Самите си постиравте табела, не знаете да прочитате од неа. DAngel се обиде да ви објасни, не го прифаќавте нејзиното објаснување. Јас се обидов да ви објаснам - истото. Беше постирано убаво објаснување на еден професор од таа групата на Фејсбук, и тоа почнавте да го вадите од контекст и да го толкувате како ќе ви текне. Во ред, вие сте мнозинство, како беше она... народот е во право и тогаш кога греши, па терајте по свое, по трет пат ќе ви напишам. Отсега престанете да ме спомнувате мене.
Добро кој е проблемот? Ние учевме дека може вака мене ми, тебе ти, нему му, нејзе и, нам ни, вам ви, ним им а може и вака на мене ми, на тебе ти, на него му, на неа и, на нас ни, на вас ви, на нив им
Значи и 10 табели пред нос да си прикачите што го кажуваат тоа што јас се обидувам да го кажам во страниве, пак ништо не помага. Сами си поставувате табели кои го потврдуваат тоа што јас го кажав и пак се силите дека сте многу писмени со релевантните фејбук групи
Малку ми е доцна да редактирам. Оние што рековте дека за индиректен предмет било прифатливо ама не било прифатливо на почеток на збор, сакате да кажете дека: "И дадов нејзе" и "И дадов на неа" се прифатливи, "Нејзе и дадов" е исто така прифатливо, ама "На неа и дадов" не е?
Кога пишуавам есеј често се двоумам дали да пишувам запирки ако употребувам повеќе од една придавка. Пример : првите утрински сончеви зраци или првите, утрински, сончеви зраци ? Постои некое правило ?
Според некоја моја логика, ова првово ми е пологично. Оти на пример кога ќе го читаш, цело време тргни застани ќе правиш. Ама јас поима си немам, така што не ми земајте здраво за готово.
Секако дека постои правописно правило за употреба на интерпункциски знак запирка. Запирка се употребува: а. меѓу делови на една реченица; б. меѓу реченици што влегуваат во составот на една сложена реченица. Две или неколку придавки што се однесуваат непосредно на една именка и не се сврзани со сврзници се одделуваат со запирка. Во конкретниот случај правилно е: Првите, утрински, сончеви зраци...
Еден мој наставник викаше дека не е правилно, и дека се користи само во исклучителни ситуации. А кои се тие, не се сеќавам.
Реченици се почнуваат со сврзникот "и" доколку сакаме да кажеме дека мислата продолжува. Се користи во разговорна форма. "И така, си живееја среќно до крајот на животот"
Кажете ми зарем е можно да прочитала толку книги, а сепак да не знае како се пишува „автор“. И после немало неписмени на форумот и сме ја разбрале што сака да каже. Да, баш така.
Не ми е јасно нешто. Пример: Мајка и и направи торта. Во случајов двете "и" не се сврзници, тоа ми е јасно, и знам дека треба цртичка да стои над нив. Ама на кое "и" е правилно да стои цртичката? Или и на двете треба? Или па не треба на ниедно? Ова го имам сретнато во секакви комбинации и затоа не знам како е правилно. Може да стои вака? Мајка и' и' направи торта. Знае некој како е правилно?
Или не се читани, или не се читани. Од 10 книги на една да не видиш како се пишува авторот, е малце ... не знам како да кажам.
Мислам дека треба надреден знак над двете „и“, за да се разликува од сврзничкото „и“ кое во случајов не е употребено во реченицата. Не е логично да се изостави надредниот знак кај „и“, кога се работи за кратката заменска форма за индиректен предмет во женски род. Барем така нѐ учеле.
Надредниот знак во македонскиот јазик има ограничена употреба. Се среќава над буквите е и и, и тоа само во кратките заменски форми ѝ (нејзе ѝ), нè (нас нè) и во општата заменска форма сè (зеде сè со себе). Се користи за да се разликуваат овие форми од сврзникот и, негацијата не и од се во значење повратна заменска форма (се смее, себеси се виде во огледалото) или форма од помошниот глагол сум (тие се тука), соодветно. http://lektormk.blogspot.com/2010/10/e-e.html