Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правопис

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Ariel, 26 април 2010.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Точно.Надреден знак треба да има над двете и кои имаат значење на кратка заменска форма за индиректен предмет во женски род со што би се разликувале од сврзникот и.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Еве неколку правописни правила коишто не секој ги почитува
    -кога на крајот на зборот ќе се најдат 3 самогласки, ј секогаш стои помеѓу последните две (пееја, смееја)
    -зборовите коишто завршуваат на љ, прават множина со л (детаљ-детали, биљбиљ-биљбили)
    -д не се едначи по звучност пред наставките -ски (град-градски), -ство (суд-судство) и -ци (предок-предци)
    -заедно се пишува којашто, каковшто, кадешто, итн.
    -придавките произлезени од именките страст и училиште (сигурно има и други, ама сега само на овие се сетив) во машката форма ја задржуваат т (страстен, училиштен), а другите форми се без т (страсна, страсно, страсни; училишна, училишно, училишни)

    И уште едно правило од македонскиот јазик, не многу поврзано со правописот: два предлога не смеат да се најдат еден до друг во склоп на една реченица. Често сретнувам такви примери, во последно време во книгава што ја читам. Пр.: Се појави од зад вратата; Легна на со свила обложениот кревет. Ваквите реченици не се својствени за македонскиот јазик.
     
    На eliesaab, Lella и Cka им се допаѓа ова.
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    За ова не би се согласила. Каде што, кај што, каков што, колку што и така натаму, не се пишувааат слеано. За разлика од чијшто, којшто... :)
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Сложените релативни сврзници добиени од заменките кој, чиј и што се пишуват слеано:
    којшто, којашто,коешто, коишто, чијшто,чијашто,чиешто, чиишто.
    Но, одделно се пишуваат релативните сврзници: кај што, каде што, како што, колку што, каков што, каква што, какво што, какви што.
    За македонскиот литературен јазик не е правописно правило слеано да се пишуваат релативните сврзници.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Токму тоа сакав да го препишам од правописот. Еве го до мене и тоа го пишува. Моја грешка. :)
     
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Дримке, искрено, се надевам дека е така. :tmi:
     
  7. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Како е правилно оргинал или оригинал? :?:
     
  8. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Оригинал.
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Што значи зборот НЕЈСЕ?
     
  10. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    турски збор е, и ние го користиме. значи "како и да е" или "без оглед" :)
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Нејсе е честичка со која се изразува согласност,прифаќање на нешто (така нека е, и без оглед), а по потекло е турски збор.
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.919
    Допаѓања:
    89.698
    Пол:
    Женски
    Потсеќа или Подсеќа

    мислам дека знам и на крај пак ме збунува што е точно :|
     
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.671
    Потсеќа :)
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    А не е потсетува? Не сум експерт, но потсеќа ми делува како да е на дијалект, дури и србизам.
    Но ако е правилно, немам ништо против тоа :D
    И јас го користам потсеќа во разговорна форма, не сум се запрашала како е правилно :)
     
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.671
    Мислам дека прашањето на Викторија се однесуваше дали да биде Д или Т буквата, јас како што разбрав. Инаку и потсеќа и потсетува се употребуваат, иако правилниот глагол е потсети.

    потсети (св.)
    (се) потсетуваат
    Вид збор: Глагол, несвршена форма

    Изведенки
    1. потсетување ср.
    глаг. им.
    2. потсеќава несв.
    (се) потсеќаваат
    глаг. им.
    3. потсеќевање ср.
    глаг. им.
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.919
    Допаѓања:
    89.698
    Пол:
    Женски
    Потсетува можеби е точно но оваа потсеќа ми е повеќе разговорно и ти што велиш дијалектно.
    Како што кажа Еми повеќе ми беше за буквата дали Т или Д но веќе е јасно :)
    фала женски :*
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Дајте некоја нова дискусија ајде, досадно вака. :D
     
  18. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ќе развие дискусија, ама ајде, сепак ќе пишам:
    Идеја или идеа?
    Некаде бев прочитала сретства, а јас мислам дека правилно е средства.
    Сега, што е точно?
     
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Според правописното правило, меѓу самогласките е и а се пишува ј (идеја).
    Правилно е средства.
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    И да се надоврзам, множина не е идеји туку идеи.
    Јас ќе прашував, низ книги имам сретнато незнаејќи, е сега не сум сигурна како е правилно, дали не знаејќи или незнаејќи. Јас мислам дека е првото (не знаејќи). Па? :?: