Јас ја имам првата. Супер си работи, моќна е, јас сум задоволна. Јас имам плочки, ламинат и теписи, и секаде убаво чисти. Мене ептен практично ми е малото четче, го обожавам, сите мали површини си ги поминувам со него, скалите, гарнитурата, столчиња. Убаво е нежно, баш за такви работи. За чистење знаеш, се вади делот каде што се собира, се празни и тоа е тоа.
Баш тој модел највеќе ми фаќа око,е сеа глеам неколку модели ,уствари истата правосмукалка а ја има со различни додатоци така? Има ли турбо четка твојата?
Паузи од 10 мин. пломбиран мотор значи дека без специјален алат и посебно знаење неможе да се отвори за да се сменат делови кои се оштетени .
Пред еден месец земавме од оние со рачка, ми требаше нешто мало за секој ден што ќе можам брзо и лесно секојдневно чистење. Земав на Арника и искрено се изненадив. Не очекував толкава моќност и дека до толку ќе чисти, јас највеќе ја земав за секој ден да можам станот да го поминам побрзо, имам поголема за темелно чистење за еднаш неделно ама таа е потешка со многу влечење. Оваа за секој ден да чистам е супер, за со мали деца посебно, а и цената е ептен прифатлива околку 2600-2800 беше. На Арника и тостер имам една година како го користам значи супер е со прифатливи цени а квалитет солиден.
Јас дома чистам со Шарк Навигатор и многу сум задоволна сега откако имам 2 бебиња го користам секој ден и сум презадоволна многу убаво и темелно чисти и килими и гарнитури и т.н.
Здраво,, Ве молам за совет која правосмукалка е најдобра, се мислиме за шаркот дали е квалитетна и лесна за одржување, претходно имавме на вода и беше комплицирана за одржување. Секој совет е добредојден. Благодарам
QUOTE="Simsot, post: 5545873, member: 128322"]Здраво,, Ве молам за совет која правосмукалка е најдобра, се мислиме за шаркот дали е квалитетна и лесна за одржување, претходно имавме на вода и беше комплицирана за одржување. Секој совет е добредојден. Благодарам[/QUOTE] Јас имам Шарк убаво и темелно усисува лесна е за користење рачна е а можи и да се мети на повисоките места со додатокот за високи места.За чистење само се вади садот се отвора капакот и се истура во корпа за отпадоци и повторно се враќа на место. Ја чувам во оригиналната кутија во подрум. И сум задоволна од Шарк Навигатор. Поздрав.
Јас имам Шарк убаво и темелно усисува лесна е за користење рачна е а можи и да се мети на повисоките места со додатокот за високи места.За чистење само се вади садот се отвора капакот и се истура во корпа за отпадоци и повторно се враќа на место. Ја чувам во оригиналната кутија во подрум. И сум задоволна од Шарк Навигатор. Поздрав.[/QUOTE] Фала за одговорот. Денес ја купив шаркот и сум презадоволна целокупно од неа! Со оглед на теписите со реси што ги имам и се претешки за одржување шаркот е решението за чистота во домот!
Со кабел е, но има многу јака усисна моќ, бидејќи сум бремена тешка ми е за употреба. Ептен убаво усисува
Девојки чисто да дадам мислење, мајка ми во последниве 15 години ја користи Лив правосмукалката на вода, на првата маста и ја извади вторава пред 3-4 години ја купи. Планирам и јас да да купам за кај мене, здравје 10/10. Минус за гломазноста ама поминува )