Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    датумите ако се со едноцифрена бројка не се пишуваат со 0 пред неа!
    пример: 19.3.2000 , а не 19.03.2000.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Имам прочитано дури 3 варијанти од еден ист збор:сексепил/сексапил/сексипил.Според мене правилно е сексипил оти имаме збор секси кој го користиме, па го прошируваме со наставка.Ваше мислење?
     
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Сексапил е точно. :)
     
    На LifeLove му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Да се надоврзам на ова - нема потреба од 15 извичници или прашалници. Неубаво изгледа, непримерно изгледа, а и граматички не е точно. Еден прашалник или извичник е доволен.

    Сексапил е точно и доаѓа од англиското sex appeal (за полесно да го запомниш :)).
     
    На LifeLove и Hipster им се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Јас лично имам страшен проблем со евтино!
    Многу често го грешам, зашто многу звучно ми е со ф и без размислување го пишувам.
    И се нервирам, многу се нервирам, посебно зашто знам многу добро како е правилно.
    И кога ќе си видам пост со ф, наместо в, ми иде шамар да си врзам.
     
  6. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Мислам дека во случајов правилно е ЕФТИНО, не сум сосема сигурна во ова, но како во примерот со СФАЌАЊЕ.
    Иако на различни места различно се сретнува за оваа придавка.
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Не е, евтино се пишува со в.
    Знам дека многу повеќе звучно одговара со ф, ама не е.
    http://www.makedonski.info/show/%D0%B5% ... 0%B8%D0%B4
     
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Евтино се пишува со в, но нема ниту една причина зошто е тоа така. Всушност, сите граматички правила наведуваат на спротивното. Прво, доаѓа од грчкиот збор φτηνός (фтинос), второ ф и т се безвучни согласки, значи има едначење по звучност. Слични примери каде што има ф наместо в: пифтија наместо пивтија, нафта наместо навта, ќофте наместо ќовте.

    Како и да е, може слободно да го игнорирате ова што погоре го напишав затоа што евтин е исклучок :rofl: Поврзете го со овца - и овде ф би била соодветна затоа што ц е безвучна, а сепак имаме в, или чувство - ако едначиме по звучност, би било чуфство, но не е.

    Македонскиот јазик има многу нелогичности. Уште еден пример е разделеното пишување на се` уште. Сите останати зборови кои почнуваат со се` се пишуваат слеано (сепак, сеопфатен, сеопшт, севкупно, сеедно). Нема правило, едноставно таков ни е јазикот. Али, шта чеш. Ипак си е наш :rofl:
     
    На glosipgirl, Thallia, Giovanna и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Убави примери и објаснувања Окси, имаш право, некои работи во нашиов правопис немаат логика.

    Мене класичен пример ми правописот за филозофија. Филозофија не значи ништо, а философија е науката, зашто доаѓа од зборовите филос што значи љубов и софија што значи мудрост, φιλοσόφια.
    Нас уште на прв ден професорот ни го објасни ова ама ни рече на тестовите матура, оние интерните, да ја пишуваме со з. Јас со с ја пишував цело време зашто бесмилсено ми беше да се преиначува наука со збор кој ништо не значи. Зофија нема значење, софија има.
     
    На Dvolicen и Oxymoron им се допаѓа ова.
  10. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Зофија всушност значи темнина, а така е уште поиронично :D Философијата е баш обратното, не љубов кон темината, туку љубов кон мудроста, светлината. Не знам како с станало з, можеби затоа што е мааалку полесно за изговор и ни е повеќе во духот на јазикот, но и философија не е толку тешко за изговор :^)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Гледајте колку се писмени осмооделенци,бруки! :x
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled.png
      Untitled.png
      Големина на фајлот:
      22,6 KB
      Прегледи:
      275
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Сега ме натеравте да отворам фб и да барам грешки. :D

    Мене ме нервира она заВзема, Взаемно, соВзема и преВзема.
    Наводниците во македонскиот јазик се пишуваат „на пример“. А во англискиот "на пример".
    Коса ми се крева, кога некои не разликуваат некои/некој, кој/кои. Аман бре, со и е множина, со ј е еднина.
    Отвора наместо отвара. Затвора наместо затвара.
    Книгата има страници. А светот има четири страни.

    Дај нека измислат некоја тастетура со надредни знаци на буквите е и и. :wasntme:
    Ме мрзи да го копирам од други места.

    Јас најчесто го лапам ј-то кај пејач. :wasntme:
    И несвесно пишувам бомбона, наместо бонбона.
    Еднина идеЈа, множина идеи.

    Повеќето се можеби кажани, ама ете, повтарачки папагал сум. :wasntme:

    Ме буни, викаат нека не постоел зборот омажи. Ама како ќе кажеме... Она се мажеше минатиот месец? :tmi:
     
    На senza.parole, Hipster и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  13. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    10.233
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  14. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    "СУРОВА" нафта или "СИРОВА" нафта?
     
  15. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Откако или од како?
    :^)
     
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Oткако. :)
     
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Сирова нафта.
     
  18. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Ресторан или ресторант ?
     
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Некој да ја објасни разликата помеѓу одвај и едвај?
    Читам нешто на интернет, ама не сфаќам. :wasntme:
     
  20. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    ресторан; исто и базен
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.