1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Коцјушка девојче ти изгледа не разбираш, го кажа она што ние и го кажуваме на Дангел цело време.
    Ти изгледа си помешала именки и заменки. Значи кога се работи за именка во реченицата мора да има на - Трајко и даде цвеќе на Стојна. Стојна е именка.

    Кога се работи за заменки нема на: Трајко и даде цвеќе неа. Неа е заменка.
    Трајко и даде цвеќе на неа. ??? Не би рекла.
     
    На b.o.n.i и Lella им се допаѓа ова.
  2. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Ти девојченце си таа која ништо не разбрала од дискусијата. Впрочем на темата самата си призна дека не те интересира правопис затоа што порадо би пишувала онака како што се говори во твоето местенце или така нешто, па не разбирам зошто воопшто се заангажира тука. Колку да оди темата во неповрат.

    И не е важно што ти би рекла, важно е како е правилно. А правилно гласи:
    Трајко ѝ даде цвеќе на неа.
    Трајко ѝ даде цвеќе нејзе.

    На кого му даде Трајко цвеќе?
    На Стојна.

    Кого именка е во случајов? Не е. И после дипломи за завршен филолошки им даваат.
     
  3. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Прво прави разлика помеѓу прашална и потврдна реченица потоа зборувај.

    Јас се изјаснив дека не сакам да бидам стегната на форумов и да, пишувам како сакам. А сега како што знам дискусијава е за тоа како е правилно или правописно.

    Трајко и даде цвеќе нејзе. (потврдна реченица)

    Kому му даде Трајко цвеќе? - прашална реченица (ако не знаеш)
    Неа/Нејзе.

    Значи општа работа.



    Каде гледаш на?

    A еве вака изгледаат прашалните заменки.



    И значи ќе ве молам, не значи дека ако сте од Скопје правилно зборите.
     

    Прикачени фајлови:

    • Screenshot_1.png
      Screenshot_1.png
      Големина на фајлот:
      21,6 KB
      Прегледи:
      155
    • Screenshot_2.png
      Screenshot_2.png
      Големина на фајлот:
      8,7 KB
      Прегледи:
      154
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    ^
    [​IMG]
    Убаво си стои во табелата.
    Плус, Трајко ѝ даде цвеќе неа, нема логика. Тука на го објаснува односот.
     
    На DAngel, eliesaab и Kacjushka им се допаѓа ова.
  5. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    НА НЕА или НЕЈЗЕ, не може само неа да стои како одговор. Аман. И ви потцрта убаво Рејн каде гледам и што во табелата.
    И не мора да си од Скопје за да знаеш општи работи.
     
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.925
    Пол:
    Женски
    И порано ќе напишав мислење во темата,но ја прашав професорката за секој случај.

    пр. на мене ми се допаѓа
    Правилно гласи вака: мене ми се допаѓа.

    А за неа и нејзе, и двата збора се точни и се користат,но во зависност од предметот (дали ќе биде директен или индиректен)
     
    На ariela09, Lella, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Еве elisaab ја прашала професорката. Јас се надевам дека не е некоја неписмена професорка како повеќето. И јас ќе ја прашам за секој случај, и да знаете дека сум сигурна 100% во мојата, значи нема промашај. :!:

    Изгледа Трајко многу ја сака Стојна. Колку цвеќиња и даде. :lol:
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Стојна му даде на Трајко. (конечно)

    Ете сега љубовта е обострана. :lol:
     
    На Abeja, Lella, sofijanoka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.925
    Пол:
    Женски
    Далеку е од тоа.Жената има доста искуство,дури ми објасни дека и во учебниците има такви грешки,а и учениците се почесто го користат тоа на во овој случај,што е сосема неприфатливо.

    Ајде ја разрешивме дилемата,чисто да ви биде мирна душата и да не се испокарате,сега конечно е и потврдено :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    A кој рече пак сега дека неа или нејзе не биле точни зборови за да ни потврдуваат професори дека се точни? И до тука дури стигна муабетот. Работата е во тоа што неа (3. лице еднина, ж.р.) се користи кај директниот предмет (неа ја), додека за да се употреби при индиректен, потребен е предлогот на (на неа ѝ), во спротивно, кога го нема предлогот на , се употребува нејзе (нејзе ѝ). И јас немам никакви дилеми кои треба да се разрешат, ова убаво го знам.
     
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.925
    Пол:
    Женски
    мислев на ова

    значи зависи од предметот.
    А извини,Kacjushka тоа за тебе беше потенцирано?Те спомнав јас некаде тебе? 2-3 страни се повторува едно исто, и мислев дека подобро да прашам на училиште за да знаат тие што не им е јасно ова,како гласи правилно.
    На се‘ мора некоја маана да се најде.
     
    На Lella и ariela09 им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема потреба од забуни веќе.
    Еliesaab само го потврди тоа што беше постирано на табелата.
    Се си е јасно кажано што иде со на, што без.
    Мене тоа ми се допаѓа. :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Здраво генијалке. Види го првото мислење од каде почна темата. Не е предмет на расправа секоја употреба на „на“ туку само на почетокот на реченицата во ситуација кога зад „на“ стои лична заменка. Ама добро, не ни очекувам сите да се писмени ако пишуваат во теми за писменост.

