1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Девојче, благодарам за објаснувањето но, не ме сфати.

    Сакав да кажам, дека на секоја страна од темава, се повторуваат истите зборови.
    Истото се објаснува. Постојано едно те исто, се врти во круг. Наместо да се поставуваат нејасни прашања, за одреден збор или што било... Кој и да ја отвори темава, пишува за глаголот сфати. Или затоа дека не знам се пишува одвоено.

    Дајте, кажете нешто ново. Јас не се разбирам, меѓутоа основните работи, се трудам да ги искористам. И сакам некој друг да посочи каде грешиме. А не постојано да читам за истите работи.

    Извинете, ако малку дрско се обратив.
     
    На anonymous16 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    И нов збор измисливме сега - свати. Јас за сваќа, сват, сватови сум слушнала, за свати богами - не.
    Колку денес што прочитав небулози во последните две страници, не се сеќавам кога и каде друг пат сум прочитала. Не знам што си измислувате овде нови правила, страшна работа. Ако не го познавате македонскиот правопис, не мешајте се во темава :^)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    473
    Многу сте биле дрски НЕКОИ овде на темева, младинава денешна многу е нервозна, ццц :o

    westimka313, си слушнала за отстапување од правила? Епа овие случаеви се отстапување од одделното пишување на негацијата НЕ. Ќе се поправам само за "не знам" кое се пишува одвоено, тука признавам се збунив.

    Elennaa, си ја патентирала темава, па неможе и несмее да се пишува нешто што е веќе напишано? :?: И не копам и не ископав ништо од никаде, туку напишав како што е. Еве гледаме колку воспитан речник имаш. И баш "не сакајќи" се пишува одвоено, а не заедно.
    Инаку, влегов во темава сосема случајно, за да видам со кои примери најчесто се судираме и двоумиме. Ако некој нешто погреши, не е никаков криминал. Затоа постојат теми и форуми, да се поправи нешто ако мислиме погршно.
    Одма ќе се тепате.

    Azriel1, anonymous16 го употреби примерот СВАТИ како погрешното користење на СФАТИ, за да даде објаснување каде е разликата помеѓу овие два примера, а не рече дека СВАТИ е збор кој се користи.
     
    На anonymous16 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    - Дрски сме кога не лажат.

    - Негација и глагол не одат заедно. Несакам, неможам се кованици на некој кој го мрзи да пишува одвоено. Нема тука никакво отстапување од правила.

    - Таа рече дека СФАТИ и СВАТИ се два различни збора што не е точно зашто свати не е никаков збор.
    Некоја друга забелешка да ти разјасниме?
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    ecapereca, дали зборот несакајќи ти личи на глагол, дали може да се менува по лица?
    Тогаш не постои причина, зошто да се пишува одвоено несакајќи.
    Не може, не смее. Одвоено.
    И повторно не ме сфати. Сакав да кажам да се разгледаат барем последните страници.
    А не ко расипана касета, тоа па тоа, на сите страници. Нема потреба да се пишува истото, кога веќе е разјаснето.
    И немам намера повеќе да пишувам.
     
  6. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    473
    А бе девојчиња, вас нешто друго ве мачи, па тука се празните. Како тоа може да ме мрзи да пишувам одвоено, па затоа тврдам дека се пишува слеано. Ќе сретнете во животот дека е така, па како сакате.
    И да, немам друга работа, па ќе лажам мали деца по форуми, оф мори мајко мила |(

    Која е поврзаноста помеѓу можноста да се менува по лица или не и пишувањето одвоено?

    И пак ќе речам за примерот со СВАТИ и СФАТИ, девојчето само не се изјасни добро, а многу убаво се гледа што мислеше.

    Вие, како што ми изгледа, овде сте само да уловите некој што ќе направи некоја грешка, па ај на јуриш да го смачкаме. Нервозни сте, нервозни, смирете хормони малку :hai:
     
  7. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    И што има врска сега едното со другото? И да сме нервозни мали деца, тоа не го менува фактот дека грешиш и дека прикажуваш елементарно непознавање. Не можам да сретнам низ животот дека е така кога не е така. Негација и глагол не се пишуваат заедно.

    Никој никому не забранува да пишува овде, ако не знаеш слободно можеш да прашаш, ама од кои било причини да даваш дезинформации е сосема друго и не е во ред. После тоа нормално е да наидуваш на реакции.

