Јас имам на Ровента, мене ми е супер веќе 4 та година ја имам, супер влече и ми е лесна за одржување.
Во првите страни на темата се зачитав, какви се тие правосмукалки за домашно перење на теписи? Одамна се тие мислења за да цитирам, има некој? И ваква сакам да имам Машинското како да ми ги расипа..
Искуство со рачна (стик) правосмукалка на Samsung? За секојдневно усисување, имам само неколку тенки теписи/ стази. https://www.neptun.mk/categories/STIK_Pravosmukalki/PHILIPS-XC-3031-01
Јас сум презадоволна од Шарк Навигатор. Едно време многу ја рекламираа и мислев дека е само префорсирана реклама, ама пријатно се изненадив, топла препорака
Од кај ја зеде? Оти во топ шоп ја немаат некое време нели. И јас ја имам веќе 7 год и сум презадоволна ама ми треба уште една за во друга куќа.
Здраво на сите, дали некој знае за тивка правосмукалка? Стик? Со мало бебе сум и единствено дур спие ми е слободно за средување....
Што направи потоа ? Јас купив правосмукалка пред 4 дена самсунг , ми гасни и мене ..како може да гасни а 2 пати ја имам користено ?! Ќе им ја вратам утре ако не во инспекција ќе пријавам
Дали може препорака за рачна правосмукалка за автомобил..До 2500 ми е буџетот. Некако слабо наоѓам, ако има некој што знае или поседува и е задоволен од истата да ми препорача, благодарам
Женски купив ваква правосмукалка Да не знаете кое од овие две е за тепих кое за ламинат Ова на вторава слика е меко, кп ваљак, не ми личи да е за тепих.. @ALISA0000 да не знаеш случајно?
https://sbd.mk/product/18v-bateriska-pravosmukalka-za-domashni-m/ најтопла препорака за правосмукалкава, дават редовно попусти ја земавме околу 10-11 илјади ние лани, нема мрднато. има три брзини, има и светло напред што дополнително олеснува да видиш каде има ѓубре. огромна усисна моќ, бежична. си ја расклопувам и ммногу малку место зафаќа.