секојдневно. ]:)
    Иначе ви текнува на Надидан/Шахнур? - Каде е мојот ФНУК?????? :devil:
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.803
    Допаѓања:
    131.421
    Темава мора да е ставена во ВАЖНИ.
    Посебно да се истакне каде се пишува точка. Луѓево не знаат точка да стават, и тешко ми е да ги читам.
     
    На Lemonade, Agrona, Espadrila и 2 други им се допаѓа ова.
  13. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Не е соодветна темава, ама некако најблиска ми е до тоа што сакам да го прашам. Што значи терминот реперкусија дали знае некој да ми објасни.
     
  14. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Последица.


    Ова го гледав мноооооогу често на фејсбук и се заинтересирав, открив дека всушност правописот на фејсбук автоматски го претвора da во the, а не тие самите.
    Тоа се случува ако пишуваат на латиница и веднаш da се претвора во the, ама само на коментари кои се ставени на трети страници, како на пример на вести или други портали. Значи не пишувајте на латиница и нема да има проблем.
     
    На sweet-star и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  15. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.345
    Има 3 значења:

    1. противдејство, противудар
    Пр. Какви реперкусии се очекуваат?

    2. одглас, одраз
    Пр. Реперкусиите на новата економска политика.

    3. Повторување на иста тема во варијанти
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Мене ме нервира она “пошто“!
    Па немаме ние таков збор во македонскиот јазик.... имаме “бидејќи“, имаме “затоа што“, “поради тоа што“... Случајно го забележав сега во еден пост, не сакам да именувам само да укажам.

    Можеби и јас правам некои грешки (правописни, литературни, граматички сеедно), но сепак се трудам колку што знам и умеам да пишувам литературно и граматички точно.
    Убав ни е македонскиот јазик, треба да го почитуваме и негуваме!
     
    На Taccka, Annath и Agrona им се допаѓа ова.
  17. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Се трудам и јас да пишувам правилно колку што можам и умеам. Слушам на Антенна 5 те едно исто фан пејџот !!! Зошто фан пејџот? Ние си имаме соодветен збор за тоа СТРАНА. Значи фан страницата. Имам и некои други забелешки, но ајде да не одолговлекувам толку многу и некако не ми текнува во овој момент ми се блокира нешто мозокот. :lol: :$
     
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.240
    Допаѓања:
    163.047
    Пол:
    Женски
    Јас се обидувам да пишувам правописно само кога пишувам некој текст за по македонски или за блогот мој. Обично зборувам на дијалект или по битолски пола од зборовите ги кратам. Највеќе внимавам дека за женско се вика ѝ, а за машко му, зошто тука во Битолава ние и за машко и за женско и за куче, викаме му. Тоа јади од мене, не знам зошто ... о.О Исто и како што е спомнато страна претходно мислам, некој/некои, кој/кои, т.е. множина и еднина, и на тоа внимавам и се обидувам со запирките ама професоица секогаш ми наоѓа грешки xD
    BTW, само за да бидам сигурна сакам да прашам нешто ... :$ Како е правилно БУФ или БУВ? :tmi:
     
  19. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    ^
    Јас мислам дека правилно е БУВ, а се слуша како Ф тоа В, бидејќи има едначење по звучност.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Правилно е БУВ, така се пишува, а при изговорот се слуша БУФ.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.