1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    ^ во "Современ лексикон на странски зборови и изрази" од Љубо Миќуновиќ, јас ги најдов -иритативен (лат.), -иритација (лат.), -иритира (лат.). А во тој контекст можеш да искористиш и дразнење, според лексиконот.
    Се надевам помогнав. :)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Иритирачка, иритирачки, иритирачко?
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Ниту една од овие три ја нема во речник. Сите комбинации ги пробав :lol:
    Ама најверојатно иритативен е правилно, фала многу јовановска94 :)
     
    На jovanovska94 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Иритирано
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Јас ова иритативно никогаш го немам слушнато, ама баш никогаш, нити пак прочитано во книга.
    Колку иритативна појава. Мислам, не ми ни звучи како што треба. Го имам слушнато иритантна, иритирачка, ама ова баш ме зачуди.
     
    На glosipgirl, Lovely93, sweet-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Иритативен/на/но е збор својствен за медицинската терминологија. Барем во тој контекст сум го чула. Инаку мислам дека е и бугарски збор. За останата употреба во нашиот јазик колку што знам најсоодветно е иритантен.
    едит И бугарски е иритативен, проверив. Ништо чудно од таму да ни е преземен, нели ние немаме навика да го употребуваме.
     
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Во македонскиот литературен јазик,глаголот иритација ги има следните значења:
    1.лути,нервира;
    2.надразнетост,воспаленост,вознемиреност(медицинска терминологија)
    Изведени придавки од глаголот се:
    1а.иритиран,иритирана,иритирано,иритирани-душевна состојба (пр.иритирана сум од неговата неблагодарност,односно,лута сум);
    1б.иритиран,иритирана,иритирано,иритирани-во медицината (пр.имам иритирана кожа,со значење воспалена или надразнета кожа);
    2.иритирачки,иритирачка,иритирачко-појава,нешто што предизвикува иритација (пр.слушам иритирачки глас или звук);
    Која од наведените форми ќе ја употребиш,зависи од контекстот.Се надевам дека примерите ќе ти помогнат.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Па, иритирано - нешто што е под дејство на иритацијата; иритирачки - за предизвикувачот на иритацијата всушност, така му доаѓа. Тоа иритативен, знам дека постои во медицината како дијагноза, иритативен ларингитис и други примери. Иритантен, не знам зошто не се наоѓа во ниту еден речник, јас од мала го знам за правилен, доста се употребува во случаи: иритантен човек, иритантна појава... Ама можно e да е србизам тоа.
    А да го кажеше контекстот уште од почеток, побрзо ќе ти помогневме. Во случај да не си се снашла досега.
     
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.320
    Пол:
    Женски
    Прст како е во множина?
    Како да напишам: два прсти,два прста или пак два прстта?
    Не ми се смејте за ТТ стварно се двоумам дали е со две ТТ(ако воопшто множината е со А на крајот).
    Ако може помош,итничко ми е. :$
     
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Само "прсти" или во овој случај "два прста".
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Како е правилно боНбон или боМбон ?
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    На tirkenbal и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  13. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Множина од јајце е ЈАЈЦА не јајциња така? :fubar:
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Јајциња, бе. :D Пукнав. :D :rofl: Не дека го немам слушнато, а сигурно и користено... ама ми дојде смешно. Јајциња. :rofl:

    Може, ако сакаш нагаленко да си ги викаш. :D :P
     
    На Glasna и s1a1n1d1r1a1 им се допаѓа ова.
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Немам право на глас, ме заболе десно уво кој е на власт.
    Ама можеле барем асално да пишат бе мајку му стара. :D

    Коишто се пишува слеано. Значи вакви некои работи, ми стојат како трн во око. :D
    Ова го видов на реклама, на телевизија. И сега ја отворив програмата, колку да имам од каде да имам да сликнам. А гарантирам дека има еден куп грешки, внатре.


    Да не бидам погрешно сфатена, прееска на врата донесоа такво од СДСМ.
    И таму најдов мали грешки.

    Пу, бре. :D

    Мене не ме интересира што пишува внатре, туку како пишува. :D
     

    Прикачени фајлови:

    • Capture.JPG
      Capture.JPG
      Големина на фајлот:
      35,2 KB
      Прегледи:
      167
  16. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Како се пишува правилно наставничќе или наставничке? :lol: :$
     
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Наставничке :)
     
    На l0vE...-love му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Не можам да поверувам колку елементарно неписмени млади и возрасни личности има во земјава, а Бога ми и на форумов. :(

    Значи, не сум таков „грамар наци“ и литературен сноб па да се крстам кога гледам дека некој не разликува тире и цртичка, тоа се ситници, ама добро... какви тоа професори ги учеле во основно луѓево, да не знаат запирка како се употребува, да не знаат состојки дали се пишува со к или со ќ. :o :tmi:


    Зошто пола нација не знае празно место после точка да остави? Зошто никој не знае наводници како се користат?

    Постовите на некои феминки личат како да ги пишувала баба без какво било образование, а пишуваат во теми од типот „зошто сите дечковци се кретени“. Па кретени се зашто ти си неписмена. Паметни девојки не заглавуваат со дебили. |(
     

    Прикачени фајлови:

    • sostojki.jpg
      sostojki.jpg
      Големина на фајлот:
      72,8 KB
      Прегледи:
      68
    На Lella, Dream-Girl, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Само што прочитав на фб: назаТ. назаТ. назаТ.

    Ми иде да си пукам у колено, кога ќе прочитам нешто вака. Другарките постојано ги коригирам. Ама за некои најосновни работи. Не дека се правам паметна, ама кога ќе видам слеано НЕЗНАМ, секој неврон врие во мене. Па демек да се направат интересни:
    - Елена, како е правилно, далинско или даљинско?
    - Далечински управувач. |(

    Пак ќе напоменам, не се правам паметна. Користам премногу србизми во мојот говор и во моето пишување. Ама најосновни работи, бе?

    Кога ќе разгледам нечиј фб профил, ми оди да се фрлам у мутен Вардар. Кога ќе ми текне дека имав двојче македонски на полугодие, а некој што се' уште не знае дека НЕЗНАМ се пишува разделено... си има петче... не ми преостанува ништо друго, освен у пета да си пукам. :D

    Зошто се прави диктат само до четврто одделение? ЗОШТО?
     
    На Lella, senza.parole, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ^ Да додадам само, морам уште нешто... :wasntme:

    И после таков некој (покрај другите нели) ќе заврши факултет и сака одма работа од соништата, а не знае точка каде се става. Не ме чуди што секаде низ државава се неписмени луѓево. Каде и да влезам, во било која институција, за било каква работа, секогаш морам да им најдам некоја грешка или во пишување или во говорење.

    Никој не е совршен, сите правиме грешки, дали во пишување или во говор, навика е нешто што го говориш да ти излетува колку и да не сакаш нели, ама точка, запирка, празно место, прашалник, голема буква се основни работи кои се учат во прво одделение.
     
    На Lella, cresa-jagoda, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.