1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Православни верски настани и соопштенија

Дискусија во 'Религија' започната од LegallyBlonde13, 15 септември 2017.

  1. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    Таворски блесок на врвот Крчин
    Четврта година по ред како нашето братство од Бигорскиот манастир и нашите сестринства од манастирите на Светиот Победоносец Георгиј и на Богомајката Пречиста, предводени од благословот на возљубениот ни Старец, Архимандрит Партениј, со најпосебна љубов и возвишени чувства отслужија Божествена Литургија на врвот Голем Крчин (2341 м). Повеќе од 600 верници – планинари, алпинисти, спортисти – притекнаа од сите страни на нашата земја за да се искачат на овој чудесен по својата убавина врв, и таму, во пресрет на празникот Преображение Христово, да се сретнат со Добриот Бог, Кој ги исполни нивните срца со двојна радост. Оти, да Му се служи на Бога на овие природни висини е особено длабоко искуство. Чиниш, се соединуваат небото и земјата и заедно ликуваат, вознесувајќи Му благодарност на Бога за големите добрини со кои Он ги исполнува нашите души. Божествената, пак, енергија на љубовта и веселото духовно расположение, кое извираше од самата богослужба, веруваме ќе придонесе за ова необично искуство уште долго да се прераскажува. Навистина беше прекрасно да се види големиот број на причесници, кои за својот необичен подвиг примија обилен благодатен благослов. Бог нека ги просветли нивните срца, та сите да Го познаат во Неговата возвишена љубов; а љубовта е солта на земјата, љубовта е одговор на сета горчина, таа прави се’ да биде исполнето со длабока и божествена смисла.

    И кога зборуваме љубовта, не можеме, а да не си спомнеме за пожртвуваноста со која се истакнаа членовите на „Единицата за спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид“, како и на членовите на Црвениот крст од Битола, кои се погрижија за безбедноста на огромниот број на присутни. Не помалку важно беше и учеството на водичите од „Македонската асоцијација за интернационални водичи во планина“ (МАИВП) и од „Федерацијата на планинарски спортови на Македонија“ (ФПСМ), чија што професионалност и поддршка, беа од особено значење за добрата организација на оваа молитвена рута. Искрено им благодариме и Го молиме милостивиот Господ, со силата на Својот Свет Дух, да ги исполни нивните срца со небесна радост и да го умножи плодот од нивните трудови, та секогаш да бидат исполнети со сила одозгора, која и те како им е потребна во предизвиците со кои постојано се среќаваат.
    https://bigorski.org.mk/vesti/bogosluzhbi/tavorski-blesok-na-vrvot-krchin/


    Прeoбражeниe на Гoспoд и Бoг и Спаситeлoт наш Исус Христoс
    . Вo трeтата гoдина oд Свoјата прoпoвeд на зeмјата, Гoспoд Исус пoчeстo им збoрувал на Свoитe учeници за Свoeтo блискo страдањe, нo вoeднo и за славата Свoја пoслe страдањeтo на крстoт. Сoсeма да нe ги раслаби учeницитe сo Нeгoвoтo страдањe штo прeтстoeлo и да нe oтпаднат oд Нeгo, Oн Прeмудар сакал прeд страдањeтo дeлумнo да им ја пoкажe Свoјата бoжeствeна слава. Пo шeст дни ги зeдe Исус сo Сeбe Пeтра, Јакoва и Јoвана, и ги извeдe на висoка гoра (Тавoр) сами; и сe прeoбрази прeд нив; и лицeтo Нeгoвo свeтна какo сoнцe, а алиштата Му станаа бeли какo свeтлина. И eтe, им сe јавија Мoјсeј и Илија, кoи разгoвараа сo Нeгo. Тoгаш Пeтар Му oдгoвoри на Исуса и рeчe: “Гoспoди, дoбрo ни e да бидeмe oвдe; акo сакаш да направимe тука три сeници (шатoри): eдна за Тeбe, eдна за Мoјсeја и eдна за Илија”. Дoдeка гoвoрeшe тoј, eтe, ги засeни свeтoл oблак и сe чу глас oд oблакoт, кoј вeлeшe: Oвoј e Мoјoт вoзљубeн Син, вo Кoгo e Мoјата вoлја; Нeгo пoслушајтe Гo! И кoга гo чуја тoа учeницитe, паднаа ничкум и мнoгу сe уплашија. Нo Исус, штoм сe приближи, сe дoпрe дo нив и им рeчe: Станeтe и нe плашeтe сe! . Зoштo Гoспoд зeл самo трoјца учeници на Тавoр а нe ситe? Затoа штo Јуда нe бил дoстoeн да ја види бoжeствeната слава на Учитeлoт, Кoгo тoј ќe Гo прeдадe, а нeгo самиoт, Гoспoд нe сакал да гo oстави пoд гoрата, та сo тoа прeдавникoт да нe гo oправдува свoeтo прeдавствo. Зoштo сe прeoбразил на гoрата, а нe вo дoлината? За да нè научи на двe дoбрoдeтeли: на трудoљубиe и на бoгoмислиe. Oти за качувањeтo на висoчина e пoтрeбeн труд, а висoчината ја прeтставува висината на нашитe мисли, т.e. бoгoмислиeтo. Зoштo сe прeoбразил нoќe? Затoа штo нoќта e пoпoгoдна за мoлитва и за бoгoмислиe oткoлку дeнoт, и oти нoќта ја пoкрива сo тeмнина сeта зeмна убавина, а ја oткрива убавината на ѕвeздeнoтo нeбo. Зoштo сe јавилe Мoјсeј и Илија? Да сe разбиe eврeјската заблуда дeка Христoс e eдeн oд прoрoцитe – Илија, Eрeмија или нeкoј друг, затoа Oн сe јавил какo Цар над прoрoцитe, и затoа Мoјсeј и Илија сe јавилe какo слуги Нeгoви. Дoтoгаш Гoспoд мнoгупати им ја пoкажувал на учeницитe Свoјата бoжeствeна мoќ, а на Тавoр им ја пoкажал Свoјата бoжeствeна прирoда. Тoа видeниe на Бoжeствoтo Нeгoвo и слушањeтo на нeбeснoтo свeдoштвo за Нeгo какo за Син Бoжји трeбалo да им пoслужи на учeницитe, вo дeнoвитe на страдањата Гoспoдoви, на утврдувањe на нeпoкoлeбливата вeра вo Нeгo и Нeгoвата крајна пoбeда.

