1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Cka, ПМС да не те фати па се навраќаш во мислењата од пред година дена :rofl: Одговорно тврдам дека и двете се точни. Индиректниот предмет во македонскиот јазик се означува со на + директен предмет. Столе ѝ даде цвеќе на Соња
    Остаток од падежите кои биле присутни во старословенскиот кај нас се кратките и долгите заменски форми за индиректен предмет. (поточно од дативот кој го означува индиректниот предмет)
    Така, како што можам да го задржам тоа "на" од предходната реченица и да кажам "Столе ѝ даде цвеќе на неа", можам тоа "на неа" да го заменам со заменска форма за индиректен предмет (затоа што "на"+заменска форма за директен предмет е индиректен предмет) па целата реченица за заврши како што ти љубиш повеќе да кажеш: "Столе ѝ даде цвеќе нејзе".
    Фала, чао, пријатно!
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.220
    Го видов случајно и ми текна дека ми остана нерешена мистерија. Во случајов и ти и Ариел одговорно тврдите дека е различен одговорот, па јас неодговорно ке побарам, да ми измениш заменки во индиректен предмет, или да ми кажеш дали ова е литературно -

    на мене, на тебе, на него, на нас, на вас на нив, или пак
    мене, тебе, нему, нам, вам, ним.

    Дијалект ако е, во ред, но јас прашам литературно како е. Освен во Скопје, на друго место не сум чула да рече некој, на мене ми се допаѓа.

    Иако насекаде пребарував по интернетов, и видеов дека постои мене, тебе, нему, нам, вам, ним, но никаде НА МЕНЕ, НА ТЕБЕ.

    АКо имаш веродостоен извор кој потврдува дека е литературно да се се каже, на мене ми се допаѓа, во ред, прифаќам. До тогаш, ке чекам човек кој е стручен да ја реши дилемата.

    Фала, чао, пријатно и до читање :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Јас не сум од Скопје :wasntme: Сеедно, само во дијалектите во централна и западна Македонија постојат кратките заменски форми за индиректен предмет. Во источна Македонија истите не постојат. Нормално, како основа на македонскиот јазик се земени дијалектите од централното подрачје. Ние учевме дека индиректен предмет се определува со прашањето "Кому?" или "На кого?". Ако е забрането да се користи "на" со заменки, тогаш зошто е дозволено прашањето "На кого?"?
     
  4. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Боже Петра.

    на мене, на тебе, на него, на Стојна, на крле снагата...

    мене,тебе,него,неа...

    И ќе го замолам тој што го искористи погоре зборот нејзе да се извини во моментов.

    Неа... За тие што уште не знаат зошто е погрешно нејзе,
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.220
    http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%97%D0% ... 0%B8%D0%BA

    Табелата види ја, Петра.

    http://www.makedonski.info/show/%D0%BD% ... 0%B0%D0%BC

    Речников кажи му го на Крле снагата.

    За Стојна само поздрав, и прашање дали си лектор? Професор по македонски?
     
  6. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Па не знам со кои зборови да ти кажам...

    Пишував со намера тебе да те поддржам. Ти си во право а не DAngel.
    Јебига.

    Вака малку се каам што не ја напишав цела колона туку ставив три точки.
    Мислев дека беше повеќе од јасно но... Упс,пак три точки. Чекај морам да завршам.
    Мислев дека беше повеќе од јасно но очигледно сум згрешила.

    А за она нејзе знам дека е правилен македонски збор.
    Но што изгледа посоодветно неа или нејзе?

    И бај д веј чинам DAngel го искористи зборот така да и тоа не беше посочено кон тебе.


    ...

    Нека те копка.
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.220
    Не е битно, не сакам јас да се бранам, или ДАнгел, или кој и да е...Не те разбрав, не ми беше јасна во постот, ама кој и да е, јас сум на страната на оној што е во согласност со правописот.
    Што ако Дангел го пиша зборот нејзе, кој е литературен. Не сум на ничија страна, туку на онаа што знае правопис.

    Стојам на тоа дека нема - на мене, не тебе, туку мене и тебе. Ама уште чекам некој професор по македонски да ме потврди, веројатно нема ниту еден на форумов.

    Е ако се најде таква, нејзе ќе и верувам.

    Е ако се најде таква, неа ќе и верувам. Ова чисто да видиш дека нејзе е потребно во говорот.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Не знам каде пишав дека сум на нечија страна. Постојат ли страни? :^)

    Како и да е.
    Колку за информација не значи дека ако си професор по Македонски јазик точно знаеш да одговориш на секое прашање.
    Пошо знам многу луѓе кои го носат тоа звање а врска немаат од јазикот.
    #основниработи

    :*
     
  9. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Афкорс дека постојат страни, само прецизно треба да се заземаат. :) И ја сум на страната на Чка, ама не ми е јасно зошто на оваа тема сите што напишале по проблемов се однесуваат како да се работи за светскиот мир, а не за обичен предлог.

