1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Мене ме нервираат учебниците. Баш прееска, фатив кампањски да научам 2 теми, историја.
    Го испошкртав цел. Грешки... колку ти душа сака. Па срамота е.
    Сеуште, превземале, превземаат, завзема, сватиле, прв пат... и уште еден куп.
    Не требало да се шкртаат, е па ќе ги шкртам бе!
     
    На Taccka и Hipster им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.240
    Допаѓања:
    163.047
    Пол:
    Женски
    Истото го прам, лолз, и на тест на професорите им поправам ... xD :D
     
  3. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    МАЊАЦИ??? Молам? :o
    Немаме ние ваков збор во македонскиот јазик.
    Имаме МАНИЈАЦИ (Манијак - мн. Манијаци), иако не сум сигурна дека ова е баш најточната дефиниција за тие луѓе.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.924
    Допаѓања:
    12.011
    Пол:
    Женски
    брза препорака ако може :) ми треба за утре македонски
    Знам дека прашањето не ми е баш соодветно за темата но да прашам :$
    Дали некој знае да ми предложи страна на интернет каде можам да преведам некои зборови ?
    инкогнито, хипокрит, реноме, симултано, фундамент еве овие
     
  5. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Пробај тука
    http://www.makedonski.info/show/%D0%BB% ... %BD/%D0%BC
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Со надеж дека некоја што ги прави овие грешки ќе прочита:

    Возраст, а не воздраст;
    Очекувања, а не отчекувања;
    Оценки, а не отценки;
    Ги, а не ѓи (кога и или е следува после г, се слуша ѓ, ама се пишува г)

    Исто така кога не стои пред глаголи се пишува одделно (пример: не сакам, не знам, не можам), додека пак, кога стои пред именки или придавки се пишува слеано. Пример: нељубезен, нетрпелив и сл.
     
    На Mishela, redhat и Annath им се допаѓа ова.
  7. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    Првин сама ке си се искритикувам мразам што понекогаш употребувам србизми несвесно.Многу ме нервира кога ке слушнам некој да ги употребува. Затоа се трудам упорно да ги искоренам.
    Друга забелешка околу правописот која многуууу луѓе ја прават е зборот сВаќа наместо сФаќа !
     
  8. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    А сериозно со ова суЌна (ај што не е македонски збор, ама вие не знаете ни да го напишете како што треба) насекаде што го среќавам? :D
     
  9. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    Не спаѓа во правопис туку во правоговор, ама ќе пишам од причина што сметам дека оваа е најсоодветна тема во моментов. Антена 5 е страшна работа. Користат англицизми на големо, но последното нешто што го слушнав беше врвот. Од кога ние годините ги читаме „дваесет тринаесет“ ?! :^)
     
  10. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Мене ме нервира кога ќе видам сваќа наместо сфаќа! А и често среќавам незнам наместо не знам (и јас го грешам ова, дека тама сум навикната :D )
     
  11. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    надешта наместо надежта -.- ужас!
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Многу често го среќавам ЗИМА/ЗИМАМ/ЗИМАШ... наместо ЗЕМА/ЗЕМАМ/ЗЕМАШ
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    :o
    секоја чест за херојскиот подвиг, но правописот, за жал, не ти е силна страна
    :!: Се пишува ДЕТСКИ!
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.240
    Допаѓања:
    163.047
    Пол:
    Женски
    Не сакам или Несакам?
     
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Не сакам. Негација и глагол, никако заедно. :)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  16. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Ептен се нервирам коа ќе видам свати место сфати или пак зид место ѕид... :envy: Луѓево забораваат на одредени букви во азбуката како: љ,ѕ,њ..
     
  17. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.345
    Знам дека правилно е не се грижи, но често го употребуваме не се секирај... Е сега овде на форумов наидов на многу мислења кои пишуваат не се сеќирај, или пак наместо
    сукња-суќна. Ќе знае некој/а да ми даде објаснение кој дијалект е тоа не се сеќирај или пак правилно е така (иако се сомневам) ? :?:
     
  18. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    ^
    Не е правилно не се сеќирај ниту суќна. :x НИКАКО со Ќ !!!
    Истиот случај некогаш го забележувам и кај СФАЌА а го пишуваат некои СВАЌА. СФАТИ глаголот што значи разбира, се пишува со Ф. Со В се пишуваат именките СВАЌА, СВАТ, СВАТОВИ.... Ај да не должам многу. ;) Ми бодна окце ова со Ќ. :^)
     
    На Feodora му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Нешто што најмногу ме иритира е извитоперени зборови нит македонски нит англиски-како што имаше агрона мислам потенцирано-пејџот.
    Друго,кога ќе слушнам во некоја наша песничка,некој дијалектизам(најчесто скопски збор),на ТВ особено на вести,или пак на турскине што почнаа да ги синхронизираат (така пусти ги докрајчија) или пак во книги и учебници.
    Најсериозно,мислам дека треба да почнат да делат казни за непочитување на правописот барем во книги или учебници и на ТВ. :x
     
    На Agrona и Chimera им се допаѓа ова.
  20. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    1.889
    Се согласувам kikkki ова веќе почна се повеќе да се злоупотребува, јас да сум и ќе нема синхронизација на турските филмови, ќе има превод. Преводот мислам дека барем се лекторира. А ова на ништо не личи, србизми, турцизми, англиско-македонски.. !!
     
    На kikkki и Agrona им се допаѓа ова.