1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Православни верски настани и соопштенија

Дискусија во 'Религија' започната од LegallyBlonde13, 15 септември 2017.

  1. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Не постои ваква тема и голема чест ми е да ја направам.

    Тука може да се објавуваат православните верски вести-настани и соопштенија: на пример покани за богослужби како што оваа година беше поканата за присуствување на Божествената Литургија во небесните височини на Крчин.
    http://bigorski.org.mk/vesti/bogosluzhbi/2017-liturgija-na-krchin/

    Исто така може да се објавуваат текстови со апел за помош за возбновување на некоја Црква или Манастир или пак за предупредување како овој случај http://bigorski.org.mk/vesti/soopshtenija/2011-apel-do-javnosta/
    ____________________________________________

    Во недела на 24 септември Македонската Православна Црква ќе впише уште еден светец во православниот календар.

    Јоаникиј Ракотински
    [​IMG]

    Големата литија со пренос на моштите ќе почне од црквата “Свети Ѓоргија” во Криводол, каде што е резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан. Според засега непотврдени информации, моштите на светецот, најверојатно, ќе бидат пренесени со пајтон до соборниот храм „Свети Климент Охридски“, каде ќе биде извршен чинот на прогласување на светец.
    Моштите на светиот Јоаникиј Ракотински ќе бидат ставени во кивот (специјален сандак за мошти), а во црквата ќе биде изложени и видлив черепот на светецот, на кој верниците ќе можат да се поклонуваат.
    Телото на архимандритот од скопското село Ракотинци и по речиси 80 години од неговата смрт речиси не е распаднато. До 2010 година се наоѓаше во гроб во дворот на црквата “Свети Илија” во скопско Ракотинци. Поради информации дека постои опасност телото да биде украдено, МПЦ во 2010 година го откопа и денес се чува на безбедна локација во Скопската епархија.
    Архимандритот Јоаникиј е роден 1839 година, а починал на 24 јануари 1940 година, на 101-годишна возраст. Додека се уште бил жив, архимандритот сам си го ископал гробот каде и го закопале по смртта.
    40 години по неговата смрт, на чуден начин, најверојатно преку ерозија на земјиштето, неговите мошти се појавуваат на површината од гробот. Поради стравот од тогашните комунистички власти, мештаните веднаш повторни ги закопале иако констатирале дека телото е во целосно здрава и во нераспадната состојба.
    Но, моштите на Јоаникиј се појавуваатповторно. Второто појавување била доволна причина за да се увери македонската православна јавност дека нешто свето има во самите мошти. Тие биле нераспаднати и по второто појавување.
    По второто појавување, локалниот свештеник и селаните го закопале архимандритот во селските гробишта, за подоцна да го вратат во неговиот првобитен гроб. Овој пат, тие го ставиле во стаклен сандак обложен со камени плочи кои се наоѓале насекаде околу ковчегот, освен на лицето. Лошата заштита довела до благо оштетување на телото, но сепак истото и денес е доста заштитено.
    Пред извесно време признание за светоста на Јоаникиј дојде и од Грчката православна црква. Јоаникиј од Ракотинци, еден современохридски светец!, под овој наслов архимандритот на Грчката православна црква Порфириј, игумен на Свештената обител на Манастирот “Свети Јован Крстител” кај Верија, напиша текст за канонизацијата на светиот Јоаникиј од Ракотинци, што Македонската православна црква ќе ја изврши оваа година.
    Архимандритот Порфириј пишува дека пред повеќе од дваесет години во црковен весник од Охрид за првпат ја видел веста и фотографиите од еден чудесен човек божји.

