Ајде на ред е плукање по професорката по македонски јазик. Која е? Точно дека постојат секакви професори, но јас не кажувам кој каков е без да го познавам и видам некои работи сама со свои очи. Вака може да кажуваме што сакаме. Каков доказ имам јас против дотичната професорка? Доказ рекла-казала. Не благодарам. Јас не сум таа што некогоке напаѓа и омаловажува од чиста мира и без повод. Пак ке кажам-убаво си праша девојчето, културно, а работата е да и одговориш ако можеш и сакаш. Не да кажуваш кој каков е и што треба да се прави. Поставено обично прашање-одговори на него. Кратко и јасно. Без филозофии, директно во целта. Тоа беше поентата на мојата реплика, ништо помалку и повеке. Кој како сваќа
Чекајте малку. Јас никаде не прочитав дека професорката кажала дека се пишува заедно. Можеби девојчето заклучило така затоа што се изговара како акцентска целост со акцент на е, па не и било јасно. Ако грешам поправете ме. А тоа што има секакви професори е друга тема.
Ќе оди во спојлер заради оф топик. Спојлер Како бре професор како професор?? Па зошто зема плата таа? И тоа од мои пари...од наш данок??? За да не знае основни правила од професијата за која добила универзитетска диплома? Постоела книга. Каква црна книга бре??? Зошто ги праќаме децата на училиште, за да се описменуваат сами? Ај ќе им купиме буквари и нека учат сами и да пишуваат и читаат. И знаеш што е најтрагично? Што прашањево е БАНАЛНО. Од општа култура треба да го знае. Прашањево повлекува многу голема дискусија. Ако може да и се прости на професорката, ај да им простиме и на архитектите па нека градат криви куќи, на докторите-нека грешат лекови. Разбираш така? Во една така одговорна и благородна професија како нејзината нема простор за грешки. Се работи за непрофесионалост и некомпетентност. И баш затоа што простуваме имаме некомпетентни кадри секаде каде што имаме. И премногу се. п.с само да ти нагласам дека и ти браниш лице кое не го познаваш. Од кај знаеш ти дека професоркава е добра? Фикција
Спојлер Ах па нели ти не си таа што напаѓа без да познава некого? Не не, случајно ти излета цел пост за каква е Цка, како и тоа дека јас не сфаќам. Имаш грешки во интерпункција и погрешно го пишуваш зборот сфаќаш. Кој, кого брани? Девојче, ако не можеш да сфатиш што е напишано, , тоа се случува. Не мора да ми заблагодаруваш. Редактирам, сега го видов мислењето од менталист.мк. Менталист, девојчето рече дека на училиште учи дека е незнам, додека во книги читало не знам, па затоа е збунето. Затоа и помисливме дека некој повеќе пати му рекол дека се пишува споено.
Јас не мислам дека така му е речено. Мислам дека девојчето не знае што е акцентска целост и како се изговара. А и било која книга да ја отвори, од било која област, ќе сретне не знам, а не незнам. Останувам на мислењето дека девојчето пишува како што изговара, а овие препукувања се сосема непотребни.
Да беше професорка, ќе беше за жестоко дискутирање. Ама не треба да сме професори, за да научиме да не правиме правописни грешки. Негацијата НЕ се пишува слеано со придавки, прилози, именки и глаголски именки. Примери: -со придавки: неубав, недобра, -со глаголски именки: незнаење, неспиење - со прилози: некаде, недалеку, неколку, недоволно - со именки: невистина, непријател Негацијата НЕ се пишува разделено со глаголи и глаголски прилози. Примери: - со глаголи: не знае, не сака, не може - со глаголски прилози: не знаејќи, не сакајќи, не можејќи
Прво, останувам на ставот дека неписмен професор по македонски не заслужува да е професор по македонски. Второ, не ти е прв пат да се однесуваш на овој начин кон мене. Не можеш да и кажеш јас да почитувам некој кога ти не ме почитуваш мене и ми се обраќаш со Која си па ти? А која си ти па што можеш мене на секоја тема насекаде да ми контраш? Имаш некој проблем со мене, личен? Оти знам нешто? И ти онака од памет зборуваш со карактеристики за мене, и отттука, сама себеси си контраш во ист пост. Почни да ги читаш и другите членки, има и друг живот освен твојата пасија кон мене и моите постови. На девојчето му одговорив, а Господ да и е на помош со таков професор. Тоа е како професорката по хемија да и каже дека киселината е блага, професорката по физика да и каже дека физичките закони се по дефиниција релативни во согласност со желбата, а професорката по биологија да не знае што е овулација. Срамота е да се брани ваква професорка. А ти да не ја бранеше твојата што не те научи дека се пишува сфаќа, наместо сваќа? Или сваќа ти беше, па не сфати?
Еве како (не) треба да изгледа едно мислење. Спојлер Нана, немој да мислиш дека те напаѓам, само за пример те земам, во ред? „Навистина убав ден. Нека ви е среќен 8-ми Март. Добив неколку подароци, а дечко ми ми рече Седи дома, ќе одам да купам нешто. Хаха. Му реков Само цвет е доволно, не сакам ништо повеќе, само да си со мене. Дури ме праша што сум сакала да ми зготви за вечера, мислам дека тука се спрема некоја романтика. И јас купив неколку подароци за најблиските, и на сите женски што ги имав во именик им изнапишав пораки. Се надевам дека ги израдував бидејќи сигурно не ни очекувале пораки од мене, но сакав да им дадам до знаење, ете, дека некој сепак мисли на нив. Сега уште мајка ми да ја израдуваме со убавиот подарок кој го посакува иако одамна престанав да ги правам оние честитки за 8-ми Март. Но можам да се пофалам дека иако цртањето не ми е добра страна, мајка ми секогаш ја добиваше најубавата роза на лист хартија и можеби најтажниот, а воедно и најубавиот текст напишан од едно дете. Денеска израдувајте ги сите жени околу вас, тоа многу ќе им значи.“
Лела кога веќе си земаш за право да лекторираш туѓо мислење си можела во директниот говор да употребиш две точки и наводници. Спојлер Иако многу се нервирам кога некој се прави паметен понижувајќи други.
