Значи од моите понудени опции ниту една не била точна Фала, значи братучетка е точниот одговор. А Реинбоу, и јас многу грешам за не знам, знам дека треба одделно, ама пак прстот ми бега од спејс и не сака да остави простор меѓу нив
http://www.rak.mk/index.php?option=com_ ... Itemid=218 Не е ова местото каде што сум го сретнала зборов, меѓутоа ќе послужи. Под суви кајсии пишува овоштија.
Овошје. И кога сме веќе кај овошјето - множина од јаболко е јаболка, никако јаболкИ, како што слушам постојано Спојлер Има ли на форумов тема македонски литературен јазик? Зашто овие примери не ни се за во правопис. Сори за офтопик.
^^И јас се мислам дали треба таква тема да се отвори, гледам имаме многу недоумици. Како и да е, по сеќавање од она што сме го учеле, овошје и зеленчук едноставно немаат множинска форма, овошје си е овошје, а зеленчук си е зеленчук, иако слушаме некаде овоштија или зеленчуци, ама не е правилно. Исто како што постои именка панталони, а не лева панталона, десна панталона итн.
Мислам дека темава сепак може да заврши работа, или да се преименува ако мислите дека треба. Веќе има премногу теми. Идејата беше да се прашуваме и одговараме за сите работи за кои не сме сигурни, и да коментираме нешто што сме го виделе дека често се користи, а не е точно.
Да си прашам Дали е детал или детаљ ? На телевизија слушнав детаљ а јас цело време знаев дека е детал. И не ми е тука местото ама незнам каде да прашам. Што е тоа Интегритет ?
^^ Детаљ Интегритет е свесност за своите постапки, стоење зад нив и во исто време почитување правила и прописе - бар јас така го имам сватено
И јас мислам дека е детал, ајде кажете друг македонски литературен збор што заврушва на љ знае некој не ми текнува? Можеби има не мора да значи дека ако нема не може да стои детаљ ама не ми текнува и сум го сретнувала како детал. ____________________________ Катедгрејт морам да те поправам во Кичево не употребуваме ЗАШТО во Скопје најмногу се употребува, ние си викаме зошто? во прашална форма или ОТИ (место зошто), зашто никој не го употребува. Зошто е прашален збор и на него следи Затоа што или бидејќи. Пр. Зошто книгата е убава? Одговор : Бидејќи/Затоа што е од Достоевски .
Односно се ЗБИРНИ именки како и мебел, рој, јато, Збирни именки се оние кои немаат множина т.е множинска форма, а означуваат еднина т.е повеќе работи (вака јас го знам и со моето познавање си зедов за право да ја дополнам Пирамидка)