    Мошти од (Свети) Јоаникиј Ракотински прават чуда во манастир во Грција

    [​IMG]
    Архимандрит Порфириј, Игумен на Свештената Обител на Манастирот Свети Јован Крстител кај Верија, Грција, напиша текст за канонизацијата на Светиот Јоаникиј од Ракотинци, што Македонската православна црква ќе ја изврши оваа година.
    Архимандритот Порфириј пред повеќе од дваесет години во црковен весник од Охрид за првпат ја видел веста и фотографиите за Јоанкиј од Ракотинци. После неколку години од неговото населување во манастирот кај Верија тој повторно бил во посета на Македонија, кога и имал прилика да се поклони на моштите на Јоанакиј од Ракотинци но и да добие честица од неговите мошти како подарок од Архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.
    Следуваат сведоштва за чуда со моштите на Јоанкиј Ракотински
    [​IMG]Неговите мошти гидадовме на чување за благослов на една жена болна од тешки психички проблеми и таа доби големо утешување. Но, се случи и ова: зетот на нејзината ќерка, Георгиј, едно добро, но нецрковно момче, го посетил нејзиниот дом и таа му рекла: Јорго, ова се мошти од еден светител, поклонете му се. Младичот, вака-така се прекрстил и ги целивал чесните мошти. Имал камења во бубрезите, големи колку топче за пинг-понг, по еден во секој. Во понеделникот што следувал требало да оди во болница на операција. Но, на испитувањата пред хируршкиот зафат, се утврдило дека камењата се исчезнати, без болка и без трага. Во друг случај, мало девојче, кое страдаше од страшен демон „по наследно право“, доживеа големо чудо и скоро потполно се смири кога ги целива моштите. Друга жена болна од рак, која лекарите ја отпишале од живите, светителот ја озари и откако помина скоро година, продолжува да живее, да се радува и да го прославува Божјиот Светија, пишува Архимандритот Порфириј.
     
    Последна измена: 15 септември 2017
    На melnicanecot, Rama, Meckicja и 2 други им се допаѓа ова.
  2. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Пронајдена автобиографија на Преподобниот Јоаникиј Ракотински
    3/16 септември 2016 лето Господово
    [​IMG]

    Во светите на земјата и во избраните, во нив е сета моја радост!Откако нашиот Господ Исус Христос дошол на земјата и ја основал Својата света заедница - Црквата, Божествената светост расцветала по целиот свет, до каде што продрела радосната вест за спасението. Христијанската светост се раскрилила во најразлични примери: најпрво, Пресветата Богородица, Св. Јован Претеча и Крстител, светите Апостоли, светителите, мачениците, исповедниците, преподобните, праведните… Светиите се најблескав украс на Црквата Христова и нивните житија ги напојуваат срцата на верните со рајска сладост. Тие се толку прекрасни и возвишени, што лесно ја привлекуваат кон себе христољубивата душа, радувајќи ја со „неискажлива и прославена радост“ (1. Петар 1,8). И не само што ја радуваат, туку Светиите на некој таинствен, благодатен начин им се приближуваат, им се откриваат на оние што ги љубат и се трудат да ги подражаваат нивните животи.

    Едно такво чудесно откровение се случи и со Преподобниот отец наш Архимандрит Јоаникиј, смирениот подвижник и чудотворец од с. Ракотинци, Скопско. Веќе долго време се говори за овој новојавен Светија од нашата Татковина и од нашиот христољубив род: многумина се интересирале за неговиот свет живот, се потрудиле да пронајдат нешто повеќе за него, собрале драгоцени податоци, запишале, оставиле за поука на многумина… Меѓутоа, кога се исполни времето за неговото прославување и од земната Црква, Преподобниот самиот откри нешто драгоцено за него.

    Имено, кога нашиот богољубив Архиепископ, Неговото Блаженство, г. г. Стефан, му го возложи послушанието на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, да ги собере потребните податоци и да состави житие за ракотинскиот подвижник, овој веднаш се зафати со таа душеполезна работа. Така, во текот на неколкугодишното истражување за животот на Божјиот угодник, се најдоа солидни податоци, се собраа сите претходни трудови и истражувања за него, се разговараше со постари личности кои лично го паметат Преподобниот, се запишаа повеќе чуда што ги направил за време на животот, но и чуда што се случија во поново време од неговите свети мошти... Меѓутоа најголемото откритие се случи неодамна, кога тројца наши собраќа, испратени со благослов од Старецот, во селскиот храм на Успението на Пресвета Богородица во с. Ракотинци, каде што до 1986 година лежело нераспаднато телото на о. Јоаникиј, заедно со претставници од црковниот одбор во селото, пронајдоа лично негова автобиографија! Иако многумина претходно ја посетувале оваа црква и истражувале за него, едноставно, како самиот Светија да сакал токму сега да го обелодени својот живот.

