Некому не му пречат. Мене страшно ми пречат. Се вадам од такт кога ќе ги видам. Како тоа мислиш што ако пишуваат „незнам“? Абе едно празно место ли ги мрзи да стават!? За пишувањето „незнам“ нема апсолутно никакво оправдување, тоа е неточно. И ако не на форумот каде? На магистерска утре сите овие ќе напишат „незнам“. И што добивме. Ако некој знае како е правилно, има да го пишува правилно и точка. Ако не знае, ќе се научи. Крај. Нема причина поради која не би пишувале правилно ако знаеме дека не е така. Разбирам опуштено зборување за кое цело време зборуваш а кое воедно воопшто не припаѓа во правопис. Ама правописните грешки не ги можам бе. Едноставно не разбирам. Ај ќе пишуваме грешка. Зошто? Па бидејќи е место за проблеми, размислувања, дискусии, споделување на радост и солзи.
Убаво е што сакаш да укажеш на грешката, убаво што сакаш да помогнеш, но и да го поправиш некого, другиот ако е научен така, така ќе си тера, освен ако не прифати самиот за тоа да го промени.Мислам и општо, не само тука, можеш до бескрај некому да објаснуваш, ако не сака другиот да прифати ќе биде џабе.Особено преку форум да подучуваш некого, нема ефект, бидејки се знае каде тоа се учи и на кој начин.Иако не ни можеш да бидеш сигурна дека утре ден, тие на магистерска така ќе напишат, бидејки можеби овде на форумот, не обрнуваат толку внимание, бидејки е форум, а не место за подготвување магистерска и сл.Значи за се нешто, има свое место, каде и како треба да се прави.Во ред е да се укаже, не ме разбирај погрешно, се надоврзувам на она што го кажа, немам ништо против тебе, туку само кажувам мислење.Вака, само време и енергија си трошиш, нервирајки се без причина
Правите темава на ништо да не личи. Ако не ти се пишува литературно не пишувај, што воопшто бараш на тема за правопис?
Дајте па најдете некој надворешен извор да го прашаме, не мора од форумот, замолете го да ни се придружи на форумов и да ја разреши мистеријата. Јас цврсто стојам зад тоа дека заменките за директен предмет може да се користат со "на" за индиректен предмет. А Lella и сите оние на кои им се гади од помислата, можат само да се сликаат. И јас прашав нешто. Зошто ако "на" не смее да се употребува со заменки и "На кого?" и "Кому?" се легални прашања за определување на индиректен предмет во една реченица?
Еве надворешен прилично релевантен извор. Некоја феминка очигледно го постави вчера прашањево на ФБ групата каде се дружат македонистите, ама резултатите не и` одговараа, па не го поставила и тука. Еве линк до дискусијата. Мислам дека групата не е јавна, па ќе мора да побарате да влезете за да бидете член, ама ако некој од вашите пријатели е во неа, може да ви го одобри влезот. https://www.facebook.com/groups/makedon ... 088230722/
Точно мислиш Тоа е гласовна промена при која звучните согласки на крајот од зборот се изговараат како безвучни, односно се обезвучуваат (пр.распорет-распоред).Оваа појава при пишувањето не се одбележува.
Да, Горде. Разбирам и знам дека за џабе се нервирам и џабе е сето она што го правиме кога другите абер немаат да се свестат и да пишуваат правилно. И токму затоа се нервирам. А за послободно пишување не форумов, апсолутно не гледам причина. Ако некој знае, јас мислам дека сигурно ќе пишува правилно. Работата е што повеќето не знаат. Јас на пример никаде, ама никаде не можам да си дадам слобода да пишувам неправилно. И во дневникот дури морам да ставам надреден знак на се’ уште. Ај ќе им простиме за „сеуште“то, за „корегира“ итн. тие ретко некој ги знае, ама најосновните, е тоа веќе... Како што рече, џабе се нервирам, тоа е, а криво ми е што со многу малку труд ќе можеше да биде совршено. Инаку ова со „на“ оди преку граници. Утре ќе ја прашам наставничката по македонски, и сигурна сум дека ќе одговори точно бидејќи сум сигурна во нејзината професионалност. И верувајте, нема да лажам, ако е со „на“ ќе кажам. (римава )
Мене горниот одговор од ФБ групата не ми е доволно објаснет за да го прифатам. Исто така немаш никаков доказ дека луѓето погоре се македонисти. Ниту пак прашањето е доволно јасно прифатено. На еден блог, lektor.com.mk мислам дека беше, има една статија за неправилната употреба на "на" и никаде не пишува дека не смее да се користи за индиректен предмет. ПС. На мене горниот одговор... е исто така точно
Може да е точно, не викам не. Ама навистина сега, не изгледа, ниту звучи воопшто убаво. Најискрено, кажи како е поубаво за уво: 1. Мене ми се допаѓа тоа. 2. На мене ми се допаѓа тоа. И да се и двете точни, зошто си се фатила за „на“то кога без него стопати поубаво изгледа. Како и да е, ви реков. Утре очекувајте одговор од стручно лице и веќе да ја завршиме дискусијава.
