Здраво, некој да не ја има оваа стик правосмукалка од rowenta, да сподели искуство? https://www.neptun.mk/categories/STIK_Pravosmukalki/ROWENTA-RH-99C0WO
Се мислам и јас за која, највеќе се мислам за Филипсот. После ќе одам да разгледам. Денес и утре имаат попуст, сподели искуство ако во мегувреме земеш некоја. Два месеци се мислам за која стик правосмукалка, мислиш куќа купувам
Иста сум и јас, а на тие цени па и за мислење е А вистински попуст им е ова на Нептун, или како обично се што е на попуст
Јас редовно ги гледам и сега има добар попуст до сега не сум приметила толку да ги намалат, морам утре да одлучам која, до утре е попустот.За во странство велат поефтини се ама не можам да се бафтам од таму да барам. Утре ако купам ќе се пофалам
^Јас ја зедов на Ровента поефтината верзија, имаше само 2,3 други на Беко, јас тргнав по Филипс ама имаше само една на излог, и се убедив за оваа. За сега сум ептен задоволна за секојдневно чистење. Доволно чисти се собира, за ламинат е побавно за тепих има копче за побрзо, исто и светилка да се гледа кога се чисти. Има други додатоци повеќе исто со неа може и да се џогира.
Овој ли модел го зема ? И јас цело време ги гледам и мислам мислиш кој знае што ќе купувам и јас бев повеќе за некоја на филипс, ама викаш супер ти се покажа оваа. Ај пиши ми подетално џогирањето како е, во исто време и смука и џогира или... тоа повеќе ме интересира
Да, овој модел го зедов јас. И да сакав други немаше, а и да земев друга, филипс таа од 20 000 ден ќе ја земев, повеќе од 20 000 ден не ми се дава за ваква правосмукалка, секако имам јака правосмукалка. Вака за чистење сум задоволна, на ламинат и пархет ми е на послаба брзина, на теписон ја ставам на појака. Инаку многу ми се свига четката, влакната се направени така да се да собира. Е сега не очекувај како таа на струја. Оваа е за секој ден, прашина, нешто поситно. За генералки не е. Јас уште не сум ја пробала за џогирање тоа не знам да ти кажам, ако ја пробам ќе пишам. Јас тој дел за џогирање веднаш го тргнав , за џогирање само во моја рака си верувам Има две крпи плус за џогирање. И во тој делот долу има за вода и сретство за ставање. Искрена да бидам јас не ја ни планирав за џогирање. Ако ја пробам еднаш, или два пати од радозналост .
Домаќинки дај бе предложете некоја правосмукалка на полнење, помала, покомпактна, за во кола носење за чистење ако сте задоволни од некоја? Вака нешто... https://setec.mk/karcher-1198-4010-cvh-2-eu https://setec.mk/rowenta-ac9736wo https://setec.mk/rowenta-ac476901 https://setec.mk/xiaomi-mi-vacuum-cleaner-mini-eu
Купивте некаква правосмукалка до тој буџет? Ме интересира зошто се одлучивте за дајсонот? Дали ги разгледувавте самсунг BeSpoke Jet и слични на нив и случајно правевте споредба и сл.
Разгледував и други, ама искрено Dyson немаат докап, и единствени докажани со ептен квалитет се тие. Читав и по нет искуства, и на Амазон за искуства од други земји. Затоа и се одлучив.
Не сум сеуште, имам теписи па затоа, треба четки да менувам па вака ми е полесно, инаку да може и да џогира има на интернет видео плус и собира.
Дечки каде можам да најдам кеси за PRAVOSMUKALKA BEKO? на нет вика има во Алфи и Нептун, отидов , испадна дека немаат!!!!!!!!! никаде не можам да најдам