    Ова скапоцено писание е, всушност, личен ракопис од о. Јоаникиј. Toa може лесно да се воочи од споредбата со останати документи од негова рака пишувани (дневници на касата, деловодници, инвентарни книги, познатиот негов лекарственик), како и од тоа што уште на првата страница, после неколкуте основни фактографски известија пишувани во 3 л. еднина, во продолжение текстот е пишуван во јас-форма. Автобиографијата содржи 11 пишани страници, вклучувајќи ја и насловната, со формат 21х34 см. Текстот е пишуван на лош српски јазик и е најверојатно составен како одговор на едно барање од 1930 г. од тогашното српско црковно управителство во Скопје, што се потврдува и од еден запис за примени и испратени писма од деловодната книга што ја водел о. Јоаникиј. Според тоа барање сите свештенослужители од скопскиот округ биле должни да направат своја, како и биографија на знаменити личности од нивните парохии. Притоа, согласно тогашниот тирански и хегемонистички режим, од црковниот клир се барало безусловна послушност и верност кон државните и црковните власти и „будно чување на светото српство“, па така нашето домородно духовенство морало да трпи уште едно ропство, можеби подеднакво страшно како и турското.

    На насловната страница од Автобиографијата пишува:

    Биографија на Јоаникиј Ѓорѓевич, Игумен и Старешина на Манастирот „Св. Илија“, кај селото Ракотинци, ср(ез) Скопски;

    а завршува со зборовите:

    Но, Севишниот Бог, Кој ја храни и чува Црквата на камен, Он со Неговата семоќна рака ме сочува и мене, грешниот, до денес. Нему нека Му е слава и пофалба, сега и секогаш, и во веки веков. Амин!

    [​IMG]

    Текстот е напишан во с. Ракотинци на 6/19 март 1930 година, а о. Јоаникиј се ословил како: Смирениот и грешен Старешина на Ракотинскиот Манастир.

    Автобиографијата содржи драгоцени податоци за животниот пат на Преподобниот Јоаникиј, кои ќе го надополнат неговото житие, но и ќе исправат некои заблуди и грешки. Така, на пример, досега се веруваше дека о. Јоаникиј се упокоил на 101 година, што би значело дека бил роден во 1839 година, бидејќи со сигурност се знае дека се упокоил во 1940 година. Годината 1839 е вржана и на мермерниот крст, поставен во осумдесеттите години на минатиот век. Меѓутоа, Преподобниот јасно си кажува во својата автобиографија дека е роден на 7/20 јануари 1847 година, во Охрид, „од Православни родители Ѓорѓи и Софија“. Понатаму, биографијата изобилува со фактографски податоци за неговиот живот, но содржи, исто така, и детални описи за страданијата што ги претрпувал од турските власти и од локални турски и арнаутски одметници, кои во неколку наврати сакале да го убијат.

    Податоците од автобиографијата ќе влезат и во Житието на Преподобниот Јоаникиј, чиешто составување е веќе во тек. Истовремено со Житието, во тек е и пишувањето на неговото богослужбено последование, од познатиот химнограф на Великата Христова Црква во Константинопол, јеромонахот Атанасиј Симонопетриски.

    Прославувањето на Преподобниот Јоаникиј Ракотински и неговото впишување во Диптихот на Светиите е предвидено за следната година.

    Извор: Бигорски манастир

    Поточно бидејќи оваа објава е од претходната година. Канонизацијата ќе се изврши оваа година. На 24.09.2017
     
    На larrachi, melnicanecot, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Зошто сите теми ги ограничуваш на "православните"? Зарем е ова православен блог? Што треба сега за секоја вера да постои посебна тема за верски настани и соопштенија? На што ќе личи форумот ако за секоја тема има по 10 теми со истиот наслов но посебно за секоја вера/религија?
     
  4. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Бидејќи така сакам.

    Во категороја секс има илјадници теми за едно исто. Од типот вагинален, орален, анален. Зарем сето тоа не спаѓа во темата за секс? Но бидејќи во суштина не е ист, кој како си практикува и се пронаоѓа себе си тамо си отвара и чита што го занима. Така и ова.
    Бидејќи не ме интересира друга вера освен Православната, сите што се Православни Христијани бујрум нека повелат. И да! За секоја вера треба да постои посебна тема, бидејќи верувањето не е исто. И вака ќе е попрегледно.
     
    Последна измена: 15 септември 2017
    На larrachi, melnicanecot, victoria и 7 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Мој предлог е да се едитира насловот со плус "православни", да се знај што да се очекува од темата. Зошто @EvAngelos е во право кога вели дека ако сите отвораат посебно, под ист наслов, ќе има забуна, зошто насловот е многу општ.
     
    На daylight, EvAngelos, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  6. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Не се бунеше он за насловот што е општ. Него зошто сите да не бидат ставени во ист кош.
    Немам можност да го едитирам насловот. Слободно модераторот нека го преименува во "Православни верски настани и соопштенија".
    Ако е тоа она што го боде во очи или сепак се работи за нешто друго.
     
