1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    На форумот е нормално да се згреши некој интерпукциски знак или пак да фали некоја буква. Се случуваат грешки во пишување, особено ако некоја пишува прилично брзо.
    Тоа не треба да се замерува.
    Туку, ме нервираат мислења кои немаат ","
    Тоа толку многу ме боде во очи, ми смета едноставно.

    Знам на некои им е мака да користат запирка, но потрудете се.
    Барем кога пишувате нека биде уредно мислењето, некој да го прочита.

    И ме нервира многу што една другарка, која инаку е одлична ученичка пишува „СВАЌАМ“ „НЕЗНАМ“ „НЕМОЖАМ“ и други слични примери имам..
    Еве јас за пример би ја земала cvetetto, во многу мислења имам забележано дека не се изразува литературно и не користи интерпукциски знаци. Без навреда до неа, само сакам да се поправи.
    Инаку сега приметив и дека почна да се поправа, одиме кон подобро. :)

    Јас не бев ништо друго кога се зачленив на форумот, ама се променив.
    Пола од правилата во правописот од овде ги научив.
     
    На Nana19, QueenElena, sweet-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Искрено ми беше мака,да користам интерпукциски знаци. :^) Меѓутоа бидејќи некојте се акценски целости па се заборавав дека се пишуваат разделено.
     
  3. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Секој греши, признале или не. Грешки се прават и од брзање и од не внимание и сл. Tемава не е поставена да некој се омаловажува, потценува и навредува доколку згрешил некој нешто во пишување. Живи луѓе сите грешат, различни градови и различни дијалекти. Aко некој културно праша нешто што не знае треба да му се одговри без додатни зборови и филозофирање, како што некои овде изигруваат памети со самото тоа што на некому ке му најдат правописна грешка :D :D Aко сакаш на некого да помогнеш за да разјасни нешто што не знае, кажи му културно кратко и јасно. Aко некој згрешил не значи дека треба да е тоа за потценување, омаловажување, навредување и сл.работи.
    Само на Поента и честитам затоа што таа секогаш знае точно што да пише и како да подучи некого. Без филозофирање и паметување. Продолжи Поента во истиот стил, од твојот начин на изразување може да се види дека си паметна, интелегентна и мила личност која не потценува никого. Треба да се угледаат на тебе.
    Грешам и јас и што? Големо чудо ако се згрешело некоја буква или употреби некој збор од своето дијалектно подрачје.
     
    На Nana19, kikiviki32 и poenta им се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Имаме ли во правописот зборче што ќе означува волку? :?:
     
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Олку или толку. Ако добро сфатив. :)
     
    На LittlePinky, poenta, bubamara12345 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Ме интересира дали (нагалено) за снаа, е посодветен/литературен терминот снајка или снашка?
     
  7. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е снашка,бидејќи снајка мислам дека е дијалектизам :) . Во врска со правоговоров нашата професорка по македонски,не учи да зборуваме точно.
    Примери:
    Се пишува Се изговара
    Не знам Незнам
    сестра ми Сестрами
    -------------------------------
    или
    Двесет и два,а некои изговараат двајз два.
    И акцентирањето е важно во правоговорот :) .
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anste

    anste Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    127
    Малце глупо прашање ама неможам или не можам е?
    или превзема или презема ?
     
  9. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478
    -Не можам
    -Презема

    :)
     
  10. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.446
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    не можам и презема.. ;)
     
  11. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Не можам
    Превзема (за второво не сум 100% сигурна :?: )
     
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Правилно е презема :)
     
  13. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Со тоа што мене мене ме правите неписмена внимавајте самите да не се направите...
    ЈАС НЕ СУМ ТУКА НА ФАКЛУТЕТ ДА ПИШУВАМ ЕСЕЈ ЗА ОЦЕНКА ПА ДА ВНИМАВАМ НА СЕКОЈА ЗАПИРКА И ТОЧКА....
    Споменав и во друга тема дека за пусти лајкови вие се исмејувате на сите скајки само да имате најмногу лајкови на вашите мислења но некој тоа веднаш го проценил и се спротиставил, има тука и свесни луѓе... Од каде знаете јас под кои услови сум го пишувала тоа па да внимавам на све ? Можеби мајками е болна па мислите се ми на друго место а сепак и јас сакам да споделам нешто со вас, можеби немам пари леб да јадам , па мислам во тоа а сепак сум тука... Можеби во животот имам многу проблеми , што не ми дозволуваат да се правам тука ПРЕЦИЗНА И ОБРАЗОВАНА
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Договорувач или договарач?
    Во речник го најдов како договарач, ама во сите книги во кои се споменува во склоп на осигурување, стои договорувач :?:
     
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Во речник стои договарач што значи лице кое учествува во договорање меѓу две страни.А поимот договорувач значи организатор,лице кое прави да се склучи договор.Изборот, кој збор ќе го употребиш зависи од контекстот.Се надевам дека ти помогнав.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Ти благодарам :)
    Во стручнава литература секаде го сретнувам како договорувач, ама некако не ми звучеше како што треба, па затоа си реков ќе проверам. Сепак, веројатно тој термин ќе биде посоодветен со оглед на контекстот во кој го употребувам.
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Придавка од иритација? :?:
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Иритациска? :?:
    Ако воопшто постои ваков збор...
     
  19. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Иритантна. :D
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Иритациска, иритантна, дури ни иритирачка го нема во речник.
    Не знам дали воопшто имаме придавка од зборов :?: