За жал многу од младите не знаат или не се информирани дека постои ваков празник во православната вера. За мене прекрасен празник бидејќи случајно или не е именден и на мајка ми и на татко ми па поради таа причина секогаш симболично го славиме во семејството. Мислам дека треба да се најде начин и да се доближи некако овој празник особено до младите и да се прифати како ден на вљубените иако сметам дека доколку сакаме да дадеме подарок или да пружиме љубов некому немора да чекаме да дојде овој празник или Св. Валентајн туку да се потрудиме секојдневно и со најмали ситници на некого да дадеме до знаење дека го сакаме и дека ни е драг без разлика дали се работи за дечко/девојка за пријател/ка или за роднина
Да, голем празник, за кој сигурно поголемиот дел од младите не знаат, а треба и убаво е да се празнува, како и сите други православни празници.