Анатх баш вчера ги разгледував. Има една горење што е со посуда за прашина, за суво усисување, околу 6000 ден. http://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10124_10159_10160&product_id=69810 Јас тие со вода ич нејќам. Ми иде многу работа околу чистењето, па и кога ја гледам таа вода таква гадна што буричка ми се гади. И се мислам помеѓу ова што ја спомнав горење или некоја со вреќа ама да се за еднократна употреба. И мене би ми бил потребен совет, што е попрактично, тоа ми е битно. Едит: еве Петунија ми потврди тоа што го и мислев, значи канистер со филтер има и оваа. А треба ли филтер да се менува, на колку време и лесно ли ќе е да се најде да се купи?
Јас Самсунг таква имам^ филтрите се сеуште ок, ама јас од алиекспрес нарачав за резерва. Одлични се, со нив ја користам сега.
Вака со хепа филтер најбрзо и најчисто, со вода треба да ја фрлаш во вц шоља што може да биде лошо за одводот , а вака само во ќеса го фрлаш ѓубрето малку го подзачистуваш филтерот, еднаш месечно го миеш филтерот и толку ,со вреќички треба секогаш да имаш повеќе на резерва и мене не ми се допаѓа затоа што знае да испушта малку прашина
Ана јас имам Самсунг со сад, за суво пресмукување. Не е со вода, не сакам вода, не ми е практично. Нешто околу 5000 беше мислам . 1800w. Ги влече теписите на најјако, буквално не можеш да ја подигнеш ако е на макс вклучена. Ете ја Мислам ми спомна маж ми еднаш годишно се менуваат. Ги има секаде. Во меѓувреме се мијат под чешма, убаво исушени се употребуваат. Два филтри има Самсунгот.
Во продавницата кај што ќе купиш имаат и филтер , јас прв пат после 4 год користење купувам ,нарачав од сетек моментално немаа на лагер
Јас имам на Самсунг со циклон филтер, солидна ми е, ама на стариве им рикна правосмукалката. Па мм ми вика да им ја дадеме нив, а ние нова да си купиме. Инаку со вода мислам дека е подобро во смисла да не се крева прашина многу, ама овие со ХЕПА филтер веројатно се добра опција. Ќе разгледам пак, досега гледав на страната на Нептун и се ми се испомеша. Дали е подобро со поголема моќност? Не сакам да е многу гласна.
Оваа горење што ми се допадна пишува дека е 2100 w моќност, ама е скоро 6000 ден. А оваа Самсунг што ја препорачаа @duffi i @Bozica1980 исто не е лоша ама и поефтина. Сега гледав во Сетек е 4249, а во Нептун 4999 ден. Можда уште денес, утре да се подновам.
https://www.neptun.mk/categories/PRAVOSMUKALKI/BEKO-BKS-9220-T на вода е, јас ја имам и задоволна сум од неа, 3та година ја користам, 2000w има моќност, убаво собира ѓубре и прашинка, а и мала е не зафаќа голем простор за складирање ниту е тешка за влечење, пола литро вода само се става во садот
Јас кога барав тие тивките беа над 12000ден. Би купила следно тивка инаку смукам само кога сум сама. Домашните ми се мрчатори
јас топло на сите ви ја препорачувам Shark Navigator. Презадоволна сум и нема да згрешите и вреди за парите.
Мене не ми претставува проблем бучност, сигурно не е побучна од оваа што сега ја имам А над 12000 да дадам за правосмукална нема шанси. Ионака немам многу теписи ниту планирам да ги имам во иднина па ќе ми биде добра скоро секоја.
@Annath оваа Арника Бора е исто на вода. Влече, јака е, има неколку додатоци. За ќошиња, за мебел, една обична и една турбо четка. Со неа во пакувањето иде и едно шишенце за миризба. Се капнува две-три капки и додека смукаш мириса просторијата на тоа парфемче да кажам. Инаку, 7.500 е. Гледам уште е толку, ама вреди. Ако сакаш можам да ти ја сликам со сè четките.
Анат, кога купувавме правосмукалка, вработените ни кажаа дека 1800W е потрошувачката, а моќта на усисување е друга. Нашата е Филипс и да не те лажам, ама мислам имаше околу 700W моќ на усисување.
Јас ја имам правосмукалката на Филипс и сум презадоволна и има посебна четка за влакна за животни кој чува дома.
Купив правосмукалка...ама ниедна од тие што ми ги препорачавте. Сепак, фала ви. Иначе мојата на Карчер е, поубава правосмукалка не сум имала во живот, влече ко луда. Неспоредлива е со Филипс, Беко, Самсунг... Мана е што има краток кабел, и делот за усисавање што се движи по земја (не знам како да го кажам) е за никаде. Ама среќа, пасува делот од старата правосмукалка. Ако се преврти,се блокира процесот на усисавање, и нема опасност ѓубрето/водата да оди во моторот. Ќеса се менува на 2-3 месеци, можеби и подолго, зависи колку често ја користите. Филтерот се чисти со самата правосмукалка, т.е се издувува со цревото поставено на делот каде што излегува воздух. Ако некого го интересира, моделот е WD3, чини 5500 денари. Овде ја купив https://www.google.com/search?q=ivb...%20K%C3%A4rcher,ru_q:IVBIS%20-%20K%C3%A4rcher
Па и добра цена има, а има плус "перформанси", особено тоа со чистењето на филтерот ми се свиѓа. Инаку првпат слушам за оваа марка.
Карчер се позната германска фирма за производство на секакви видови машини за чистење за домашна и професионална употреба. Одамна меркам парочистач, никако да дојде на ред. Иначе 1100 W е усисната моќ.