Поборник сум за почитување и применување на македонскиот стандарден литературен јазик.Тоа е нашиот мајчин јазик како нација,а и службен јазик во државата.Ако ние како негови корисници не ги применуваме јазичните правила и норми, би се изгубиле неговото значење и вредност.Внимавам на изразувањето,усна и писмена комуникација,дотолку што отсуството на правописни знаци во една смс порака ме "боцка во очи'.И секогаш му укажувам на испраќачот.Млдата популација треба да покаже поголем интерес кон негувањето и употребата на мајчиниот јазик( пр.екстерно-надворешно, едукација-обрзование,мулти-повеќе) во сите сфери на комуникација,особено во разговорниот сегмент.Го сакам македонскиот јазик и толку многу се залагам, не само поради мојата професионална ориентација
Запирка ( , ) е интерпункциски знак. Има форма на апостроф или долна полунаводница во многу печатарски слогови, но се разликува од нив со тоа што е поставена на основната линија на текстот. Некои печатарски слогови ја прават да изгледа како мала линија, малку искривена или целосно права или пак како мал исполнет број девет. Во македонскиот јазик, а и речиси во сите останати јазици нејзината главна употреба е во одделување на еднаквите делови во реченицата. Точка се пишува на крајот од расказните реченици и на крајот од речениците со кои се искажува блага заповед; Правописно, точка се пишува кај скратениците; Кога набројуваме, зад редните броеви (ако се напишани со арапски цифри); Со голема буква се пишуваат: Почетниот збор на реченицата. Имињата, презимињата и прекарите, имињата на животните и фамилиите. Посвојните придавки изведени од лични имиња со наставките -ов, -ев и -ин. Географските и топографските имиња. Ако се составени од повеќе зборови, сите се пишуваат со голема буква. Имињата на жители на континенти, држави, области, национална припадност, припадници на племиња. Имиња на институции, улици, кејови, плоштади, објекти, организации, фестивали, имиња на книги, уметнички творби, весници, списанија, написи, закони, прописи, документи, како и називите на востанијата, војните, битките и мировите. Голема е буквата само на првиот збор, освен ако не е лично име. Имиња на небесни тела. Кога по две точки ) следува директен говор. Имиња на празници. Од почит, заменките „вие“ и „ваш“, како и други зборови. Мојата новогодишна желба ќе биде - сите сексуално активни, да ги научат горенаведените правила. Благодарам за вниманието
Ако не се лажам и ме држи добро меморија се квалитативни придавки. По дефиниција тие беа оне придавки кои се однесуваат на својството на предметот, без приврзување кон некоја именка. Заменски не се, бројни не се, не се односни. Ако сум заборавила некој друг вид,прости, ама мене на тие 4тири вида ми текнува.
Па ти пишувај си никој не ти брани, ама во очите на другите изгледаш како неписмена. Никој не знае како ти си сакала да пишуваш. Со тоа што ти и другите свативци го правите го уништувате јазикот. Ти повторни знај си дека е сфатив, ама некој друг ќе го види твојот пост ќе рече, еј, сигурно е сватив, па 18-годишна девојка така напишала. Не е во ред.
Ај да појаснам. Значи сфати се пишува со ф а не в. Доаѓа од збор фаќа,или го фаќа со умот нешто,т.е.го разбира. Мене ми е многу полесно да изговорам со ф,а не со в. Сваќа,ме потсеќа на ваќа(посељачко нешто нема),или вати,вати го... Значи,во основно побогу се учи дека во писма,или некои институции(училишта,фирми,банки),при деловен разговор се употребува МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН(СТАНДАРДЕН)ЈАЗИК. Ова ти доаѓа исто ко,идеш на испит и не решаваш ништо,не оти незнаеш,туку оти неќеш професорот да види дека знаеш. Дај луѓе,не се правете мутави,кажи незнам дека е така и крај,ќе се потрудам да го искоренам.Крај.