Знам за тоа, не мора толку да се нервираш, ама сепак ова е форум, не мора толку прецизно да биде, би било некако нападно со тоа. Не се правам паметна, давам пример, и не ја понижувам - го реков тоа. Знаев дека ќе бидам погрешно сфатена.
Лела мислам дека не е убаво што го даваш мислењето на девојката како пример за лошо напишан текст, особено ако таа самата не побарала корегирање. Можеше барем никот да го избришеш.
Јас почнав со една ваква работа, со текст најден на социјални мрежи, ама никој не го искоригира. Мислам дека е супер идејата, за да видиме кај грешиме. Сепак, не треба да се става и никот. Може да се налути некој.
Во ред, се извинувам. Искрено, не сакав никого да навредам. Сите знаеме дека има многу понеубави мислења од тоа на Нана. Кога коригирав, знаев дека ќе одат луѓето до ситници и ќе бараат каде јас сум згрешила (мислам за она што го напиша менталист), сепак би можеле да бидеме малку поопуштени, но не до толку. Зедов само пример, се надевам дека Нана нема да се налути.
Да, замислата за примери е убава. И сигурно не е со лоша намера земен текстот за пример, па затоа мислам дека би било убаво во иднина кога се наведуваат нечии текстови да е поанонимен примерот, или уште подобро да не бидат коментари од форумов зашто така испаѓа лично обележување, а некои нема ни да знаат дека ние сме ги коментрирале тука што исто така не е фер и малку е безобразно
Се согласувам со тебе сум ја приметила Нана19 дека неправилно пишува многу зборови, но ете и ние не сме светици. Најпрво јас на форумов кога бев член, воопшто не пишував литературно, после почнав демек ај ќе се трудам да пишувам на литературен македонски јазик и сега веќе достигнав некое си ниво на правописност. Многу пати од после кога ќе си го прочитам мислењето гледам дека од брзање сум пропуштила запирка или од секојдневниот говор наместо излезе, искочи сум пишала. Ама добро ете се случува сите грешиме и учиме додека сме живи. Си требало да и го сокриеш никот, ама ете и ти си згрешила, за следен пат ќе знаеш дека не треба така, нели си научила тоа ми беше зборот. Еве сега 100% имам неколку грешкички, ама реков живи луѓе сме се прават грешки и тоа како. Ама не оправдувам да се прават некои грешки кои вклучуваат ОСНОВНИ ПРАВОПИСНИ ПРАВИЛА, а многу членки сум приметила зборот сфатам, сваќам го пишуваат, па дури и јас неколку пати сум го напишала, бидејќи ф и в се блиску, па сум згрешила, нека сите грешиме. Многу членки сум приметила дека не знаат дека глагол i глаголски прилози со негација се пишуваат одвоено, а не споено и тоа членки со 20+ години. И ти имаш грешки Лела така да најдобро е да си гледаме за себе, никој не е роден учен, некои така им е ќеф да пишуваат, некои навистина не знаат и така... Толку имам за учење сум нашла за правопис да мрчам. П.С Баш сега си видов колку пати не знам, незнам сум го напишала, а не од не знаење туку сум заборавила празен простор, ах ете не можам да си земам за право да кажувам за други, затоа најдобро да не коментирам веќе за правопис јас.
^ На ова сакав да и укажам на Лела, но не сака да разбрере. За да се дрзне на овој начин да навредува некој треба да е сигурна дека сите нејзини мислења се граматички точни. А дали навистина во повеќе од 1500 мислења нема печатна грешка? Искрено не верувам во тоа. Ако почнам да постирам твои стари мислења, до нив и како требало да стои, сигурно нема да ти биде пријатно. Можеби ќе размислиш убаво пред друг пат да го направиш истото.
^ Мене пак зборот ми беше дека не мора сите мислења да се од зборче до зборче граматички точни, но најосновни работи бодат очи, и тоа како. Знам дека и јас имам грешки, сигурна сум, но колку толку се трудам да изгледам нормално. По кој пат да кажам, не ми беше намера да ја навредам. Аман веќе, и вие разберете. Да знаев дека од ова ќе излезе волкава фрка, немаше ништо да напишам. Ајде повели, сега јас од тебе ќе се пазам да не напишам зборче грешка, зашто ќе излезам недостојна да коригирам други, така? Е, браво! Точно за моите стари мислења, и јас чукам глава в ѕид што се не сум пишувала и како сум пишувала. Ама немам мислење во кое има по 300 граматички грешки, мали букви насекаде и други работи што јас лично не можам да ги поднесам. Не знам за вас, мене ми бодат очи. Кажав која ми беше намерата, наместо да пишуваме итн. Тоа го претставив преку пример? Требаше да го избришам никот, добро, се извинувам. Уште нешто? Уште некој?