    Табелата за личните заменки (во случајот „мене“) е многу едноставна и нема предлог пред личната заменка, а и зошто би имало? Мене ми се спие. Мене не ми е гајле. Мене ич не ми чуе. Со „на“ напред, се соочуваме со нешто слично на „Трајко ја победи на Стојна“, а тоа не знам од кои села потекнува, ама не е литературно. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Someonespecial, Lella и Cka им се допаѓа ова.
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    ѝ
    Пошо само професорите по македонски јазик изгледа не знаат дека овој збор не постои во литературната норма ,а ти како толку компетентна имаш врска од јазикот, па дури и си дозволуваш да правиш проценки колку се стручни во областа (цитирам: "основни работи") И те молам, не ја деградирај професијата.
    За да коментираш нешто,а при тоа да тврдиш дека твоето мислење е точно треба да бидеш добро упатена во конкретната област што во овој случај не е така.И не велам дека на оваа тема треба да коментираат само професионалци (професори и лектори).Не сакам да бидам цинична и да влегувам во конфликтни ситуации,ама па и не можам да останам рамнодушна кога се прави атак врз професијата.
    Кога подобро ќе го усвоиш системот од правила и норми што го сочинуваат македонскиот правопис ќе знаеш да правиш разлика меѓу литературен и разговорен јазик,а до тогаш воздржи се од неосновани мислења за нечиј квалитет околу стручноста и препушти им ја на гореспоменатите.
    Cka, треба да ѝ веруваш нејзе, односно мене ;)
     
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    ^ Не ја чепкај Ариела за „пошо“то, таа така сакала да пишува иако знаела дека не е точно, бидејќи така се зборувало во нејзиното подрачје или така некако. :D

    Инаку, јас не сум лектор и професор по македонски јазик, ама знам дека нејзе е литературен збор и стои во дигиталниот речник. Тоа го посочи Чка, да не се повторувам.
    И Капетанот како што рече нема никаква потреба од предлог пред личната заменка и мене ми е ептен невкусно и глупаво. „На мене ми го напишаа ова.“ Не знам вие како го читате, дали како акцентска целост или не, јас не го читам со акцентска целост. Ама нема врска, и во двата случаи звучи да не речам одвратно. Се знае каде е потребно „на“, а каде не е потребно.

    Потребно: Чка, да и’ веруваш на Лела. :D
    Непотребно: пред заменки.

    И додека ние овде се расправаме за на мене, на него, на Петко, на Стојко во другите теми се случува хаос од правописни грешки, ги има за продавање, искрено ми се повраќа.

    И де, некој нека напише во СДК или во друга попосетувана тема основните правописни правила со огромни букви, да не бидам јас, доволно кукам насекаде по темиве за правопис. :D
     
  12. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Ќе ја замолам паметната poenta да ми ги разгледа мислењата и да цитира каде сум искористила "пошо".
    Горенаведениот пример "пошо" и слични ствари што ги напишав беа баш со оваа цел.
    И да имам искуство со професори на факултет кои учат дека правописен македонски збор е #некојзборсокумановскиакцент. Не ја тролам професијата, само кажав дека не значи дека ако си професор по македонски јазик секогаш одговараш точно на поставено правописно прашање. Ништо повеќе.

    Луѓето се толку многу глупави. Сакав да видам дали ќе ме прекорите за оние неправописни зборови во мојот претходен пост. А зошто воопшто помислив дека нема? :^) Очигледно многу сериозни девојки постојат на форумов. Или овде се само она што посакуваат да бидат.

    Лелла срценце знам дека не ме поднесуваш посебно на оваа тема но не мораш да тролаш на "све и свашта" што пишувам овде.
    Да, како сакам пишувам. Писмена сум повеќе од што сите вие мислите дека сте писмени но јас ова очигледно го протумачив погрешно. Се натпреварувате кој е пописмен.
    Темава преименувајте ја: Ај да видиме кој пописмен!
    И немам дијалект, мојот "уличен јазик" содржи неколку неправилни македонски зборови со испуштање на една буква. Не сум од село, не сум од којзнае какви промашени места па да тврдиш дека јас пишувам по мој дијалект.

    И до Captain-Omni и сите кои кажаа дека сум на страна на Cka.
    Според мене не постојат страни. И не кажав дека сум на нечија страна што сакате цитирајте. Реков дека е во право и дека ја поддржувам.
    Мислам дека не сме под 10 години за да бидеме на нечија страна.
    Но добро ако поддржувањето во ваши очи е страна океј.
    Ај да си играме тетки?

    Фемина закон бр 5. Член 1.
    Ако некој не пишува правилно правописен македонски јазик на форумов не значи дека е неписмен.

    Ариелче ова е фемина а.k.а гламстик.
    Премногу големи очекувања имав од феминките.

    Ве молам уште еднаш прочитајте ми го текстов оти ќе плачам ако не ми најдете правописна грешка.
    Нема да спијам вечер. :|
     
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Ариела бе, зошто се нервираш? :^)
    Не знаев дека тоа што го кажав ќе го сфатиш сериозно. :lol: Не те поднесувам? :D И мислиш дека го кажав тоа бидејќи не те поднесував.