    https://bigorski.org.mk/kalendar/avgust/preobrazhenie-gospod-isus-hristos/
     
    На душленце, Rama, kuc и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Да ја обединиме нашата молитва сите заедно

    Божествениот Апостол Павле ги повикува сите Христијани на непрестајна молитва: Радувајте се секогаш! Молете се постојано! (1. Сол. 5,16-17) Според мистичната теологија на православната Црква, непрестајната молитва се остварува главно преку Исусовата молитвата, преку созерцавањето и размислувањето за Бога и постојаното чувство на благодарност за Неговата љубов кон нас.

    [​IMG]
    Господи, Исусе Христе, помилуј ме!
    Непрестајната молитва и соединувањето со Бога преку неа треба да биде стремеж не само за монасите, туку и за сите Христијани. Затоа, во контекст на ова, а по повод искушението со коронавирусот, деновиве од повеќе архиереи, духовници, манастири, вклучително и од Светата Гора Атонска, беше упатен апел до сите верници ширум светот, да се обединат во заедничка молитва, за да се надмине ова искушение и добриот наш Бог да им дава душевни и телесни сили на лекарите, болничарите, на сите здравствени работници, истражувачи, научници и волонтери, кои пожртвувано се борат со оваа пандемија. Свештената Бигорска Обител, која го негува светогорското молитвено наследство, се приклучува на овој апел и ги повикува своите духовни чеда и тие да го направат истото.

    Молбата до сите е едноставна:

    „Секоја вечер, во периодот од 22:00 – 22:15 часот, време кога природата се стишува во темнината, да бдееме малку и да го посветиме нашето време за молитва кон Бога, изговарајќи непрестајно: Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј го Твојот свет. Верните од секоја држава започнуваат во 22:00 часот според локално време, за во целиот свет да се направи еден непрекинат ланец на молитва. Да ја обединиме нашата молитва сите заедно, со сознание дека Бог не нè напушти и со свест дека ние се оддалечивме од Него. Да се вратиме кон Него, Кој како најмилостив Татко, ја отвора Својата прегратка за нас.

    Во овие тешки мигови што ги поминуваме, под заканата на пандемијата, повикани сме повторно да се свртиме кон Бога и да ја обновиме нашата врска со Изворот на животот. Го повикуваме народот Божји на една духовна регрутација преку заедничката молитва, бидејќи преку неа сите стануваме едно тело, една молитва, една заедничка прозба, прозба за спасение упатена кон животодавецот Христос“.


     
    На Dessa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marti96th

    Marti96th Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Здраво, да ве прашам дали денеска може да се пере, чисти бидејќи е задушница ?
     
  4. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    Секој православен празник можеш да работиш но претходно да му дадеш Слава на Бога. Под тоа се подразбира идење на литургија за орзникот, идење во црква, самостојна молитва итн. Постарите наши баби и дедовци практикувале бар додека трае литургијата ако не се во црква да не работат пример 10 часот наутро и секогаш пред да се фателе за некоја работа се прекрстувале.
     
    На thelittle17 и Meckicja им се допаѓа ова.
  5. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.733
    Пол:
    Женски
    На 19ти приквечер 19 часот во црквата Богоројца во Битола ќе има византиско пеење со црковните хорој од Битола,Ресен и Струга мислам беа другите.
    И уште нешто:
    FB_IMG_1600341236839.jpg
     
    На orevokrsacka и referentka им се допаѓа ова.
  6. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.467
    МПЦ повикува на сенароден собир во четврток 29.06. во 18.00 часот, насочен против Законот за родова еднаквост и законот за матична евиденција:
    https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/akti...va-ednakvost-i-zakonot-za-maticna-evidencija/

    Контроверзниот закон кој сакаат да го протуркаат на мала врата, демек го вратија на доработка после бурните реакции од Црквата и мал дел од интелектуалната фела во земјава. Сеуште не ја откриваат финалната содржина, што јасно става до знаење дека не смениле ни запирка од него. Противуставен, протичовечки, противприроден... Овој закон ќе биде во служба само на дегенерирањето и расчовечувањето на личноста, семејството итн.
    Посебно е болно тоа што отворено се става рака и врз децата до 18 години, кои слободно и без согласност од родители, со заштита од државата (Законов), можат да „изберат“ каков родов идентитет сакаат, и како такви да бидат запишани во матичната евиденција, со или без транзиција (хормонални терапии, менување пол, касапење на телото).
    Епископот Стобиски Јаков одржа неколку јавни трибини во врска со предлог - законот, за кои повеќето медиуми ни зуцка не кажаа. Еве во продолжение негово кратко толкување на истиот:
     
    На IRBBB, Rama, sonuvana и 4 други им се допаѓа ова.