1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    ^ За другиве се согласувам, но сајт како би било?
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Веб-страница :)
     
    На Twinkles и Joi им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.216
    http://www.mio.gov.mk/files/pdf/POIMNIK.pdf

    И еве поимник за информатичките зборови, ако сакате да се служите со македонски зборови. И да не сакате, некогаш ке ви притреба.
    На пример за магистерска теза и слично, освен ако не ви се плаќа за лектор.
     
    На Buttterfly, Joi и the.one им се допаѓа ова.
  4. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Веб страница и веб сајт се две различни работи. Еве во поимникот е преведено како веб локација, што би било поточно.
     
    На Twinkles, L-enna и Joi им се допаѓа ова.
  5. Cartman

    Cartman Нов член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    8
    Мене една работа навистина ми е чудна како тоа новите генерации Македонци скоро најголем дел студираат, повеќето добиваат високи оценки, во средно добар дел биле и со добри оценки, а кога ги читам и посетувам социјалните мрежи гледам дека македонскиот народ воглавном е многу неписмен и нема некој вокабулар на изразување и пишување, а да не зборувам за правопис? Дали образованието ни е на многу ниско ниво, се бркаат врски, се попушта во оценувањето? Како тоа се даваат тешки дела за обработување, а средношколците и академските личности толку неписмени?
     
    На sweet-star, Daydream, jovanovska94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Angel.m49

    Angel.m49 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Слушај ги како зборуваат политичарите. Тоа ти е полуписмена популација...
    Образованието сега е хаос, никогаш немало поприземни критериуми за знаење и оценување. Но сето тоа е последица на нешто друго - кои учители и наставници ги учеа изминатите генерации? - Некогашните најслаби ученици што порано се запишуиваа на Педагошка академија. Не може да очекуваш од наставник кој никогаш не прочитал книга да го наведе ученикот да чита книги и да мисли на јазикот...



    Веб локација е синоним за интернет страница.



    Поимникот е многу корисна работа. Но ќе биде лексички валиден откако тој, ваков или како речник, би бил верифициран од стручни лица. Но јазикот е жива материја, посебно во ваква област, и тој брзо ќе се менува, а уште побрзо ќе се зголемува, зашто живееме во глобално односно во американизирано (англизирано) општество...
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Мене ми е најлогично web site да се преведува како веб страна, а web page - веб страница.
    И наместо веб, секако може да биде и интернет.
     
  8. Angel.m49

    Angel.m49 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Разликата меѓу веб-страна и веб-страница е во тоа што едното е српска варијанта, а другото македонска. Исто означуваат. Во мкд јазик има страна на светот, но има страница на книгата...



    Се разбира, ако во меѓувреме не се промени нешто во правописниот речник и во правописот на македонскиот јазик...
     
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.216
    Ангел, Според тебе, доц.др Славица Велева, доц.др Анета Дучевска, д-р Лилјана Макариоска, доц.др Томислав треневски од Совет за македонски јазик, Никоче Мицкоски од Филолошки факултет, др Елка Јачева Улцар од Институт за македонски јазик и академик Љупчо Коцарев од МАНУ не се доволни стручни?

    А ти као си постручен од нив? Попаметен си од овие седиммина?

    Не ме сфаќај погрешно, ама за некого да можеш да кажеш дека не е стручен, треба да си постручен од него. Во спротивно, не значи ништо.
     
    На Angel.m49 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angel.m49

    Angel.m49 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Се извинувам ако навредив некого - сите ги сметам за стручни лица и сите ги почитувам. Моја грешка, немав увид во поимникот, не знаев дека е веќе лексикографски труд, не знаев дека зад овој поимник стојат луѓе од областа нанауката за јазикот, мислев дека тоа е некој поимник на Министерството за информатичко општество, на пониско ниво отколку лексикографското (за интерна, иницијална употреба...). Всушност, со нивните имиња овој поимник веќе е научно верифициран и лексички валиден. Се надевам дека, ако веќе не е, набргу ќе биде и публикуван, зашто овој вид речници, поимници, глосари... се дефицитарни. За многу многу области (да не речам за никоја) немаме речници.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Како е правилно сфаќам или сваќам? :wasntme:
     
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.080
    Допаѓања:
    26.865
    сФаќам ;)
     
    На Twinkles и the-girl1 им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.216
    За да запамтиш, сваќа е онаа што игра на свадба, не игра сфаќа. Јас така паметам :)
     
    На cresa-jagoda, the-girl1, Twinkles и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Јас сфаќам дека има надреден знак за:
    Нас нѐ однесоа.
    Сѐ се случи многу брзо.
    Ништо не ѝ реков.