Кики мила,ќе те молам да не се правиш паметна. Знам дека е сфатив, и ако добро си ми ги следела мислењата (што не си ми ги следела) ќе забележеше дека и после ова мислење што го оставив имав пишувано "сватив". Сега пишувам "сфатив" затоа што самата си се натерав да пишувам така. Еден голем аплауз за тебе за тоа што зборчето "сфатив" го изговараш како што се пишува. Многу би сакала да те слушнам како го изговараш тоа и да ти се прснам од смеење,во фаца. Не сум мутава,не сум неписмена и ќе ве молам да не ме правите таква. И бај д веј "незнам" се пишува "не знам" Инаку Лелла. Оној кој што е паметен кога ќе види збор кој не мислел дека така се пишува а некој така го пишал а 48 години има,ќе го провери на интернет ако сака да се увери дали навистина така се пишува. Никој не е толку глуп да види овде како некој пишал,па ајде и тој така ќе пишува,нема врска дали е правилно или не.
Не е до образованието, туку до вољата! Ако сакаш да знаеш литературно македонски, за тоа се книгите тука. Не за џабе рекол некој дека книгите се богатство! Само читање помага, ч-и-т-а-њ-е!! Инаку фино имаше на ФБ еден статус: Кога луѓето ќе сфатат дека сфаќам се пишува со ф?
Ariela јас те цитирав,не зошто си направила грешка,и јас правам и сите правиме,како секој нормален човек побогу. Она што ме натера да ти реплицирам,беше тоа што ти уппорно тврдиш дека така сакаш да го пишуваш,т.е. сватив а не сфатив. Едно е ете да незнаеш како правилно се пишува,а друго е да знаеш и пак за инет да го пишуваш погрешно.
Зборував за тие кои многу често прават грешки што дури и најосновни зборови ги пишуваат со ф. Паметниот нема да проверува по речници - туку ќе знае со сигурност дека другиот греши. Само што тие таквите што ти ги спомнав погоре (не сакам имиња да наведувам, сигурна сум дека и ти знаеш за кого зборувам) ќе почнат да пишуваат така како тебе, и ќе ме извините ама има такви кои гледаат од другите и веднаш пишуваат како нив. Добро е што се разви дискусијата, барем реши да пишуваш сфатив наместо сватив. Немој да мислиш дека сите ти се закачивме тебе само за да си го поправиш пишувањето, ама тоа што ти си го правела порано не е никаков дијалект ниту опуштено зборување. Тоа е грешка во правописот. Тоа е погрешно, сосема погрешно. Навистина те молам немој да бараш влакно во јајце посочувајќи некои правописни грешки. Ако е така, еве и јас ќе ти речам после запирки се става празно место, Инаку Лелла. не може да стои како посебна реченица зошто нема глагол итн. Глупости.
Eпа девојко упорно ме правиш неписмена. Јас знаев дека правам грешка но намерно ја правев и од инат ја пишував. Јас ти го кажувам ова а ти упорно ми викаш дека не сум знаела како се пишува. Искрено да ти кажам, не знам за што зборуваш. Ниту пак за кого. Затоа морам да зборувам за она што знам... ...ама тоа што ти си го правела порано не е никаков дијалект ниту опуштено зборување. Тоа е грешка во правописот. Тоа е погрешно, сосема погрешно. Епа баш е опуштено пишување затоа што јас така сакав да го пишувам зборот. Како што сите знаеме дека се пишува "што" "како"...наместо "шо""ко" сфаќаш? И тоа оставањето на место е многу различно од пишување на зборови. Не знам, се пишува така како што сега го напишав. Вие го пишувате споено од навика а знаете дека не е така (или не знаевте,небитно). Тоа е исто така опуштено пишување,како што и јас знаев дека "сфаќам" се пишува така но намерно го пишував неправилно затоа што така сакав, но и повеќе од инат. Опуштено пишување.
