Od neptun e? Mislam deka tamu ja gledav ako ne sum greska. Kolku ja zede? Jas ja gledav ovaa i edna druga slina na rowenta
Од каде точно е купена? Ме интересира со оглед дека планирам да купувам покуќнина од таму па да знам, ако не е проблем да се сподели.
Не е проблем никаков. Од Otto. Спојлер: Линк: https://www.otto.de/p/bosch-akku-st...aufzeit-rot-C454917869/#variationId=454920647
Zdravo dali imate iskustva so stik pravosmukalkite na Xiaomi? Gledam deka imaat dobri ceni pa dokolku imate ili ste slusnale ve molam spodelete. Blagodaram
Ми треба нова правосмукалка, старата ми е обична и не ми влече добро. Имам роборок робот кој ми е одличен за одржување и имам рачна мала правосмукалка за трошки и сл. Сега се мислам дали да земам обична или стик правосмукалка за по темелно чистење. Стик никогаш не сум користела, мислам дека маневрирањето нема да ми оди од рака, во цел стан сите елементи ни се на ногарки, со обична првосмукалка со црево се виткам меѓу маса и софа пример и усисувам се до крајот на ѕидот или до најдалечната ногарка од аголната гарнитура, не знам тоа како би го извела со стик. Имам и теписи, роботот не ми ги усисува најубаво, ми треба да влече добро. Исто не знам дали стик правосмукалките фаќаат до крајот на ѕидот, да не има рамка самата папуча па да не ми фаќа пример покрај ивиците. Исто за малите недостапни места се мислам, во купатило или помеѓу елементи, со обичната правосмукалка само ја вадам цевката и со цревото усисувам, на стик правосмукалка веројатно ќе треба многу почесто да се замарам со менување додатоци. За крај, ја гледав дајсон и среќа, ама среќа што ги видов цените во Германија инаку може ќе се залетав да купам. Конкретно овој модел dyson v15 detect absolute кај нас е 900 евра, во Германија е 600... Ако се одлучам за дајсон сигурно ќе барам некој од горе да ми донесе. Ама секако ми требаат предлози прво да се одлучам дали да барам стик или обична, а немам намера да имам и таква и таква .
Земи си било која на karcher па да видиш што е усисувањејас би играла на карта WD4 или WD5 Имав прилика зимава кога бевме по ЕУ да користам стик, едната дајсон другата hoover. Двете се доста познати брендови ама како што мојава стара дама усисува, нема замена Па тоа маневрирањето..возачка мислам да полагаш треба Уствари има една на Шарк, за неа сериозно возачка треба Стик никогаш не би земала, среќа не земав пред 2 год кога бев прегреана по нив
Ako sakas pravosmukalka sto mnogu vlece zemi si Shark. Jas imam Shark navigator. I nema ramna. Ke bides sigurna deka do temel e usisano. Ama masivna e ne e lesna bas za manevriranje toa i e edinstvena mana, mada jas se naviknav i so bilo koja druga kako neusisano mi e. Bas teska kategorija na pravosmukalka e ko Kirbi sto bese porano Za sekoj den zemav sega od Lidl nekoja stik imase pa ajde rekov za troski i onaka sekoj den usisavam od decava pa polesno da mi e. Epten e lesna za manevriranje i mnogu polesno mi e za pod masa, kreveti so nea za razlika od Sharkot. Mislam deka stikovite se lesni za mal i tesen prostor, samo ja nemaat taa mok kako drugava.
Има шанси да најдам солидна стик правосмукалка до 12 000 денари!?! Без кабел, на батерија да работи. А батеријата да трае барем 50-60 минути. Ми треба најмногу за голем скаличен простор, се убивам со Шарк , ем тешка , ем кабелот вклучи -искулчи низ просторт. Ќе ми се најде и за секојдневно низ дома, брзинско правосмукање... генералното еднаш неделно би го препуштила пак на Шарк оти стварно феноменално работи. Ама мислам ќе си олеснам со стик правосмукалка за скалите најмногу. Ве молам посоветувајте ме, предложете, споделете искуство
Извини јас касно гледам.. Нема мнооогу голема разлика со оглед на разликата во цена.. Моќноста е поголема, кабелите подолги и садовите поголеми.. Ама во принцип нема толку разлика во моќта на усисување за да фрлиш толку пари за wd5 или 6.. Јас имам две тројки од две различни серии и една петка, сега да ме прашаш не би ја купила петката E ама за Karcher SC 4 пак би дала пари.. Златен парочистач
Го имам јас SC2 предобар е И сеа сакам да земам правосмукалкаWD3 ама гледам 4001 моделот шо сакам да го земам може и за суво и за мокро чистење па да не давам пари два пати Незнам колку ми е паметна идеата А 4001 секако ке ја земам ја немале на залиха чекам да ми се јават
Јас кога ја земав во Бугарија ми рекоа дека и со обичната може мокро да се чисти ако се докупи таа главата долу што е за мокро. Можеш и со обичната негова глава ама тоа е за да усисаш мокро, не нешто посебно да исчистиш.. Така да најосновната верзија ја имам, не го докупив делот за мокро чистење дека не ми требало уште https://www.kaercher.com/us/home-garden/wet-and-dry-vacuum-cleaners/wd-3-16281140.html Плус ми се свиѓа тоа што има и за лисја дување ако го закачиш позади цревото што лисја сум издувала еее Иначе јас без ќесите ги користам, ѓубрето право во пластичниот сад..
Со 4001 можеш да си чистиш гарнитури и такви некои работи, платнени, дека го има и тој дел за да испрска нели.. А обичната wd3 нема Знам чистат и теписи, ама јас имам за чистење теписи машина. Додуша не е моја, ортачка е ама кога треба ја земам за во БЕ, а во ск ги давам на перење Не знам колку добро чисти, искрено немам искуство.. А немам и нешто такво баш за чистење, гарнитура евентуално ама мислам мојов материјал не е баш за неа Во Клинтек или Ивбис прашуваше?
Клинтек Мене ми треба за перење теписи гарнитури чистење,трепезариски столици,внатрешноста на колата А за обично шмукање ке ја користам без делот со пумпа и без водата Така ми е планот