    На Rama, Vitaly и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    @LegallyBlonde13 фино пишува во неговото мислење дека можи да има 10 теми со ист наслов, ама за различни религии, и тоа е дел со кој се согласувам. Тоа би било несредено. Што понатаму се зборува, мене најмалку ме интересира.
    Лично јас, кога ја видов темава, очекував да се постира од различни религии и не видов дека е нова тема па очекував различен мозаик од информации, како што има општи теми за прашања за сите религии. Нешто така. Ако е специфицирано, ако ме интересира соопштение за нешто поврзано со православната религија, ќе ја отворам оваа тема конкретно.
    Лично, не ми ни смета ама мислам дека посредено би било вака.
    Се најдобро. :)
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Дополнет е насловот за да нема забуни и да биде попрегледно.
    Доколку има интерес за ваква тема од друга религија слободно отворете. :)
     
    На larrachi, daylight, Vitaly и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Прослава на славата на митрополитскиот соборен храм во Скопје и градска слава
    Рождество на Пресвета Богородица

    Братството при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја – Заштитничката на градот Скопје.

    Вечерната богослужба, на 20. септември, ќе започне во 17:30 часот, а потоа прославата ќе продолжи со Литија по улиците во центарот на Скопје.
    На 21. септември, Утрената богослужба ќе започне во 7:30 часот, а Светата Литургија во 9:00 часот.

    Бидејќи нашиот форумски другар @EvAngelos , често пати не` канеше на нивните концерти и слични настани, ја користам оваа прилика да го поканам него и сите негови другарчиња од нивната религиозна заедница да присуствуваат на свечената литија низ улиците на градот Скопје. :)
     
    На Rama, melnicanecot и Victorian им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Интересно и нешто ново ми дојде овој настан со одење по улиците низ Скопје.
    Може ли нешто подробно да не обавестиш, за маршутата и дали сме имале и друг пат таков настан во Скопје!?
     
    На melnicanecot и Orthophill им се допаѓа ова.
  11. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Да, сме имавме ваков настан.
    Еве повели ова е од 2016г.



    Stefan.litija12.jpg
    Stefan.litija11.jpg
     
    Последна измена: 16 септември 2017
    На melnicanecot, Victorian, baba Rada и 4 други им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Процесот на одење по улицата се вика Литија? Или е дел од целокупен процес?
    Се обидов да видам што значи зборот, па тоа е значењето кое го најдов, ама уште ми е така апстрактно и недостапно.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Мислам дека беше од 2015 година.
    Тргнува од црвената линија, од Богородичната црква, враќање по плавата.
    маршута литија.png
    Литија од грчки - прозба, молитва.
    Во православната Црква под литија се подразбираат два чина:
    1) за време на големите вечерни богослужби, кога свештениците излегуваат од олтарот (третиот дел од храмот, позади иконостасот) и одат во припратата (првиот, влезен дел од храмот) пеејќи специјални литијски стихири. Во припратата се кажуваат и специјални прозби за животни потреби: здравје на народот, мирни времиња, богат род итн. За време на овие литии се крева и петтолебието. По литијските прозби свештениците се враќаат во олтарот и вечерната продолжува.
    2) посебни прозбени литии, кои се извршуваат околу храмовите, низ населените места и полето(уште се викаат по крсти), се извршуваат за време на храмовни и градски слави, Светлата Седмица, Водици и за време на посебни потреби: големи суши, војни и слично, за време на богослужбите или надвор од нив. За време на овие литии, од храмот се вадат и: светото Евангелие, икони, бајраци итн.
     
    На orevokrsacka, Rama, melnicanecot и 4 други им се допаѓа ова.
  14. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    На големите празници и денови во чест на високо чествуваните светци, Поклонувањето на главите е проследено со т.н Литија или служба на понизност и сериозност. Терминот Литија значи засилена молитва. Таа започнува со пеење на специјалната стихера во чест на празникот или светецот на денот. Како што започнува пеењето на стихерата, свештенството оди по поворката низ северната (ѓаконската) врата на иконостасот и од олтарот. Прекрасните порти остануваат затворени. Свеќите се носат на чело на процесијата. Кога литијата се слави надвор од црквата; На пример, во време на граѓанска катастрофа или во денови што го обележуваат ослободувањето од таквата неволја, литијата е инкорпорирана во Молитва и Процесија на Крстот. Исто така, Спомен-литијата може да се направи во нартексот по вечерната или утрената.

