Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Православен црковен речник

Дискусија во 'Канта' започната од LegallyBlonde13, 20 септември 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Инспирирана од @theowndemon и нејзината заинтересираност за одреден црковен термин решив да отворам ваква тема со црковни термини кои се непознати за некои од вас, можда и слушнати по некој пат, но не го знаете нивното значење.

    Амвон- издигнато место во црквата за проповед

    Аналој- масиче за Евангелие

    Апологет- бранител на Христијанството

    Архиѓакон- повисоко звање на ѓакон, прв ѓакон.

    Архиепископ- поглавар на црквовна област од неколку епископии

    Архиереј- старешина на свештениците

    Архимандрит- Највисок чин во монашкиот ред, старешина на монасите во манастирите.

    Антиминс-
    Значење, историја и примена
    Во црковната терминологија антиминс се нарекува едно четириаголно платно, од свила или лен, кое секогаш стои на светиот Престол во Олтарот, а кое е завиткано во илитонот, а се чува под Светото Евангелие. На овој антиминс се служи Божествената Литургија. На него е претставено погребението Христово, со Јосиф и Никодим, и жените мироносици, и четирите евангелисти на четирите агли, а на постарите зачувани антиминси претставен е само крстот Христов, односно распетието. Бидејќи антиминсот е замена за Престол, којшто пак го претставува Гробот Христов, затоа на него се претставува погребението Христово.

    Името антиминс е грчко-латинска кованица, од зборовите „анти“ – наместо, и „менса“ – трпеза, маса, односно, наместопрестолие, или подвижен Престол за служење Литургија.

    Во првите векови, кога Црквата била гонета, и Литургијата се служела тајно, (обично врз гробовите или телата на мачениците, во краен случај и врз дланките на ѓаконите или врз градите на епископот) се употребувало платно во кое, при опасност, ги завиткувале светите дарови и бегале на друго место. Кога христијанството станува легално и слободно, почнуваат да се градат храмови врзгробовите на мачениците, а потоа од оваа пракса се воведува правилото, во секој храм, во светиот Престол во Олтарот задолжително да се полагаат свети мошти од свети маченици. Бидејќи антиминсот е замена за Престол, односно подвижен Престол, затоа е воведено и во него задолжително да се полагаат свети мошти од маченици.

    Поимот антиминс прв пат се сретнува во житието на преподобниот Маркијан Сиракуски (околу 700 година) и означува подвижна света Трпеза (маса), на која светителот извршувал Божествена Литургија. Околу IX век во Византија се пренесувал обичај да се употребуваат осветени дрвени табли или платна за извршување на Божествената Литургија во услови кога немало воопшто или не бил канонски осветен светиот Престол. Овие табли, кои се користеле како престоли се познати и во праксата на антихалкидоните, кои биле прогонети, и поради тоа принудно извршувале Литургија на скришни места. Во писмото на свети Теодор Студит до Навкратиј се спомнуваат дрвени табли за служење Литургија, како и во посланието на автократорите Михаил Втори и Теофил до Карло Лудовик, се спомнуваат дрвени табли на кои има икони, и врз кои служеле Литургија. Светиот Никифор патријарх цариградски исповедник (+828) ги нарекува овие табли и платна антиминси. Изгледа овие антиминси нашле широка примена особено во текот на иконоборството. Подоцна во Црквата се употребувале антиминси само од платно.

    Од XVII век антиминсот станува задолжителен за секој Престол, но можело и без мошти, а подоцна се наредува секој Престол да има антиминс, а во антиминсот да има свети мошти.[​IMG]

    При осветување на храм се осветуваат и повеќе антиминси (а може и на обична Литургија, врз веќе осветен Престол, пред почетокот или за време на Литургијата), на кои е претставено погребението Христово, и на кои е наведено на кој датум, каде и од кој епископ е осветен антиминсот, и за која црква е наменет. Тоа е еден вид мандат за секој свештеник за да може канонски да отслужи света Литургија, доказ дека свештеникот има благослов од својот епископ да служи Литургија во конкретниот храм.

    Антиминсот денес се чува на светиот Престол, здиплен под илитонот, и под светото Евангелие, а се отвора при доаѓањето на архиерејот, и во текот на Литургијата, кога се кажуваат ектениите за огласените. Врз него се извршува светата Литургија, врз него се подготвуваат честички за причестување на болни, а се затвора на крајот, на последната ектенија, по причестувањето.

    При осветувањето на антиминси, се попорскуваат со миризливи материи, вода од трендафилови цветови (розова вода, етерично масло од розови трендафили), или мирисно вино, а се запечатува со свети мошти, намачкани со свето миро и запечатени со воскомастих (материја од восок, мастих-смола, темјан и мириси). По осветувањето на антиминсите тие остануваат во истиот храм уште седум дена, и во тие денови се извршува секојдневно божествена Литургија.

