Некој да сподели искуство со правосмукалкава на Bosch? Барам солидна стик правосмукалка докај 12000 денари максимум, на оваа цената и е супер а башка е Bosch, па некој ја има да каже дали е добра. Или било која друга да ми препорачате до таа цена, tnx.
Да споделам мое искуство. Ја купивме бежичната на Black + Decker (BHFEV182C) 18V правосмукалката. Многу лесна за употреба, воопшто не е тешка. Супер усисава, има мало кантиче каде што се собира се што вшмукува, лесно се чисти. Доаѓа со два дела, може да се користи како мало за кревети, кола или ќошеви или како долг стик за теписи и ламинат. Дома ни е скоро се во плочки или ламинат, имаме некои 4 теписи во дневната, кујната ходникот и спалната. Феноменално собира влакна. Плус друг момент што многу ми е допаѓа, имаме мало дете и дали за грицкање или што и да е постојано троши позади него. БУКВАЛНО 1 секунда, земи усисај, врати на место. Јас мислам дека е најдобриот производ што го имаме до сега земено. Може да се усисава до 1 час без проблем. Има три нивоа слабо, средно и најако. И да е на слабо супер усисава. На батерија е, си покажува кога почнува да се празни батеријата, кога е при крај и кога и завршува. Полнењето е на полнач, не повеќе од 2 часа. Ја има и на Ананас, јас ја земав од таму со промоција. Ви проследувам и линк https://ananas.mk/proizvod/black-de...stvo-4-vo-1-1x2ah-powerseries-extreme/3228750
Здраво, искуство со правосмукалкава?https://www.topshop.com.mk/rovus-storm-vac-mop-pravosmukalka-polisher Ми треба нешто за секојдневна употреба, или предлог што ви се погодило?
Искуство со оваа правосмукалка на Philips? Многу се мислам дали да ја земам wd3 на karcher, ама не знам дали реално имам потреба од таква правосмукалка, иако имам и тераса и двор па може ќе се најде и за тоа.. ама не ја препорачуваат многу за домашна употреба и на два ума сум. Другава ми ја понудија поради тоа што има и хепа филтер, а и поубава ми е на изглед.
Женска можеш ли да го проследиш линкот до правосмукалката пак, кога отварам на ананас ми дава нешто сосем друго. Фала ти
Зошто wd3 не е за домашна употреба? Јас ја имам веќе 7 години, раат сум со неа. Децава си ја маневрираат без проблем, сами си чистат, недостаток е краткиот кабел, иначе правосмукалката е одлична.
Да, баш од овде читав мислења дека сте задоволни и 90% бев решена за нејзе, ама ме премислуваат поради тој хепа филтер и дека наводно намената и е повеќе за канцеларии и слични простории..
Не е страшно купуваме цело паковање 4 има внатре и долго ни тераат. Можеш и да ги истресеш ако во моментот немаш купено.А не знам од кај тоа канцеларии баш таму не би имало потреба од толкава моќ
Достапен е хепа филтерот, не е голем и не е воопшто комплициран за менување. И убаво е што ќесите се менуваат исто така, не мораш да ги тресеш, само вадиш, фрлаш, ставаш нова. Искрено, по сите мои искуства со правосмукалки од секакви брендови, пак би одбрала wd3, оти е прилично моќна и одлично влече, што ми е најважно, За влакна вадење од теписи е закон.
Дали може да ми препорачате некоја стик правосмукалка, докај максимално 10 илјади што би ми бркала работа за уклучи, исчисти дома и преку недела и да не вадам главната правосмукалка. Немам теписи сѐ уште така што ми треба нешто буквално што ќе си ја врши работата за 30-40 мин усисавање па ни толку.
@bookslover види Сетек имаат викенд акција видов повеќе стикови. Јас се мислам за роботот XIAOMI MI S40C околу 10,000 денари е.
Многу ви благодарам за споделеното искуство, ме интересира уште каде можам да најдам филтри и ќеси? Ги има по салониве?
Ќеси и филтри купувам од Ивбис, од кај што ја купивме правосмукалката, а верувам дека има и во Нептун.