Керчер тие појаките се со ќеси затоа не ги имав во предвид. Инаку имам парочистач одличен е, ама со кучето долговлакнесто ќе се полнат со две три чистења ќе треба нон стоп да менувам
Ја ижам 6 7 години една на горење Како влече како улава Сеа ке ја однесам на куќата а за дома ке земам иста 2400вати е Ако ја најдам по маркетите ке ти пуштам
Не можам да го редактирам мислењето погоре.. Разгледував стик правосмукалки, дали има некој ваков тип на правосмукалка, се мислам меѓу оваа и робот.. Некако за робот скептик сум. Ми треба нешто лесно и брзо за секој ден, да не влечам кабел постојано. Дневна посебно ми се прави прашина од клима, по два пати на ден да чистам има прашина. За робот немам трпение да ми брчи дома, јас додека не фатам мислам ќе биде не исчистено.
Како манипулираат со луѓето.. Секаде низ балканот па и во европа е 230-300 евра.. во Србија го гледав роботот 36000 динари значи околу 18000 наши денари. Овие од нептун очи мачкаат..мизерија Роботот е убава работа, конкретно за ровентата не знам ама румбите и шаоми многу добро се покажаа.. Тие стик правосмукалките освен ептен скапите, другите се доста слаби ама и батериите им се ужасни.. за мене џабе пари, ама јас па усисувам голема квадратура
Дефинитивно претерале со цените. Овде во Ге гледавме робот за 200 евра. Се мислиме да го купиме. Некои работи се поевтини.
Некоја стик правосмукалка да ми предложите. Не ми треба скапа дека имам кирби за темелно чистење. Ми треба за трошки по деца да чистам околу масичка во дневна и за во кујна Вчера бевме во Нептун, ама таа одма не убедуваше дека поскапите се подобри, а скапа не ми треба...
Не е стик ама за истата работа, трошки и сл имам рачна. За се нешто ми е во рака ептен практична. https://www.neptun.mk/categories/RACNI_pravosmukalki/BOSCH-BHN-16L
@mariz да видиш во техномаркет имаа рачни од 2000 ден па нагоре и сетек... јас купив самсунг обична од ананас за 3500 пред месец а во сетек истата беше 5000 ден
Овие со кабел се? Јас барам нешто без кабел да не влечам за секој ден за во дневна. И да влече да не е некоја само тук там да собира. Знам дека не се како на струја ама барем прашината убаво да собере.
И овде има од 200 евра ама не знам колку се добри.. Јас уште се мислам дали да земам. Маж ми ме предомислува дека нема да сум задоволна, и знам дека нема да сум, јас секое чистење местам, поместувам, дали ќе ја собере прашината од секаде а искрено повеќе од 25 000 не ми се дава.
Зависи и каква површина имаш. Доколку имаш теписи ти треба појака, што стик правосмукалките се слаби. Доколку си на плочки и ламинат или паркет тогаш стик врши работа. Маж ми е алергичен на прашина, па ја зедовме на Philips Aqua со тоа што е 2 во 1 и усисува и џогира.
Земав од Нептун една, Ariete 6000ден. Доста јака е, убаво влече.. има додаток и за теписи и за плочки, ламинат. Оно генералка кога ќе правам ќе си го пуштам кирбито... Оваа баш само за во кујна ми е (плочки ми е кујната) и за во дневна по децава да соберам кога прават лом За некој месец ќе се тркалам со стомаков, па неможам на секое кирбито да го влечам... После па и со 3 дечиња, тродупло трошки секојдневни низ кујна и дневна Еднаш усисавав до сега, ама вака океј ми се гледа. Убаво собира и коса, влакненца... има дел кој и се ротира кога шмука.
Zdravo devojki, Vo potraga sum po nova pravosmukalka, sega za sega 3 mi zadrzaa vnimanie i ne mozam da se odlucam na koja da padne izborot. Ako koristite nekoja od ovie spodelete vase iskustvo, bi vi bila blagodarna za vaseto odvoeno vreme da pomognite ☺️☺️