    Бидејќи антиминсот е замена за светиот Престол, кон него треба да се однесуваме со голема побожност, не смееме да го оставиме да се валка, да се уништува, и никој освен клирот не смее да го допира. Исто така не смее ни да се пере.

    Бдение- ноќна служба во православната црква спроти големи празници

    Благодат- Благослов, милост што се бара од Бога, божји дар

    Блудец- чинија со пченица, шеќер и ореви, пригодена според православниот обичај

    Богослужба- Литургија, богослужение, обично во црква.

    Продолжува -------》
     
    На theowndemon и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  2. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Владика- висок православен духовник што е на чело на епархија.

    Вознесение- Христијански празник, посветен на Христовото вознесување на небото, што се слави на четириесеттиот ден по Велигден.

    Догма- верско начело што верниците треба да го прифатат без никаква критика како апсолутно вистинито

    Ѓак- тој што се подготвува да се замонаши во манастир

    Ѓакон- Свештено лице што му помага на свештеникот (или епископот) при богослужба. Припадник на најнискиот од трите чина во црковната хиерархија

    Ѓаконик- просторија покрај олтарот или вдлабнатина во олтарот што служи за чување црковни предмети за кои обично се грижи ѓаконот.

    Евангелие- текст напишан во првите векови од христијанството за животот и за учењето на Исус Христос, дел од Новиот завет на Библијата.

    Евхаристија- света Причесна

    Егзархија- самостојна православна христијанска црква на чело со егзарх.

    Егзарх- поглавар на самостојна православна црква или на определена црковна област; митрополит, застапник на патријархот.

    Енорија- област (територија, населено место) во која служи еден свештеник.

    Епистоларија- Христијанска литургиска книга што содржи низа литургиски текстови.

    Епитрафил- дел од облеката на православните свештеници во вид на долга лента што се наметнува

    Житие- Животопис на светец

    Заслуг- чествување спроти слава, почеток на славење на светителот, заштитник на домот

    Игумен- Старешина на машки православен манастир

    Игуменија- Монахиња старешина на женски православен манастир

    Искади- со палење миризлива материја (темјан) рашири чад

    Испосник- Монах што живее на осамено место без допир со надворешниот свет, по строго определен ред.

    Јереј- Свештеник во православната црква.

    Јероѓакон- Посветен ѓакон, калуѓер-ѓакон во православната црква.

    Јеромонах- Свештеник-калуѓер во православната црква, калуѓер што може да ги врши сите свештенички активности како световниот свештеник.
     
    Последна измена: 20 септември 2017
    На Bitter-Sweet и theowndemon им се допаѓа ова.
  3. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Калуѓер- лице што припаѓа на црковен ред и живее во манастир; тој што се замонашил.

    Камилавка- висока, валчеста капа што ја носат православните калуѓери и свештеници.

    Канон- утврдено правило, закон донесен од највисоката црковна власт во христијанската религија/
    Псалм определен за пеење во чест на празник или светец

    Канонизација- прогласување на некого за светец

    Катихозис- учење за христијанската вера, веронаука; основите на тоа учење претставени во вид на прашања и одговори

    Кивор- ковчеже во кое стојат икони и кандило

    Клирос- место каде што се пее во православна црква

    Комкалница- метална чаша за причесна.

    Крипта- подземен ходник и ќелии во кои древните христијани се собирале на богослужба.

    Крмчија- зборник од црковни и световна правила кои cе применуваат во црковната управа.

    Круцификс- слика или фигура на распнат Христос.

    Купел- сад за крштевање.

    Лаик- тој што не припаѓа на свештеничкиот сталеж.

    Ливан- вид смола со пријатен мирис, што се употребува за кадење при верски обреди.

    Литанија- вид црковна молитва што се изговара и пее, при што еден (обично свештеникот) поведува, а верниците во хор повторуваат.

    Литија- во Православната црква процесија од верници со свештенство како церемонијал на набожност.

    Мантија- свештенички долг фустан, обично со црна боја, што се облекува над друга облека.

    Минеј- во православната црква - книга со текстови за светителите распоредени по денови за секој ден во месецот.

    Мирп- светено масло во Православната црква.

    Митарство- во христијанството - начин на извршување на Посебниот суд кој настанува веднаш по одвојувањето на душата од телото по смртта, места на кои душата полага сметка за cвојот живот на земјата, мака, искушение.

    Митрополит- највисок чин во хиерархијата на православната црква по патријархот, епископ на митрополија.

    Молебен- кратка богослужба за изразување благодарност или со молба за здравје и среќа.

    Монах/Монахиња- лице што се откажало од световниот живот и се посветило на религиозна служба.

    Мошти- посмртни останки, коски од светец.

    Нафора- парче (залак) осветен леб што им се дава на православните верници при причестување, по богослужба.

    Нејатка- денот на строг пост (5 јануари, ст. к.) спроти Богојавление.

    Нимбус- ореол на Светец.

    Октоих- Православна црковна книга во која литургиското пеење е во осум гласови.


