Девојки колку вати е кирби правосмукалката сакам да знам дали би можело да се чисти со агрегат од 2 kw во викендичката немам струја?
Дали има некаде во Македонија да се купи Dyson правосмукалка? Рачна барам, од тие што може без кабел да се користат. Ако има некој идеја, пишете.
Здраво. Дали купи? И јас се мислам меѓу овие две. Имам rainbow но ми треба некоја за секој ден. Таа ми е незаменлива за чистење неделно, но сега со мало дете ми треба секојдневна лесна и мала. Предлог до 4000 ден, со сад.
Да пишам збор за ровента. До сега имав икс неквалитетни смукалки, а со оглед на тоа дека усисавам еднаш два пати дневно ради малото ми требаше очајно. Овие икс смукалките т.е ш смукалките што ги имав за пониска цена ужасни ми беа. Откако научена од претходно искуство сега земав ровента 125 евра не ни жалам, смукалката е преквалитетна, не бучи, тивка е, влече и најбитно е најекономичен производ за струја. Имам четка па уз тоа усисавам лесни стази што имам низ дома без да ми се вадат кога ја влечам четката уз цревото за онака нормално за под е буквален вакум. Најбитно си вреди за парите и за марката предобра е. Наворучение сум добила од филипс и ровента нема подобро било смукалка било друг производ.
Не најдов им пишав на фб на Dyson ама ми кажаа само за некои си други правосмукалки а ништо за оваа рачнава. Колку шо видов ја има во Бугарија (мислам дека ја најдов онлајн тогаш ко барав, види провери пак..)
Домакинки со миленичиња, правосмукалка да ми препорачате. Старава е една минијатурна што маж ми ја купил додека беше сам, од кога се земавме и го донесов и кучето генерално бевме без теписи и чистев со џогер. Ама сега со бебево по земја мора да имам тепих, и сакам да си купам нова правосмукалка.
Мене па ништо рејнбоу не може да ми го замени. Кога чисти се менува и воздухот. Теписите ми ги тресе и ми се како нови. После тој, џогерот ми е чист, ништо нема.
Имам дома некоја рандом правосмукалка врска немам од каде и кога е купена. Не е лоша, но сепак сакам да се подновам да си купам некоја поубава. Не знам дали вреди да ја купувам Shark Navigator од топ шоп. Не е баш ефтина а мене ми треба да е долг кабелот и да има моќност, имам влакнести килими. Позајмував Кирби од баба ми но таа ми го корне тепихот, и плус многу е тешка не можам да ја кревам и да ја шетам насекаде.
Предлог за секојдневна употреба барам и единствено да не е многу бучна. Имам кирби и една попроста на ст марка но мали од бучавата плаче многу. Гледам некои како стик усисивачи па предлог. И да не е тенк како кирби по можност