    едит Елена, мислам дека имаш грешка, колку што знам глаголскиот прилог исто така се одвојува од негацијата во повеќето случаи :?:
    Ама во никој случај таква грешка не е страшна и воочлива како несаканеможенезнае |(
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Значи негација НЕ и глагол се пишува одделно.
    НЕ МОЖЕ,НЕ САКА,НЕ УМЕЕ,НЕ ЗНАЕ...
    Сите овие се глаголи,и тука негацијата и глаголот не одат слеано,туку се пишуваат одделно.
    Јас знам дека направив грешка,и пишувам неможе,наместо не може.
    Еве ќе се поправам.
    И некој дали може да ми разјасни каде се среќава степенувањето?
     
  9. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    Степенувањето најчесто се среќава кај придавките (убав-поубав-најубав).
    Но, постојат случаи каде степенување постои и кај некои именки, како горенаведениот пример (најјунак).
    Исто така се пишува најсевер, најјужен...
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.803
    Допаѓања:
    131.421
    Еве, правописна вежба, најдете ги грешките. Ова е напишано на официјалната ФБ страна на Манастирот Св. Кирил и Методиј, Лознани.

    hello everyone,,
    Господе мили еве сите се радваме со вас за новава година без страф да је поминваме,, Вије Господе све во стредината во годинето. Ајде мили кристијани, данесе носат нашите мисли назат, али само во денешнијо момент., и господовата СВЕТЛИНА даниги стопли сите наши срца. Исто така сите грешќи, и страданијата наши, и цела сиромашќија, сите горчливи моменти, исто и сите што не разочарале , и исто иније кој сми ги увредиле, сите овије маќи наши даги закопаме, и да одиме напред во НОВ ПРЕРОДЕН ЖИВОТ,, и није треба да запатиме на ХРИСТОВИТЕ ЗБОРОВИ , није нетреба да гледаме како СВЕТОВ гледа,дека ГОСПО није држи годината во неговата рака, како ДЕПОЗИТ , и ќе. не награди со тоа што нисе следва. Госпо даве благослови сите со радос и со неговата лјубов сите дома и целијо народ , и сите изгубени души госпо даги врати во неговото царство Стреќна нова година на сите цркви и ќе Баба Бисера наманастир, и сите вије што му служите на господа .2014 марија.
     
  11. anonymous16

    anonymous16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    921
    Да ве знаат професорите што ве учеле на ова ќе ве вратат во прво. :) Се океј нешто да не ви е јасно, ама зошто сте на интернет можете да проверите како е правилно а како не на тоа што ви треба а не тука по форумот да се карате и да си терате по ваше. Луѓе форумот е за да си разменуваме мислења, ставови... а не за расправии, прво прочитајте па потоа коментирајте :)
     
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Мене искрено ова повеќе ми личи на дијалект... :?:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Еве и за англискиот да се каже нешто. :)
     
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Кој е правилниот македонски збор за шпага?
    Сакав да го побарам на англиски како е, меѓутоа не го наоѓа...
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Барај го како split :)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    SaxyLady Македонскиот литературен збор за шпага е расчекор.
     
    На SexyLady и Abeja им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Во последно време излегоа многу блогерки, сите пишуваат и ги споделуваат постовите на фејсбук, па морав нешто да искоментирам во темава што мене лично многу ми боде очи.
    Кој што сака нека си пишува, негово право, така што нема да се задржувам на квалитетот на постовите, туку на правописот.

    Покрај грешките при пишување на зборовите, голтнатите букви, употребата на некакви сленгови, што и да се, мене многу ми пречи неправилната употреба на интерпукциските знаци. Особено точките! Ако сакате да оставите некоја реченица недовршена, нема потреба од 15 точки. Правилото е три точки. Доволно е, навистина. Ниту естетски личи, ниту пак има некаква потреба од цел ред точки. Која е целта? Подолга пауза можеби? Друго објаснување немам.
     
    На Thallia, Hipster, ariela09 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.803
    Допаѓања:
    131.421
    Не можат правописни грешки како овие да се дијалект. Пример, две запирки една до друга, новава година со мали букви, данесе е напишано споено, марија е со мали букви...
    Иако, за да се напише целото правописно, да не е на дијалект, има многу корегирање. Сепак, никој не проба, за жал.
     
  19. licemerna

    licemerna Нов член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    ceka, aj ja da te KORIGIRAM tebe moze a?
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.803
    Допаѓања:
    131.421
    Да, да. Во право си. Глаголот е КОРИРИГИРА, а именката е КОРЕКЦИЈА. Затоа и ги грешам многу често. Доаѓа од латинскиот corigere, па затоа е со И. Не знам како дошло корекција.
    Иначе, еве да те коригирам и јас тебе :) После „може“ ти недостига запирка. И реченица се почнува со голема буква.
     
    На babakata му/ѝ се допаѓа ова.