http://www.youtube.com/watch?v=KojoTEMn1t0 Му се поклонувам на човеков. Наместо да тагува за својот инвалидитет, му се заблагодарува на Бога, верува во Неговиот план со толкава смиреност и насмевка, што ме тера да гледам на себе како на една ситна, ситна душа. Секоја чест!
http://www.youtube.com/watch?v=L0dM8JxR ... sults_main вреди да се погледа, видео со Старец Гаврило. И ова погледнете го, за митарствата, ама многу внимателно: http://www.youtube.com/watch?NR=1&featu ... jw0OkBp9RQ
Многу ми се сериозни и мрачни „Три приказни 3 дел“. Другите беа многу подобри и повесели. Светикирило-методиевскиот Символ на верата. Иако не е видео. http://svetigora.com/node/13869
Многу мудри и поучни приказни. "Како што оганот не се гаси со оган, туку со вода, така и злото не се победува со зло туку со добро, не со омраза туку со љубов. Одземете му ја храната на огнот и тој ќе изгасне. Одземете му ги на непријателот сите поводи кон непријателство и неговото непријателство ќе ослаби, престане и ќе биде заборавено". Свети Пимен Велики
Старец Пајсиј Светигорец.Панагуда Филм за еден од најголемите старци на Атон во XX век – Пајсиј Светогорец (1924-1994). Старец Пајсиј е познат со неговите духовни поуки и со подвижничкиот живот. Тој вршел исклучителни аскетски подвизи и бил изобилно надарен од Господа со многу благодатни дарови. Според добиениот божествен повик, духовно воспитувал илјадници луѓе, бил еден од најтрезвеноумните (најрасудителните) старци на новото време. Филмската серија од 6 епизоди (по 50 минути) е основана на житието на старец Пајсиј Светогорец, на спомени и сведоштва од негови духовни чеда, блиски, духовници и други луѓе. Филмот е сниман на места на земскиот живот на старец Пајсиј – на Света Гора Атон, во Грција, на островот Керкира (Крф). Едит Бидејќи нема превод,можеби на некој ќе му биде проблем да го разбере,ќе ставам уште еден кој мене ми остави посебен впечаток и ме трогна
Исто како што објасна @friendy погоре и ова видео има превод на македонски јазик. Старец Јован Крестјанкин.