    Откровение- Вистините што Бог им ги открива на луѓето за Себе, за светот, за човекот, за смислата на своето поcтоење, за животот и за спасението.

    Отпуст- благослов, завршна молитва што свештеникот ја кажува на крајот од едно богослужение на царските двери, свртен кон народот.

    Отшелник- Монах во христијанско православна заедница што живее одвоен и самотен живот заради соединување со Христос.

    Памјат- сеќавање.

    Панагија- украсено иконче што го носат православните епископи на градите обесено на лента.

    Параклис- Црквиче во кое не се служи литургија.

    Паримија- текст, четиво од Стариот завет кое се чита за време на вечерната служба спроти поголеми празници.

    Патријарх- титула и духовно лице со таква титула - коешто е на чело на самостојна православна црква.

    Патрон- Светител кој се слави и се чествува како заштитник на храм, лице, семејство, дом, населено место.

    Пеанија- црковно пеење.

    Петокнижје- првите пет книги од Стариот завет.

    Петолебие- Пет мали лепчиња што ги подготвуваат православните верници за в црква, особено за богослужбата во петоците на велигденските пости.

    Плаштаница- Ленено платно, крпа, погребна облека од тенко платно/
    Платно со сликата на Христовото тело во гробот/Маса покриена со платно што го симболизира Христовиот гроб и се поставува во црквата на Велипеток.

    Полилеј- голем свеќник што виси среде црква.

    Помазание- Црковен обред во кој се мачка со миро во вид на крст; при крстење, пред смрт, при крунисување и сл.

    Поскура- Обредно лепче од квасено пресно тесто, симбол на Телото Христово, што служи за причестување во православната црква.

    Послание- Апостолско писмо во Новиот Завет.

    Постриг- Црковен обред - потстрижување на косата на оној што се закалуѓерува, замонашува.

    Презвитер- Свештено лице; во ранохристијанска црква - црковен службеник, световно лице избрано од верската заедница.

    Прелест- Состојба на духот кога човекот мисли дека реално општи со ангелите или со светците, дека е удостоен да прави чуда, кога ја прифаќа измамата како реална слика во контраст со здравиот разум.

    Престол- во Православната црква - висока четириаголна маса насреде олтарот.

    Причесна- Вино и парченце поскура што им се дава на христијанските верници при обред на причестување, како симбол на телото на Исус Христос и последната вечера со апостолите.

    Пролог- зборник од кратки житија на светци.

    Проскомидија- дел од црковната литургија во која свештеникот ги приготвува на жртвеникот своите дарови (квасен леб и црвено вино) за да ги освети.

    Протоѓакон- прв, постар главен ѓакон во епархијата, особено при катедрален или соборен храм, едно од најглавните лица при служењето на епископите.

    Протоереј- постар свештеник по чин; протопрезвитер.

    Псалм- песни на Старозаветната црква, врвен израз на религиозните чувства.

    Псалтика- книга со црковни песни и ноти.

    Псалтир- свештена богослужбена книга во која се собрани псалмите од Библијата.

    Путир- златна или сребрена чаша за вино кое им се дава при православниот обред на причестување.

    Раса- горна облека на Православни духовници.

    Рипида- тркалезна икона прицврстена на подолг стап, со слика на серафим што ја носат ѓачињата при црковни свечености, осветување цркви и литии.

    Сакрамент- верски обред по кој се добива милост божја - крштевање, исповест, причест и сл.

    Сакристија- просторија, дел од црква каде што се чуваат предметите што се употребуваат при обредите.

    Синод- највисок орган на православната црква.

    Синоптик- авторите на првите три евангелија: Матеј, Марко и Лука.

    Скрипториум- одделна просторија во средновековен манастир каде што се пишувале и препишувале црковни и богослужбени книги.

    Стихира- вид црковна песна.

    Тримир- тридневен пост, при кој не се јаде ништо, а кое се држи во почетокот на великипости.

    Тропар- Црковна песна во чест на некој светец.

    Хоругва- Црковно знаме со ликови на светци што се носи на големи христијански празници, молебени и сл.
     
    Последна измена: 20 септември 2017
    На theowndemon и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Навистина не гледам потреба од отварање на ваква тема, кога со обично пребарување на Google на фразата „православен црковен речник“ веднаш се наоѓаат неколку речници за црковни поими, како на пример овој, од Дигиталниот речник на македонскиот јазик, или овој, на страната на mk.ortodoxwiki.org.

    Ги замолувам сите членови активни во категоријата „Религија“ да не отвараат теми во кои нема подлога за дискусија, со превземени и ископирани цели текстови од други страници и портали, затоа што на овој начин се губи целата смисла на поимот „форум“.

    Форум подразбира место за искажување на личен, сопствен став - со свои зборови, како и место за дискусија, размена на различни ставови, дебата и сл., па нека темите кои ќе се отвараат во иднина бидат во тој дух. :)
     
    На JollyGirl, Orthophill, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.