Јас пред се сакам да им се заблагодарам на сите оние повозрасни челенки, кои сакаат да ни укажат на нашите грешки, за да во иднина не ги пофторуваме. Гледам дека има многу отпор од помладиве и го сметаат за навреда ако некој се обиде да ги поправи, наместо да им бидеме благодарни што се тука за да ни помогнат во полесно осознавање на една многу битна материја која ќе ни треба во животот. Право говорот и правописот се основна алатка за да човек може да го искаже својот став со крената глава, а не да се срами затоа што незнае правилно да се изрази. Недозволиво е девојки на моја возраст да покажат такво не почитување кон луге кои имаат завршено високо образование и јазикот им е професија. Јас ги охрабрувам оние по возрасните и по образованите, да се трудат и понатаму на нас младите да ни укажуваат на нашите грешки и да не насочуваат кон правилното користење на јазикот. Можеби никој од нас никогаш нема 100% да ја совладаме оваа материја, но доколку барем 1% успеете да ги насочите кон правилното користење на јазикот ке биде голем успех и за вас, и за нас кои нешто ке научиме. Ве молам, не трошете си го времето во препукување со оние што несакаат да научат, својата енергија насочете ја да на пластичен начин со примери да им помогнете на оние како мене кои сакаат нешто да научат.
Спојлер Ама признај си веќе еднаш: погрешно е. Можеби ти тоа го сметаш за опуштено, но на некои и боде очи, јас тие што напишале сватив не ги читам, не ми е гајле дали знаеле дека така се пишува, ама од инает така пишувале, или пак не знаеле. Не ме обвинувај за работи кои не сум ги направила, во ниту еден мој пост не сум напишала незнам, ама во ниту еден. Не сум употребила ниту еден збор како шо , у итн. Ко сум го употребила, ама сепак е тоа литературен збор. Не можеш мене да ме обвинуваш дека тебе сум те поправала, а сама сум правела такви грешки. Јас барем така те сфатив. Прифати си ја грешката и не вади се на тоа дека и другите така правеле, па зошто не и јас?
Извини,ама ова го опотврдува во целост моето досегашно мислење и мојот став. Ко е зброче кое се употребува при компарација. Убава ко мајски цвет, шарено поле ко виножито. Не си ги среќавала ли во поезијата? Ова докажа и колку воопшто ти си начитана.
"Сватив" на ariela09 се провлекува низ темава и низ другите теми веќе мислам најмалку два месеца. Не мислите дека е ДОСТА? Аман веќе. Не ми се отвара темава. Секогаш разглабате теории за ова. Некогаш навистина сакам да научам нешто ново и да, доста правила сум научила за правописот токму од оваа тема ама веќе ова не е тоа што беше. Престанете. Ете ariela09 си кажа и тогаш и сега, веќе не знам колку пати ви повтори дека знае дека е погрешно, дури и се поправила, ете и тоа е добро. И што сакате веќе јас не знам? И мене ми бодат во очи некои правописни грешки на многу членки па не мудрувам на секое. Па побогу, луѓе сме, некогаш грешки се прават и од брзање, не само од не знаење. Ајде веќе доста, закопајте тоа ратните секири и смир. Не знам само зошто модераторите не ги избришат тие мислења од темава и така всушност се само оф топик.
Не зборував за тебе,зборував за кики. Смири се малку,не се возбудувај. Спојлер И кога кажувам нешто,давам пример за вашата грешка. Имам аргументи,а вие? Не зборував конкретно за вас дека пишувате шо или ко,туку кажував дека тоа е еден вид на опуштено пишување и дека не треба да му се замерува на оној кој вака пишува. Тоа е секојдневен говор. Јас велам "шо" наместо "што" кога изговарам но овде го пишувам литературно. И да, "ко" е литературно зборче но тоа зборче некои го користат како замена за "како". И јас сега сфатив дека вие не ми ги читате мислењата па затоа ќе повторам. ЗНАМ ДЕКА ЗБОРОТ "СФАЌАМ" СЕ ПИШУВА СО Ф. ЗНАМ ДЕКА ГО ПИШУВАВ ПОГРЕШНО, НАМЕРНО ГО ПРАВЕВ ТОА, ОД ИНАТ. КОЈ ДЕЛ ОД ОВА НЕ ВИ Е ЈАСЕН? И ДО КОГА ЌЕ МЕ НАПАЃАТЕ? Сега прочитавте?
Како се пишува Фторо, или Второ, Впрочем или Фпрочем, Станав, Седнав се пишуваат со в или ф, повторно или пофторно?