    Ама од кај измислија на „ни“ да ставаат надреден знак? :^)
    Чисто се сомневам дека постои правило за нѝ, ама ај си реков да прашам...
    Која би била целта? Да се разликува од „Ни ја чув, ни ја видов“, демек негацијата?
    Или? :rofl:
     
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Надредниот знак во македонскиот литературен јазик има ограничена употреба.
    Се пишува само во три случаи:

    1. Над самогласката е во кратката заменска форма од нас нè, за да се разликува од негацијата не.
    На пр.: Кога влеговме не нè забележаа веднаш.

    2. Над самогласката е во прилогот сè за да се разликува од кратката заменска форма од повратната заменка себе се која често ја употребуваме со повратните глаголи.
    На пр.: Сè се случи многу брзо.

    3. Над самогласката и кај кратката заменска форма од нејзе ù за да се разликува од сврзникот и.
    На пр.: Не ù рече ништо и не ù дозволи да зборува.

    Честопати, зборувачите кои недоволно ги научиле јазичните правила, прават грешки во обидот да не згрешат. Така, се среќаваат и други заменски форми со надреден знак.
    Пример:
    Нѝ треба вашата поддршка.
    Вчера ѝм се јавив за да ги поканам на состанок.
    Секако, ова е погрешно.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Па малце ќе бидам офф топик, ама сите имаме правено грешки во правописот! И тоа што јас до осмо одделение не знаев да кажам дефениција за реченица, бидејќи наставничката многу не се` интересираше дали сме научиле како што треба или не. И за мене беше голем срам кога преминав во средно, не писмена. Овде професорката е стара и многу строга,и благодарение на нејзе, јас многу научив за македонскиот јазик и мислам дека не е до нас вината што не знаеме да пишуваме правлно. Вината јас ја гледам во учителите во школата! Тие имаат света професија, но ретко кој ја негува. Сите знаат да дојдат на час и да почнат да ни раскажуват лекција, но ретко кој ќе го направи часот интересен и ќе направи уште толку да го закасаме предметот, а не, како повеќето професори што се прават дека се некој и нешто и ни стануваат одбивни и досадни! Често пати се има случувано соученици да бегаат од часови затоа што мислат дека ќе им е досадно, дека пак ќе бидат карани и исмевани пред цел клас од страна на професорот,... Има многу, многу вакви случки што и самите ние сме сведоци. Тоа е жално! Жално е што сите познаваме луѓе што повеќе знаат Англиски, граматиката, се`, а Македонски не знаат една писмена правилно да ја напишат! Или пак луѓе што се “премногу зафатени“ и немаат време ниту стански јазик да научат, ниту пак да го научат правописот на Македонскиот јазик. :)
     
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.216
    Фондот и фонтот е различно. Аман не пишувајте дека фондот не ви чини, па на латиница пишувате.
     
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    Не дека е нешто важно ама ми падна на памет :D
    Често пати го сретнувам по маркетите и се прашувам како е правилно?
    Мермерна или мраморна чоколадна торта?
    Мислам дека треба мермерна ... :emo:
     

    Прикачени фајлови:

  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.216
    Ај ве молам некој лектор да го реши проблемов.

    Според мене, не може „на мене“ за ми се допадне, може мене да ми се допадне. Како што не може и на тебе да не ти се допадне, туку може и тебе да не ти се допадне.
     
    На Lella, baby-star и BelieberYeahh им се допаѓа ова.
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.098
    Допаѓања:
    137.778
    Не сум лектор, ама најодговорно тврдам дека „нему“ и „мене ми“ се точни. Формите „на него“ и „на мене“ се користат најмногу во скопски дијалект, ама не се правилни.
     
    На KidA, ariela09 и baby-star им се допаѓа ова.