    Мајкл Скабабановиќ, предреволуционерниот литургист, пишува дека “во литијата, Црквата излегува од благословеното милје и, со цел и мисија кон светот, во надворешниот свет или нартексот; Оној дел од црквата што се граничи со овој свет, е делот кој е отворен за сите, вклучувајќи ги и оние кои се уште не се дел од Црквата или се исклучени. Од ова произлегува универзалниот карактер на молитвите во Литијата, опфаќајќи ги сите луѓе “.

    За време на Литија, ѓакон ја чита молитвата, Спаси ги, Боже, Твоите луѓе, како и четирите други кратки петиции. Тие се состојат од молби за спасение на народот, на Црквата и на граѓанските власти, за душите на христијаните, за градовите, за оваа земја и за сите верници што живеат овде, за наложените, како и за молитвите кои бараат да бидеме Зачувани од странските инвазии и од граѓански војни. Секоја од овие пет петиции, извикувани од ѓаконот, завршува со постојано пеење на Господи, помилуј.

    За време на Литијата, верните покажуваат зголемено чувство на смиреност. Во литијата се спомнуваат мноштво светители по име, нагласувајќи едно од основните догми на Православието; Нашето почитување и молитвеното комуницирање со светите.

    Зборовите за Господ милосрдно се повторуваат за време на литијата; Што ги предизвикува срцето, умот и душата на оние кои се молат да бидат заситени со оваа петиција. Овие повеќекратни повторувања имаат за цел да го фокусираат нашето внимание на значењето на молитвата, нешто што Црквата го смета за особено важно за духовниот раст на човекот. Како музичка тема, оваа често повторена молитва не придружува од црквата и во нашиот секојдневен живот.

    Господи помилуј – кратка молитва; Но сепак толку е длабока!

    Откако ѓаконот ги прочитал петициите и свештеникот ја прочитал молитвата, О Господи, помилуј нас и за време на пеењето на Апостиката, која се состои од стихера или стихови кои го прославуваат празникот или светителот на денот; Свештенството и верниците влегуваат во наосот или во централниот дел на црквата. Во тоа време, масата се наоѓа во центарот на црквата. На масата има пет лебови, како и пченица, вино и масло. Сите тогаш се благословени во овој чин на древниот обичај на дистрибуција на храна на верниците, од кои некои доаѓаа од далеку, за да можат да добијат сила да учествуваат во долгите богослужби. Пет лебови се благословени во спомен на Господовото хранење на 5000-те, кои ја слушаа неговата проповед. Подоцна, откако верниците ќе ја испочитуваат иконата, свештеникот ги помазува со благословено масло.
     
    Последна измена: 16 септември 2017
    На Rama, melnicanecot, TRANSPORTER086 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    Христови чеда!
    По повод големиот христијански празник Рожденство на Пресвета Богородица, Ве покануваме на вечерна Богослужба на ден 20.09.2017 лето Господово (среда) со почеток во 18 часот, и на свечена Богослужба на ден 21.09.2017 лето Господово (четврток) во манастирот Рожденство на Пресвета Богородица – с.Согле. На свечената Богослужба ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г.Агатангел. Доаѓањето на Митрополитот Повардарски г.Агатангел е закажано во 07:45 часот на ден 21.09.2017 лето Господово. По свечената Богослужба ќе има манастирска трпеза.
    Доаѓањето до манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во село Согле е со воз до станица Согле и по санираниот земјен пат до самиот храм во Согле. Bogorodica rozdeshto sogle.jpg
     
    На Rama, Bitter-Sweet, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  16. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Соопштение по повод Рождество на Пресвета Богородица
    • 06 септември/19 септември 2017 лето Господово[​IMG]
    На денот кога го славиме Рождеството на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, ќе се отслужи:

    ❈ Бдение (Вечерна, Утрена, Прв час) во свештената Бигорска обител, кое што ќе започне на 20 септември, во 20:00 часот.

    ❈ Божествена Литургија, која што ќе започне на 21 септември, во 09:00 часот, во храмот посветен на Богомајката во с. Ростуше.