    Не знам од каде си ги смислуваш работите како тоа дека се нетпреваруваме кој е пописмен. :^)
    [​IMG]

    Инаку, со тоа што велиш дека има испуштено една буква во неправилните зборови кои ти ги употребуваш, ако мислиш на пошто пак не ти е точно. :D :P
    Немој сега и ова да го сфатиш сериозно. Just saying.

    И никаде не спомнав дијалект, туку ти уште од одамна баеше дека демек не смееме да ги осудуваме оние што пишувале на пр. „наспроти“ наместо „напротив“ бидејќи можеби во нивниот дел така се зборувало и тие така се навикнати. Неисе.

    И да, она што го пиша со законите и не знам што, според мене е неприфатливо насекаде да фрчат „незнам“, „сватив“, „нај добро“, „умреф“, „разкажува“...

    Па наш е јазикот, единствен е, зошто насекаде да пишуваме погрешно кога со малку труд може да го негуваме јазикот? Па искрено, на прсти се бројат тие што пишуваме литертатурно македонски и правописно точно.
    Разбери веќе, неточно е и нема никакво оправдување за тоа да се пишува неточно.

    Јас разбираме десетина луѓе да има што ги прават овие грешки, ама секој втор, ма каков секој втор, како што реков на прсти се бројат! Она за пошо го реков на шега, сигурно и јас сум напишала некаде така или слично, ама добога не ми е секој втор збор таков. Јас не сакам се да е од црта до црта точно, ама најосновни работи бе. :x Па после зошто била проста нацијата, младината не чини, ова она.
    Ако денес на форумов пишуваш неточно, утре на магистерска како ќе пишуваш? :emo:
     
  14. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Си помешал директен и индиректен предмет, Трајко не може да ја победи на Стојна, но Трајко може да ѝ честита на Стојна за победата, на пример. Така имаме на мене ми, на тебе ти, на него му, на неа ѝ, на нас ни, на вас ви, на нив им како пандан на мене ми, тебе ти, нему му, нејзе ѝ, нам ни, вам ви, ним им.
    DAngel е во право цело време.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.220
    Kajcuska, пролемот не е во директниот или индиректниот предмет, туку неправилната уотреба на „на мене“ и „на тебе“.
    Употребуваат реченици со : На мене ми се допадна, а не Мене ми се допадна.

    Дури и уверуваат дека е правилно тоа бидејки е индиректен предмет, а нејзе како индиректен предмет сметаат за грешно.

    Не е проблемот во она што ти го измени, туку во грешката на употребата на горенаведеното.

    И сега, да те прашам, ако можеш одговори ми.

    На нас ни рекоа, или, нам ни рекоа.
    На вас во рекоа, или вам ви рекоа.
    На нив им рекоа, или ним им рекоа.
    На мене ми рекоа, или мене ми рекоа.
    Тебе ти рекоа, или на тебе тирекоа.
    Нему му рекоа, или на него му рекоа.
    Нејзе и рекоа, или на неа и рекоа?

    Ако е правилно - на мене, на тебе, на него,на неа, на нас, на вас, на нив, тогаш, што е мене, тебе, нему, нам, вам, ним?

    Како се именуваат првите, а како вторите?
    Ете табелата погоре, каде ги ставите овие заменки?

    А за магистерските...епа испогрешени се. Затоа имаме неписмени магистри. И затоа се залагам за задолжително лекторирање на магистерските од лектор.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Ама Cka, вие ги мешате формите за директен и индиректен предмет. Не би било правилно ако речеме „на мене ме удри“, предлог пред директен предмет не треба да стои. Но на мене ми рече исто како и мене ми рече е правилно и нема никаква грешка во употреба и на двете форми.
    Точно е и едното и другото.

    Истото што го велам го имате и во табелата, само не знам дали не сте го сфатиле убаво.
     
  17. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Во „распореТ на Звонење“ каква гласовна промена се среќава ? јас мислам „обезвучување на согласки“ ама не сум сигурна
     
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.220
    Како и да е, ние можеме сега да објаснуваме, ама изгледа македонистите си отишле од форумов. Никој не дојде да реши дилеми и закачки :emo:
     
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    ШТО? :o
     
  20. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Лелла.

    Никогаш повеќе немој да помислиш дека се нервирам. Посебно за форумов и нечие небитно (за мене) мислење. :)
    Друга работа... На кој јазик треба да напишам дека зборот пошо/пошто - небитно, беше наменет со саркастична намера. Ниту во мојот дијалект не користиме пошо, ниту пошто.
    Што јас не знам дека правилно е затоа што или зашто?

    Зошто е неприфатливо да прочиташ "незнам" на форумов? Нема да сфатиш? Оној што напишал е автоматски неписмен? Форумот е за меѓусебни разговори помеѓу девојки за свои проблеми, размислувања, дискусии, споделување на радост и солзи. А не е културен центар за писмени девојки.

    Јас навистина не разбирам зошто ги поправате некои очигледни глупи грешки како незнам. Што ако ги попречите? Ќе се направите паметни? Ќе ги описмените? Као демек неписмени се.

    И законот важеше пример за она дека ако напишеш незнам си неписмен не форумов.

    Ај доста е. 8)
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.