Јас порано имав некаква на вода, што чинеше околу 6000, и не беше од некоја позната марка, барем јас не ја знаев - сега не се сеќавам ни која марка беше. Ме нервираше уште од прв ден, особено мешавината на вода и прав што требаше да ја мијам после секое чистење. После 2 години веќе не се издржуваше па решивме да купиме некоја без вода. Сега имам Samsung Twin Chamber + од 2000 вати со некаков си Хепа 13 филтер. Ова ми беше важно поради алергиите на домашна прашина на детето. Не е со кесички, туку правот се собира во пластичен сад, ама нема вода. 100 пати е подобра од таа на вода. Многу е полесна и за носење, и за ракување - лесно се вадат филтрите, лесно се чисти... Би сакала да имав кирби, ама мнооооогу се скапи. Кога удрив математика да викам некој да ми чисти дома со кирби еднаш месечно, ми излезе тотално неисплатливо да ја купам. Само уште да викнев некој
Што кога го имам дома кога ем тежи 100 кг и препаратите за чистење со многууууу скапи, но сепак еднаш месечно поминувам се со него ,од килими до гарнитури, до душеци, да ми дозволуваа финасиите ќе чистев секој ден со него, но среќа што и кирбито го имам
Најдобра правосмукалка до сега сто сум имала е Самсунг со пластицен канистер со хепа филтер. Немам зборови, прекрасна е
Дефинитивно сум за правосмукалка на вода,оваа нашава не можам да ја поднесам.Маж ми ја купи без мое присуство и тоа за некои 2000 денари,многу е слаба ,мислам дека е 1500 вати.Воопшто не чисти,морам по два пати на ден да чистам за да се осети дека е чистено.Не сум задоволна воопшто и одвај чекам да си купам на вода.Маж ми има купено кај неговите Беко на вода и сум видела што вади,корне,се чисти,водата е црна,ако изгледа дека е чисто.Плус мириса свежо,со две капки омекнувач и цела куќа е свежа.И за чистење не е тешка,се истура водата,се мие садот.Сега откако го сменив местото на живеење и оваа никаква правосмукалка секое утро се будам со кивање,додека порано тоа не ми се случуваше.Мислам дека сум алергична на домашна прашина.Мојата правосмукала воопшто не ја чисти правта и затоа морам и да го пребришувам теписонот и паркетот во секоја соба,фала богу што станот ни е мал Одвај чекам да си купам на вода но некоја малечка за да можам да ја складирам
Уште пред месец купивме од техномаркет една помалечка за да не зафаќа многу простор и вреди за сите пари ! Не е на вода, мало ама смука ко лудо .
Беко е и мојата правосмукалка Ја исчистив темелно правосмукалката и филтерот исто со врела вода и сега е супер, исто како нова е
Cамсунг, не е баш стара, ама изнакршена е цела, лепена со фластер кај цревото, и уште е жива! и ја користам исклучиво во борба со целулитот (овие 2 дена) другите обврски баш и ретко, на татко ми му ги оставам
Сакам да купам нова правосмукалка, па ме заинетересира оваа Беко на вода. Ако може да пишите каков модел е, од каде е купена и колку чини?
Јас искрено имам дома една.. Леов, леон, ли како е незнам. Црвена боја, огромна, тешка На почетокот беше се супер, но сега за никаде! Ја користевме, немаше ни пола година ни се расипа.. не се уклучуваше, па среќа имаше гаранција, и после 48643438463541853 дена ни дадоа нова. (демек на поправка) аха да. Значи сама се гаси, на секое треба клекни стани за да ја уклучиш. Башка дека е на вода, мириса- труе. А ја купивме 6.500 ден.. Цревото многу и се кине, неможеш убаво да поминеш.. К А Т А С Т Р О Ф А! Па не ни влече како што треба.
Ако сакате правосмукалка јас ви препорачувам на ВОДА оние на ЛИВ премногу сум задоволна многу силно влече и цела куќа мириса на чисто од лив правосмукалките има ги за суво чистење на вода и за мокро {пере} на вода ние имаме од они што перат ја купивме 10.500 ден. а оние за суво чистејне на вода се околу 6000 ден. стара е 3 години и добро работи ако сакате за подобар мирис ставете малко од омилениот омекнувач.ЧИСТЕЈНЕ:-се става 2l ладна вода се затвара и се усусува потоа добро се чисти со вода {може малко со сретство}.....
на колњктива има убава понуда за една правосмукалка со 50% попуст, правосмукалката е H2O VAC Карактеристики на правосмукалка H2O Vac од скај шоп *2200 Watt *1 ХЕПА филтер *1 телескопска цевка *1 папуча за тапациран мебел *1 папуча за секаква намена *1 гумена папуча за водени површини *4 дополнителни папучи *1 додаток торба, дали некој има искуство со ваква правосмукалка или има слушнато нешто за неа,пишете оти бремето е ограничено за купување или видете ја на kolektiva.net
Мислам дека прочитав 6 месеци гаранција Тоа баш и не ми се допаѓа! Инаку јас имам Самсунг, 1800w со пластичен сад.Околу 5000 ја земав пред некој месец. Задоволна сум.
Еве откако се омажив, и во новиот дом користам Rainbow машина која ја добивме како подарок од моите родители. Дефинитивно е незаменлива! За секојдневни ситни работи имам мало правосмукалче Rohnson R-181 кое има многу мали димензии а влече одлично со своите 2000W моќност.
Ми треба правосмикалка некоја поефтина не на вода или не знам каква.обична правосмукалка само добро да влече и чисти,пишете која имате лупено сега брзо,со марка и од каде
Дали некој има од тие правосмукалките со вода шо се и за перење на теписи ... Ја глеавме прееска со мајка ми ама нзм каква е и на вода усисува и служи за перење на теписи.. Па ако имате искуства пишете ... Беше околу 170тина ЕВРА ... Да не се лупниме само за џабе