Мајка ми има ваква на Conti Откако паметам за себе ја има , исто со вреќи хартиени е . Еднаш се има расипано во 15+ години . Бидејќи во Тетово нема баш каде да се најдат вреќи за неа , ја кпристи без нив . Уште е жива и здрава и функционира скоро како нова , тепих крева со се трошки со се се , додека пак јас имав две , и двете цркнаа во рок од 5 години . Мојте :
Шаркот ја има другарка ми околу две години и многу е задоволна, особено затоа што има миленици. Правосмукалката е многу јака, вика дека нема што неможе да откорне од теписоните и гарнитурите, само што единствена мана според неа е што е тешка.
Дечки, се изначитав на темава и по фб и уште не можам да се решам. Досега имаме неколку промашени инвестиции со Самсунг, Горење, па едни со чашка што беа и пред тоа една со кеси хартиени и ниедна не се погодува. Самсунгов моментално е со пластичен канистер, но има едно сунѓерче кое нонстоп се затнува и мора да се пере. Буквално една соба смукам и толку е, не влече. Проблемот ми е што имам куче кое ќе почне да се митари наредна сезона и ми треба правосмукалка што ќе влече навистина. Се мислам помеѓу Шарк и Ровус Виктор со вода. За шарков читам само позитивни коментари, а за виктор дека е тешка за одржување, па не знам. Секој совет е добредојден.
Имаме Шарк 8години веќе и чуваме златен ретривер. Чистиме постојано куќа на два спрата со неа, немаме друга. Влече како првиот ден, чистиме и мебел со штоф - пошто влакна има буквално насекаде. Помасивна е ама тоа и е за мене единствената маана. Би ја купила пак.
Ве молам за мислење за овие правосмукалки... Дали има некој искуство со некоја? Дали се лесни за одржување?
5400 е кај нас истата https://m.tehnomarket.com.mk/product/5011739/philips-gc456780-pegla Откако ја видов на фри препораката тогаш, јас ја купив за поклон на тетка ми во германија за 60 евра и мислам по германија и сега е толку
Јас ја имам есмералда (така си ја викам) сега за сега ми е наместена секој втор ден да ми усисува. Искрено јас сум задоволна, затоа што цело време е чисто. Си има и свои маани што не може секаде да фати нели,за тоа еднаш недело јас си усисувам
Xiamo Mi Vacum овој модел. Јас највеќе го зедов бебко кој ќе дојде кој ќе почне да лази, ќе можам да го пуштам и да знам дека е чисто.
За истите се мислев и на крај се одлучив дека нема да земам. Отидов во салон, замолив да ги уклучат да видам како работат, усисна моќ, пареа на посејдонот и сл. Против правилата на работа им било... А конкретна препорака од некој што употребува не најдов никаде. Не се ни воопшто ефтини. Ако ти е за чистач на пареа, разгледај во клинтек, најмногу искуства и задоволни корисници најдов за нив. После дедетина чистења со чистачот можам да ти кажам дека сум ептен задоволна. Има посебна четка за мебел да поминуваш, сега оваа ровусот овозможува водено чистење/перење на теписи и гарнитури но нема пареа. Од call centar ми напоменаа дека била тешка за влечење, па не знам. Јас зедов обична беко правосмукалка и чистачот, вкупно пак платив 15.000. Има делче за мебел, се чудев колку прашина извади во канистерот. После сода бикарбона со вода напрскав оставив преку ноќ, собрав и темелно со пареата. Тоа е мојата препорака