Низ вековите, па се до денес во Православието се случуваат безбројни чудеса. Господ, со својата духовна храна ги храни луѓето и секојдневно ги издигнува до небесните височини. Многу од тие чудеса денес се прикажани и во вид на видео записи, благодарение на некои благочестиви христијани. Се со цел, Господ да им даде сила на луѓето полесно да ги пребродат земните искушенија, да ја разберат Божјта волја и постојано да благодарат за секое добро и лошо искушение кое ќе им го испрати. Денес, со Божјиот благослов, имаме доста видео записи на чуда, вистински животни стории. Да споделиме искуства, да препорачаме нешто, филм со религиозна духовна тематика, обично видео, драма, документарец, што сте го гледале, а оставил впечаток во вас. За почеток би ја препорачала психолошката (духовна) драма „Остров„. Првонаграден филм за 2006 година за најдобар руски филм. Целото дејствие се одвива во еден православен руски манастир каде живеат монаси. Главната личност е човек кој во минатото прави грев, но по Божја промисла останува жив и цел живот се кае за тоа. Тоа е еден јуродив свет старец. Филмот исто така е доста поучителен и всушност ја дава вистинската смисла на животот. Зошто живее секој човек и најглавното, како човекот може да ја достигне небесната височина, светоста. http://www.prijateljboziji.com/index.ph ... movi&id=17 Се извинувам што неможам да го пронајдам со македонски превод. На оваа страна е со српски превод, се надевам дека нема да ви пречи. Исто би го препорачала и филмот „Тврдина„ . Филм кој буквало остава без здив. Документарец кој ја прикажува безрезервната љубов, сочувството со оние кои страдаат, безграничната помош и се тоа во слава Божја. http://vimeo.com/10058347
Уште нешто за оние кои сакаат да гледаат . Почаев http://vimeo.com/14447205 Документарец за еден манастир во Русија каде Св. Богородица се појавила. Безбројните чуда што и денес се случуваат во овој манастир благодарение на Божјта милост и чудотворната икона на Пресветата Мајка Божја.
Многу е кратко,ама поучно... http://vodpod.com/watch/11930950--a-man ... na-riznica Инаку,на 11 септември во манастирот Св. Јован Бигорски ќе има промоција на получасовен документарен филм "Метох". Филмот го прикажува секојдневието на македонската монашка заедница. Добитник е на пофалница на меѓународниот фестивал "Златен витез" во Русија,а добил покана да биде прикажан пред рускиот патријарх. Ова е прв македонски филм прикажан на овој фестивал. Промоцијата ќе биде од отворен тип. Спојлер Веста ја прочитав во списанието Теа модерна
Дали некој се вратил од мртвите, па да каже дали постои задгробен живот и каков е тој? Еве доказ на вистинска случка . 1 дел : http://vimeo.com/24581754 2 дел: http://vimeo.com/24579128 Спојлер Се надевам дека нема да ви пречи што преводот е на српски јазик.
Денес со тато слушавме две видеа на страната http://www.prijateljboziji.com, од кои http://www.prijateljboziji.com/index.ph ... ruka&id=64 - За бракот - o.Miloš Vesin Колку убаво кажано, мора да се слушне! исто и http://www.prijateljboziji.com/index.ph ... ruka&id=65 SUZE JAČE OD SMRTI Потресителна вистинска приказна, грутка ми се направи во грлово. Погледнете!
Bright, останав без зборови. Те сакам Благодарам Прости ми Од срце кажани, благодетот на мир, љубов и исполнетост ќе ве направи најсреќни
Да не ме разберете погрешно, не ги напаѓам оние кои веруваат во исламот, но ова е само едно сведочење на една личност која го дознала вистинското постоење на Бог и што доживеала ( без навреда на оние кои се муслимани). Видете ја неговата вистинска животна случка која го натерала да премине во Христијанството. Како и што многу христијани се откажуваат од православието и пребегнуваат кон ислам, атеизам, Господ за да го потполни нивниот недостаток бара некои за на нивното место кои ќе бидат поревносни од оние што заминале од него. Но пред се, Тој го слуша нашиот глас и нашите молитви и како секој загрижен родител за своето дете, доаѓа да Го утеши и да Му помогне. Ако не може да стане Му подава рака, ако плаче Го утешува и прегрнува, а ако Го слави, неговата радост ја умножува. http://www.youtube.com/watch?v=QYYk6hEB ... _embedded#!
Леле, ме наежи видеово...верувам во тоа дека секој од нас има претходно одреден и зацртан пат низ животот и на овој свет имаме неколку можности да го откриеме и тој пат не мора да има никаква врска со патот на нашите претци. А во контекст на болдираното можам да пишам еден од моите омилени цитати од Новиот Завет Вечна Му слава сега, секогаш и во вечни векови! Амин.
http://vimeo.com/30919877 Македонскиот филм Метох,говори за монашкиот живот во манастирот св.Ѓорѓи во с. Рајчица.
ПОРУКЕ СА НЕБА Случајно го најдов ова на јутуб,документарец,за тоа како во последно време насекаде низ светот на многумина им се појавува Богородица. Мислам дека сигурно имате слушнато за тоа дека неколкумина имаа видение во Меѓугорје БиХ, потоа во Мексико,дури има и движење во нејзина чест Маријино движење. Документарецот е за тоа дали оваа појава,всушност, е библиска,т.е. дали тоа е навистина Богородица или е само уште една превара на лукавиот. Документарецот е многу добар,вреди да го погледнете,посебно втората половина. Ме интересираат вашите мислења. http://www.youtube.com/watch?v=IczCy-m5 ... re=related
Ангелче, Серафима и Брајт алал да ви е за видеата што ги постирате. Темава е многу убава и поучна. Се токмам денеска или утре да ги изгледам сите.
Чудото на благодатниот оган што секоја година се појавува за Воскресението Христово. http://agapi.mk/videoteka?task=play&id= ... t=listview
http://www.youtube.com/watch?v=yTe_Q716asU Повелете МЕТОХ да го изгледате Краткометражен документарен филм за подвизите на сестринството од манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во с. Рајчица, Дебарско. http://www.youtube.com/watch?v=61lpmuhVt5w еве исто изгледај те ги сите делови за Света Гора.... Прекрасен документарец!!!!
девојки а кај можам да го најдам видеото се намачив од барање и неможам она што е (чудата на православието)?
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... EsOuZGN6a8 16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. (Евангелие по Јован 3,16 ; Библија) Ме натажи видеово