Во табелата што самите си ја постиравте и лајкнувавте ви стои наведено како треба да изгледаат заменките при индиректен предмет со предлог, не гледам зошто сè уште не ви е јасно. И мене не ми се допаѓа тоа „на“ пред формата за индиректен предмет и не го користам, но таа форма е прифатена како опција од нормата, ја има во учебници и се изучува од истите.
Сакам да го замолам некој од тука да употреби заменска форма за директен предмет во реченица. Нешто ми се блокира главата никако да ми дојде убаво сврзана рееница со директен предмет и со заменска форма. Замор е, многу работам деновиве Се сетив од кога си каснав чоколадо
Lella си сечка од групата само што и одговара. И нејзините така наречени македонисти се скараа околу прашањето. Единствениот опширен одговор на прашањето е: Сега ќе речете дека и јас си сечкам она што ми одговара. http://lektormk.blogspot.com/search/lab ... 0%BA%D0%B0
Дангел. Сликава што си ја постирала горе многу добро ти објаснува дека станува збор за падежи кои или изумреле или воопшто не постоеле во нашиот јазик но сепак постојат некои необјаснети работи кои спаѓаат во тоа поле. На е падежна форма. Можно е да е прифатливо но не се користи за правилен, литературен, правописен израз.
Се користи, побарајте си го учебникот од основно или средно, уверете се сами и не ширете дезинформации.
Учебниците денешни мене не ми се релевантен фактор, затоа и толку неписмена младина имаме. А со неа и неписмени професори кои треба да ги искинат дипломите. Ако сакате да најдете нешто дали вистински постои, прочитајте дваесетина книги, лекторирани од нормален лектор, не од инстант факултет, и видете дали во тие дваесет книги ќе го има она фамозно - на мене ми се допаѓа. Факт е дека ретко се читаат книги, а и оние што се читаат се лесна литература од типот 50 нијанси на сиво, каде има ужасни граматички, правописни и грешки при превод, што за поголем профит и побрзо издавање, никој не ги прегледува. Јас никогаш нема да пишам НА МЕНЕ МИ СЕ ДОПАЃА, оти никаде не пишува дека треба да се користи така.
Не знам кој која теза ја поддржува, ми се измешаа веќе профилите и коментарите за "на мене" и "мене" во сите горенаведени примери, но точно е само "мене". Во скопскиот регион, полошкиот и североисточниот се користи "на мене" и тоа им е нормално, затоа се убедени дека е точно и дека е литературно. Не се точни и двете и не се влезени во стандарден говор. На крај ќе напишев-ова е мое мислење, ама не е само мое мислење туку е факт. Поздрав.
Извини ама јас ништо не сум исекла. Сигурно мислиш на капетанот. Иако се согласувам со нековиот исечок. Знаете што? Заборавив да ја прашам наставничката како што реков. Значи како можев. А цел ден се токмам. Е сега дури до вторник, ако не се разреши работава до тогаш. А групата погоре не ми стои како да е многу верна. Јас побарав да влезам во неа, чисто онака, и веднаш ми одобрија. Така што не ми стои дека се лектори или професори по македонски. Штом и јас успеав да влезам. Пак ќе кажам, ако некој има можност да се обрати кај стручно лице, нека го стори тоа. Јас ако треба и аларм ќе си ставам во вторник, ама ќе ја прашам.
Јас кога учев правопис не смееше да напишеш „на мене„. Доколку некој го употребеше на писмена задача, професорите ќе ставеа црвена линија со пенкалото на тоа непотребното „на„ и заради тоа ќе добиеше минус. Лично сум го добивала тој минус, бидејќи во говорното подрачје од кое доаѓам ние го користиме во секојдневен говор па ми се испуштало од рака да го напишам и на писмена. Литературно не е правилно да се користи. Ако овие денови е прифатено во правописот како правилно, тогаш јазикот драстично ни се менува, што е страшно нешто. Зошто? Затоа што утре и незнам, неможам и несакам ќе стане правилно. Кога погледнеме во темите за љубовни проблеми, каде претежно пишуваат младите, секоја втора така ги пишува
Lella не мачи се да прашуваш. Cka кажа дека не прифаќа мислења на професори. Или може ќе прифати ако бидат на нејзина страна... Сите сте толку стручни, а никоја не се ни обиде да ми објасни тоа што прашав.
Значи од инает две вреќи сол, само да не признаат дека не се во право или дека некој друг знае повеќе од нив. Убаво ве праша DAngel зошто индиректниот предмет одговара на прашањата „Кому“ или „На кого“? Сфатете веќе еднаш дека предлогот на не се употребува заедно со формата на директниот предмет, но дека со индиректниот предмет не е неопходен, но е сосема прифатлив. Ако не сфаќате или не прифаќате оставете ја барем темава да дише. Уште и фејсбук групи постираат тука и ги сметаат за релевантни, ама учебниците не чинат. Што ѝ стана на Ана? Што ѝ стана на неа? Што ѝ стана нејзе? Кој му е татко на Петар? Кој му е татко на него? Кој му е нему татко? Да не има нешто погрешно во реченициве? Нема.