Зашто сите викаат „суќна“? Правилно мислам дека е здолниште, а почесто се користи „сукња“ и повеќе оди со изговорот. Во право сум или грешам?
Во право си, здолниште е правилно (колку што јас знам). Но во разговорна форма, а и според разни дијалекти и области, може да се нарече и со друго име. Искрено - знам дека се пишува сукња, ама при пишување на овој збор, не знам зошто, автоматски ми доаѓа да напишам суќна, па се враќам и го поправам. Не ми се случило само еднаш, ми се случило многу пати. Дури и на блогот каде што сум напишала суќна, добив злобен коментар дека сум неписмена, а искрено е ненамерна грешка, која што ја воочив и ја променив.
Цвете, без навреда, во ред е тоа што си го напишала, ама наместо вакви работи за кои никој нема да те прекорува дека си згрешила, зошто повеќе не обрнеш внимание на основните правописни правила, веќе познати? И подобро би било да не пишуваш на дијалект, верувај, многу поубаво изгледа... Исто така, може и повеќе да бидете уредни, не зборувам само за тебе... Под уредност во мислење подразбирам: Поделување на пасуси, голема буква на почеток од реченица, без дуплирање букви и знаци по стопати (леллле....... мноооооооооооогу е сладоккккк!!!!!) итн. Не е тешко ако малку повеќе се потрудите.
Aхаа те фативме . Зборот стварно не е македонски збор! Стварно (Српски)-Навистина(Македонски). П.с имам една другарка која вели: -јујашки-лулашки -вајда-ваљда (не е македонски збор ама ајде )
И што има погрешно во употребата на сврзникот „ама“ за да ја прекоруваме? Иако турцизам, денес е прифатен од нормите на стандардниот македонски јазик. Вие сврзниците не сте ги учеле?
Имаме ли македонски литературен збор за куцање (во смисла пишување на тастатура)? Барав во речник, ама ништо не најдов.
Мене прво што ми доаѓа на памет е типкање на тастатура. Не знам колку е точно, но го имам слушнато и прочитано
^Го нема ни типкање во речник. А сестра ми го има сретнато како типување, тој збор знам дека е литературен, ама има сосема друго значење. И како таков и го најдов во речник
Во средно сме го дискутирале ова со тогашната професорка по македонски и ни кажа дека нема конкретен збор замена за куцање туку се користи пишување на тастатура. Се надевам дека ти сум од помош со одговоров Не верувам дека од тогаш до сега има некакви измени во речниците.
Кога веќе се критикуваме меѓу себе за тоа кои зборови ги употребуваме во правописот и јас сакам да напишам некоја критика . Мене многу ми боде очи кога некој ќе напише заедно негација+глагол . Значи кога ќе видам негде на пр. незнам , несакам, неможам и сл. коса ми се крева . Значи негацијата и глаголот се пишуваат одделно како на пр. не знам , не сакам, не можам и сл. . Тоа е акценска целост која кога ние ја изговараме , ја изговараме под еден акцент и мислиме дека се пишува заедно но тоа се пишува одделно .
Корeгира наспроти коригира ? Јас го користам првото, по логика дека именката е корЕкција, но на многу места го среќавам и второво. Ни` останало како нестандардна форма од екс-ју јазиците, или... ? Сум го сретнала како „чукање“ во „машина за чукање“ .... Се користи доста често.
^ Правилно е коригира, иако нели логично е од корекција да биде корегира. Не знам зошто е така, ама во речник ќе го најдеш како коригира. Со сестра ми баш пред некое време се расправавме за тоа, бев убедена дека е корегира, ама испадна дека не сум била во право
Тоа е така поради потеклото. Зборот е corrigi, corrigere, од латински, па затоа е коригира. Потеклото секогаш ги разјаснува ваквите збунки. Инаку, корекција, а глаголот е коригира.
Колку што јас знам постои зборот "фотограф" и означува личност која фотографира. Или не? Неколку девојчиња постојано велат "сликар". Им раков дека тоа што го кажуваат означува човек кој слика со бои, но продолжија. Сега, во право сум или?
Во ред е што си се обидела да ги коригираш од твоја страна и точно го разграничуваш значењето на овие зборови. Фотограф е лице што се занимава со професија фотографирање. Сликар е лице кое се занимава со професија од ликовната уметност(слика портрети,пејзажи со употреба на бои).Овој збор често се користи во разговорниот јазик за професијата фотограф,но не и во литературната норма.
Буквалниот превод (од срп./хрв. ...) на „куцање“ е чукање“. Порано „куцање (на машина)“ беше пишување на машина. Сега е пишување на компјутер (па зошто не и на тастатура) или, малку поописно: внесување текст во компјутер. Знае ли некој до каде е новиот правопис на македонскиот литературен јазик?
Не знам дали спаѓа во правопис, ама мене ми смета што се повеќе и повеќе англиски зборови се увезуваат во македонскиот јазик. Како на пр: хејта, кул, сајт, имагинира, филингот и сл. вакви зборови. Мислам дека на тој начин си го уништуваме јазикот.