    И, професори постираат на групата на ФБ, ама нема везе тоа. И на децава тука професори кои се раководат по учебници им кажале дека НА е вишок на почеток на реченицата, ама и тоа нема везе, само ти си у право, пошто си almighty, така? Прејз д Качјушка, лорд оф д писменоста. :angel:

    Она што реално сакаш на македонски литературен јазик да го напишеш е „Трајко нејзе ѝ даде цвеќе“. ;)
     
    На Cka, Lella, ariela09 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Elisaab, мора некој да ме спомне за јас да напишам нешто или да исправам нечија грешка? Далеку од тоа дека јас знам сè, ама ова го знам и знам дека не е така како што убедувате цело време. Уште и учебниците по граматика во кои не сум сретнала некоја сериозна грешка и кои ги составуваат универзитетски професори биле нерелевантни, па ќе прашуваме професори од средните училишта. Знам дека во поново време се појавија сомнителни учебници, ама оние од кои јас учев токму граматика беа постари изданија и беа потпишани од звучни имиња. Тука завршувам знаејќи дека сум во право. Вие слободно можете да продолжите по ваше ако сакате иако грешите.

    На некои како капетанчето не планирам да им реплицирам. Тој не знае ни од табела да чита убаво. Во споредба со такви не е тешко да си бог на мудроста.
     
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.221
    Трајко нејзе ѝ даде цвеќе .

    И да не те збунам, нејзе е литературен збор.

    Поздрав од еден професор по македонски, кој за жал не е член тука на форумов. Кога го прашав за ова, без да образложам од каде прашањево, ми рече, ако ова не го знаеш да ја вратиш петката во школо. Викам, чисто дилема. Ми рече дека е дилема за неписмени. И ми беше срам понатаму да зборувам. За жал, не добив конкретен одговор. Иако знам дека така учев во средно, дека на неа, не постои. Сигурно некој пописмен од нас чита сега и се валка од смеење и се срами што ние постоиме тука, а не си го знаеме правописот.
    Плус, доста ми беше кавгање за ова, кога на форумов има тешка неписменост, со незнам и свакаш, со три точки или ниту една точка. На човек можеш да му земеш со сила, не можеш да му го дадеш со сила. Ако сте решиле да викате и пишувате дека , на неа и се допаѓа, место нејзе и се допаѓа, терајте. Ваша грешка е.
    Супер што се разврза дискусија на оваа тема, наместо на - што си купив денеска и видете колку шминки имам. Кога сите дискусии би биле вакви, за правопис, од кои можеш да научиш нешто, и кога одговорот на секое прашање не е - купи си тест за бременост и ако не свршил во тебе, не си трудна ако кивал накај тебе, супер е.
    Тажно што некои и тука најдоа простор за навреди, што нормално зборува за нивниот праг на толеранција, почитување на туѓото мислење и став, што секако се учи уште од дома, од родителите. За жал, светот е таков, родители кои не знаат да воспитуваат, а професори кои пишуваат незнам.
    Баш би сакала следна дилема и нови 5 страни на Правопис, место, свекрва ми ми зјае во кесите дома.
     
    На Bozica1980, Mishela, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.925
    Пол:
    Женски
    Нормално дека можеш слободно да коментираш.Никој ништо не ти брани,ама ти упорно се’ знаеш.Нас другите не не бива,а?А која грешка ќе ја исправиш? Што грешка напишав јас? И јас прашав чисто да ми потврди,а и порано истото ќе го напишав само сакав да нема забуни зашто ако читаше внимателно се бараше некој да потврди.Еве ќе ти кажам.Да, ти си во право.Ако ти е полесно ;)
    А капетанот ништо лошо не ти рече.
    Ја завршувам дискусијата,и поздрав до тебе Kacjushka.
    Барај ми грешки сега во мислењето :wasntme:
     
    На Valerin и Cka им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    ^^Само што земав да прашувам дали овие форми со предлог не постојат во македонскиот литературен јазик. :) Мене ми беше јасно дека на не иде напред, ама за ова второво не знаев дека не спаѓа во литературниот ни јазик.
    Искрено, не е толку срамота ова што го разглабаме тука, пре би рекла срамота е да не знаеш, ама и да не сакаш да научиш. :hai:
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Грешки во мислењето? Па не користиш спејс секогаш кога е потребно. Не е работата да ми биде мене полесно, работата е во тоа дека не сте во право, ама како што ви напишав, слободно продолжете. Само се надевам дека немате дипломи од филолошки и дека нема ни да ги добиете во иднина. А Чка, јас имав професорка во средно која не знаеше каде се користи „в“ а каде „ф“ во зборови толку очигледни како крв на бела кошула. И таа имаше обичај да вели дека целата младина е неписмена, затоа поздрав и до тебе и до твојот пријател - професор.
     
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Конечно се разреши дилемава. Како што рече Cka, ние тука зборуваме за на мене, на тебе, нему, нејзе, а во другиве категории уште пишуваат станаф. |(

    И јас искрено би сакала да се развие нова дискусија, делчево ми е некако одделено од другите, можеби бидејќи сепак колку-толку се знае правописот. :)

    Кацјушка, или како и да ти е никот, од професор до професор има разлика. Не значи дека ако еден е неписмен, автоматски и другите се. :emo:
     
  20. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Уф колку ми е убав ников. Многу си го сакам...

    Ајде давајте други дилеми да решаваме. :lol: