Може ли да ми се објасни, бидејќи јас не сум инатлива по карактер, каков е тој инат кон правопис? Кое е задоволството ако му се инатиш на правпписот, која е целта, кое е постигнувањето? И не ме мразете за прашањево, не сум цинична, само љубопитна.
Сите се пишуваат со в,а се изговара ф. В е звучна согласка,а ф и е безвучен парник и затоа се пишуваат со в.
Епа види... На почетокот го пишував затоа што ми беше навика да го пишувам така,си водев некои мои филозофии дека така треба да се пишува. Очигледно мојата филозофија не беше сфатена и моето специфично зборче јавуваше револт кај другите форумџики. Почнав да објаснувам дека не сум неписмена, дека знам дека го пишувам погрешно, но грешката ја правев намерно. Потоа некои форумџики ми идеа на живци поради тоа и ме фати инатот. Инаку и јас не сум воопшто инаелнива личност (ама воопшто). Еднаш во сто години се случува да ме фати инат. Но, како што гледате не е многу цврст мојот инат... За кратко време почнав да го пишувам зборчето како што треба затоа што постојано ме напаѓаа нови форумџики,зошто сум го пишувала така,како сум можела итн. Како на пример ти во случајов си нова што ми спомнува (не дека ме напаѓаш но ете запознаена си со мојот случај и веројатно не се согласуваш). Така да, зборчето го пишувам правилно и мислам дека треба да ме заборавите веќе како главна тема овде. И по можност да не ме правите неписмена.
Сакам да знаете дека со почетна голема буква се пишуваат имињата на празниците: Нова година, Божиќ, Бајрам, Први мај, Единаесетти октомври итн. Морав ова да го напишам бидејќи на сите постови гледав Нова Година и се подзамислив дали јас сум грешка ете во нешто што некогаш сум научила.
Учам правопис, но постојат многу правила при пишувањето, не само кога станува збор за обезвучување на согласките на крајот од зборот, или пак едначење по звучност, туку постојат многу правила како на пример со глајдот Ј. Најјак, најјунак... Многу грешки се прават при пишувањето на глаголите во 3л. множина (насмеаја-насмејаа).. Некои мислат дека зборот ориз се пишува со з. Тоа е исклучок и правило, односно се пишува со с на крајот на зборот, или пак Борис. Исклучок при едначењето по звучност постои во сите зборови кои ја имаат наставката -ски, -ство, -ствен (градски, раководство...) Не се пишува училишен, туку училиштен. Според новиот правопис на СМЈ, правилно е да се пишуваат броевите на следниов начин-осумстотинипедесет и три, но осумстотини и шеесет. Слеано пишување- фотоапарат, фотостудио, ексминистер, светлосино, петгодишен, петмесечен, осумнаесетмина, контраадмирал, титоввелешки, Црногорски, контраофанзива, нонстоп...
Па најјак,прво не е ни македонски литературен збор,и неможе да биде најјак. Друго,најјунак,зарем не знаеше дека именка не може да биде степенувана нити во суперлатив,како што го имаше примерот,нити пак во компаратив,воопшто именките не се степенуваат. Може да биде,убаво(позитив)-поубаво(компаратив)-најубаво(суперлатив). А неможе маса-помаса-најмаса што е еднакво на јунак-појунак-најјунак.
^ Кики мислам дека не си во право. Најјак е македонски литературен збор, доколку грешам тогаш како би било правилно? Исто и за најјунак е точно.
Прво информирај се или отвори правопис, па ќе видиш како е правилно! И неможе се пишува одделно.. И јас мислев дека е со з, но со с е..Така учевме
^ ГРЕШКА сте !!! Ориз со З е како тоа со С? Кој професор ве учел на ФЛФ дека така се пишува?! tropical душо кој професор ви кажал така? НИКАКО со С. Во овој случај среќаваме едначење по звучност. Спојлер http://lektormk.blogspot.com/2010/11/blog-post_12.html б-п г-к в-ф з-с ж-ш ѕ-ц џ-ч ѓ-ќ
^ Сепак се сомневам во ова со ОРИЗ/С некако не ми е својствено со С. Збунувачки е. Правев муабет со професионални лектори и ми рекоа дека е со З. Не знам навистина што им е на луѓево постојано да ги менуваат правилата на правописот. На кој му текна и што му текне тоа си прави. За циркус ОК тоа да така и треба, и за Борис како име се пишува и тоа со С. Но, ова ме збуни малку со оризот.
НЕМОЖЕ и НЕСАКА се единствените случаеви каде има отстапување од одделното пишување на негацијата НЕ. Се' друго се пишува одвоено.
Е да, и НЕЗНАМ. И јас ќе потенцирам за ОРИЗ. И оноа ресторанТ, базенТ не е правилно, ефтино а не евтино...
^^ Извини, ама од каде го ископа тоа дека не може, не сака, не знае.... се пишува слеано? Друго е да кажеш неможејќи, незнаејќи, несакајќи... Не знам по кој пат веќе се дискутира за ова... Најискрено, ми изгледа како првпат некој да ја отвора темава и си пишува тоа што го нервира. Чекај малку, стој. Разгледај прво. А не едно те исто, по сто пати. Кој стиге, пишува дека правописно е сфати. И поточно е евтино, не ефтино. Точно: што/каде/кој/која/кое/кои/чиј/чија/чие/чии/каде/кога/како било. не: било што/каде/кој/која/кое/кои/чиј/чија/чие/чии/каде/кога/како.
Значи сфати и свати се два различни збора! - Сфати ( да го сфатиш некого на пр. кога ти зборува или пак во реченица - Неможам да те сфатам што ми зборуваш) - Свати ( пр. како сват, сватови, се освативме)