Здраво Да се пријавам пред 10 дена земавме стик усисивач на блек+декер, од ананас.ком. Цената и е 10.990 ама се погаѓа и плус 500 или 1000 ден попуст. Искуството до сега е дека е топ. На стан од 50м2 со едно полнење 2 пати го поминувам, а собира ѓубре подобро од обичниот усисивач. За коса да не правам муабет. Влакно немам веќе по дома. Така да топла препорака од мене
Дечки зошто никаде не можам да најдам кеси за мојата Беко правосмукалка? Овој модел го имам, овие кеси ги имав сега никаде не можам да ги најдам прошетав секаде, помагајте
Ако си од Скопје, оди на Зелен пазар, има една тезга со кеси за правосмукалки. Може нема да најдеш иста, ама заменска сигурно имаат. Друга опција ти е да се јавиш во Беко да видиш што ќе ти кажат.
Имам идено на таа тезга и човеков ми понуди некои универзални но беше сигурен дали ќе ми одговараат...Па не земав..Барав по ТЕМУ не најдов, можно е да вртам во Беко па ќе прашам, друго чаре не гледам...бреј да не може кеси за правосмукалка да се најде....
Дали може да ми препорачате стик правосмукалка од којашто сте задоволни? Ги гледам на дусон и ровента, скапички се ама ако вредат и ако некоја членка има да сподели искуство би било супер. Фала ви.
Да се надоврзам, конкретно ја гледаме дајсонов: https://www.neptun.mk/categories/STIK_Pravosmukalki/DYSON-V-12-DETECT-SLIM-ABSOLUTE
Јас сум презадоволна од Дајсонов, мојата е V8 мислам, оваа е сигурно многу подобра. Откако ја имам, класична правосмукалка еднаш месечно дали пуштам. Многу ми е практична, во било кој момент земам и усисавам, за разлика со обична вади ја, прибирај ја. Од мене секоја препорака, ич да не се мислиш.
Ти благодарам ептен за споделено мислење, ние искрено воопшто не сакаме ни да купуваме обична правосмукалка туку со оваа да си чистиме се'. Доста е скапичка само од тој аспект се размислуваме дали вреди нели нормално, ама сега за сега немаме ни деца ни милениче и имаме ламинат што значи лесно би требало да биде, и убаво да чисти за да не вклучуваме обична правосмукалка. Малку ме замисли околу тоа дека класична правосмукалка пушташ еднаш месечно, дали под тоа мислиш дека треба и стиков и една обична да се има или не? Извини те испозамарав, фала ти
Јас обична немам пуштено не знам од кога.Имам стик на Phillips,Sharkot od Topshop и плус робот.Само стикот го користам(секој ден буквално).Мн е лесен за маневрирање и за чистење.После раб го чистам и ставам да се наполни.
Опремена си целосно со правосмукалки хахахха, фала ти на споделено мислење ми значи ептен! Мислам дека сепак ќе падне изборот на оваа дајсонот ама ќе видиме.
По мое нема да имаш потреба и класична да земаш. Кај нас во станот не е добро наместен паркетот, има многу процепи и тука се собира прашина, а со мали деца сум па најмногу ради тоа поминувам. Иначе многу добро собира и стикот, дури и се чудам од каде таа прашина на секојдневно усисавање, ама Скопје е хаос последниве години. Батерија држи солидно два пати да усисам стан од 50кв. За онака на брзинка и кратко нешто и повеќе пати. Маж ми беше скептик за стикот кога го зедовме, мислеше нема да собира ништо и дека е играчка, ама сега вели дека не постои подобар и попрактичен апарат од него. Плус и колата ја смука со него, си има додатоци. Земај не се мисли.
Истата ја имам веќе втора година, батеријата држи како првиот ден. Ја земавме на блек фрајдеј од Германија ако имаш време и имаш некој таму можеш да ја начекаш доста поевтино со сите атачменти. Нема што немам чистено со неа од под, гарнитура, душек, па и мајстори кога бушеле нешто. Со нормално одржување на правосмукалката сум немала проблем до сега. За 70кв ми требаат 20минути. Со бебето во кенгур усисавав кога беше ептен мала Старата класична ја подарив, нема смисла да земаш две.
Леле фала ти многу за споделеното искуство, па немам моментално никој во Германија ама ќе се обидам да видам да не го има поевтино тука кај нас Бугарија, Грција. Битно ми беше дали за овие пари ќе е добра.
Испадна малку дајсонот да ни е надвор од буџет, па сега гледаме некоја малку поевтина варијанта. Дали има некоја што користи Бош стик правосмукалка и како е задоволна? Конкретно оваа ја гледавме ние https://www.neptun.mk/categories/STIK_Pravosmukalki/BOSCH-BCH-3K2851