    Благослов да присуствуваат на богослужбата во с. Ростуше имаат сите оние кои молитвено сакаат да го прослават Рождеството на Мајката Божја

    Извор: Бигорски Манастир
     
    На kuc, Rama и melnicanecot им се допаѓа ова.
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Деновиве во Охрид каде што било седиштето на тогашната Охридска Архиепископија,ќе се одбележи големиот јубилеј 1000 години од нејзиното основање.
    Таа била првата Словенско-Православна Архиепископија на Балканот,доволно е да кажам дека се смета за Црква-претходничка на денешната МПЦ,иако за жал на многумина не им се допаѓа тој факт...
    Добро знаеме во минатото дека денешната МПЦ била насилно разграбана и присоиденувана прво кон Бугарската а потоа кон Српската Црква,но тоа не е темата.
    Во прилог еве едно убаво видео,уживајте и споделете збор-два за големиот Црковен јубилеј.
     
    На LegallyBlonde13, Orthophill, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Народите сите, со песни го опеваат раѓањето ти Богородице!
    По повод панаѓурот на „Рождество на Пресвета Богородица - Мала Богородица“ - градската слава на Скопје, денес со почеток од 17 часот ќе се одслужи голема вечерна во соборниот храм на Скопската Митрополија „Рождество на Пресвета Богородица“ (црква „Света Богородица“, спроти МАНУ). Во склоп на вечерната богослужба ќе се изврши и литија низ улиците на градот.
    Утре утринската богослужба ќе започне во 7:30.
    Заедно да се помолиме на Пресвета Богородица да продолжи да ги штити и закрилува сите луѓе кои достојно ја почитуваат и топло и` се молат и да не го заборави гр. Скопје и целата наша татковина.
     
    На Rama, melnicanecot, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Соопштение (Григориј Палама) Рајчица

    Почитувани верници, светата Обител на Победоносецот Георгиј во Рајчица и оваа година ве поканува заедно да го славиме споменот на големиот поборник против ересите и нашиот небесен застапник Св. Григориј Палама. По тој повод, во параклисот при манастирот Св. Георгиј Победоносец,

    1. Вечерната богослужба ќе започне на
    23 март 2019, во 18:00 часот.
    2. Следниот ден, 24 март, во 08:45 часот ќе се отслужи божествената Архиерејска Литургија.

    На Архиерејска Литургија, ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј.
    Благослов да присуствуваат имаат сите кои сакаат заедно со нашето братство и сестринство да му оддадат чест и да упатат молитви кон проповедникот на благодатта, свети Григориј Палама.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    СООПШТЕНИЕ: Искачување на врвот Голем Крчин – 2019

    Почитувани,

    Бигорската и Рајчичката Обител и оваа година со особена радост ве информираат, а воедно и покануваат, да бидете дел од веќе еден од најомилените настани, кој од година во година привлекува сѐ поголем број љубители на планините – искачување на врвот Голем Крчин.

    Исто како и минатата година, наша цел е на врвот на Голем Крчин рано наутро да отслужиме Света Литургија и да се обидеме да ги видиме висините низ една друга перспектива.

    Оваа година повторно, заради обезбедување на групата, ќе биде присутна и Единица за спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид. Меѓу другото, сите планинарски и алпинистички клубови кои ќе земат учество, доколку сакаат, можат да го помогнат настанот со тоа што ќе пријават и лиценцирани планинарски водичи, со официјално призната лиценца од МАИВП илиФПСМ. Координатор меѓу сите водичи ќе биде лице од манастирот.

    Патеката е со средна тежина и трае околу 4 часа. Попатни кратки одмори на места каде што има извори со вода, од кои последниот е на средината од патеката, односно кај првата црква.

    Пријавувањето за учество е задолжително. Токму затоа, ве молиме да го потврдите вашето присуство, како и бројот на членови и водичи кои ќе присуствуваат од вашиот клуб, кај сестра Ефимија (манастир Св. Георгиј Победоносец, Рајчица) на тел: 070 290 210

    Време на собирање/поаѓање: 18 август 2019 (недела), 02:30 – 03:00 часот. Пристигнување на врвот во утринските часови.

    Место: Пред поранешната караула во село Битуше, односно од пред скитот во изградба, посветен на Свв. Кирил и Методиј.

    Враќање: Организирано поаѓање од врвот Голем Крчин веднаш после завршувањето на богослужбата. Ги замолуваме сите учесници да присуствуваат на заедничкиот манастирски ручек во Бигорскиот манастир, кој ќе биде послужен околу 13 ч.

    [​IMG]

    НАПОМЕНА:

    1. Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
    2. Наведениот настан е организиран и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
    3. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред почетокот на настанот, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвиденото патување.
    4. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
    5. Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на настанот во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
     
    На melnicanecot, Rama и orevokrsacka им се допаѓа ова.