Сеа брзо зедовме смукалка Vivax VCC 2000 WP за околу 3000 денари. Не е на вода, но смука убаво и најмногу од се што ми се свиѓа е тоа што е многу лесна за чистење. Не треба филтери да чистиш, ни ќесиња, само стискаш на едно дугме, го отвара кантичето и во кеса го истураш. Најубаво од се е што не голташ прашина, прашината се збира во куп онака се собира на куп(не знам како да објаснам). Задоволни сме многу од смукалкава. Немат слика на нет за да ви ја покажам.
Кога мајка ми пред неколку години купи кирби јас беа најголем противник на тоа да се плеснат тооооолку пари Се сеќавам дури зборевме со мајка ми на телефон кога беше тој претставникот од Кирби кај нас дома и и кажав да ме стави на интерфон и очигледно ги забавував со сите пресметки за ствари што и како можат да се направат за тие пари Денес сум пресреќна, пошто алергиите кои ги имав на прашина, полен и што ли не ми се намалија значително... нема веќе чешање нос, пецклање во грло и неконтролирано кивање .. Доволно е еден да има во фамилија, за да може одвреме на време темелно да се исчисти! Јас сега планирам да купувам машина со хепа филтер ко што спомнавте претходно, многу позитивни критики читам за неа па кога ќе затреба од време на време ќе ја позајмувам Кирбито на мајка ми, и така тој продавачот рече дека ќе преоѓа во наследство со генерации
Јас имам од МАХ со вода убаво смука и воопшто не крева прашина само сто ми е тешка кога ја кревам за да досегнам пајажина, а имам и самсунг обична исто убаво смука но си прави прашина
Јас немам правосмукалка. Дома немаме теписи, па не ни е потребна. Прво метам со метла, па чистам со џогер. По потреба, ја земам правосмукалката од моите.
Ние некои 4-5 години користевме правосмукалка на вода (не знам како се викаше) што одлично си ја вршеше работата. Веднаш откако ја земавме се приметуваше разлика од онаа што не беше на вода, помалку имаше прашина низ дома. Арно ама, минатата недела кога чистев, нешто тропна во машината и почна да мириса на изгорено. Веројатно се расипа, па сега сме во потрага по нова, оваа си го отслужи своето. Така што, ако имате некои предлози и сте задоволни од одреден тип правосмукалка, би ви била благодарна да споделите
Девер ми има слична ваква правосмукалка. Горе и доле е сина, а во средина е бела. Не знам од кој производител е. Многу е задоволен. И јас имам чистено со таа правосмукалка. На тркалца е и добро чисти.
Некако почнав да се премислувам дали да купам правосмукалка или Шарк од топ шоп за чистење на пареа. Некако дома се паркет ,плочки ми е само два мали теписи и една стаза ,а ова прашина што се собира на паркет и на плочки викаат убаво се чистело со Шаркот ,па има некој искуствокако се покажал, дали да си го купам ,а да си терам со старава правосмукалка. Значи мислам само за делот на пареа ,не таа гломазната вертикална правосмукалка.
Моите денес иста ваква купиле, па баш си реков ќе ја прочешлам темава да видам да не ја користи и некој друг. Малку ме збуни со тоа што викаш дека многу мирисала Мириса при смукање, или отпосле кога ќе ја чистиш? Да не ја оставате неизмиена после смукање, па после пак да ја користите?
Мириса, да, на влага. И кога чистиш со неа, ама и кога не ја употребуваш. Моите имаат правосмукалка на вода од Беко веќе десетина години, можеби и повеќе, мајка ми почесто ја користи за генералки, а за секојдневно чистење си има малечка Самсунг правосмукалка. Што се однесува до овие на вода, важно е убаво да се чистат после секое користење и да се избришат со сува крпа, или пак да ги оставиш да се исушат на отворено, така можеби нема да мириса. Исто, многу е важно филтерот убаво да се чисти, а препорака од сервисот е да се чисти со чиста жешка вода, така излегуваат нечистотиите. И уште нешто - кога чистиш со правосмукалката, може во водата да ставиш неколку капки од некое етерично масло, или уште подобро - едно капаче омекнувач за алишта, и собите ќе мирисаат преубаво. Моја препорака ти е омекнувач, оти полесно се чисти правосмукалката, односно, полесно се измива, за разлика од маслото
Ние ја имаме оваа правосмукалка и супер се покажа. Jа препорачувам Спојлер карактеристики: Моќност: 1600W Усисна моќ: 320W Индикатор за полна кеса Капацитет на кесата 3L
Девојки, дали некоја има искуство со Vivax Home VC 2400? Треба да купам правосмукалка, а оваа ја има на попуст на grouper. Според карактеристиките изгледа добра, ама за брендов не сум слушнала до сега .. Поздрав http://grouper.mk/skopje/deal/vivax-pra ... ka-vc-2400
Спојлер Не сум имала подобра и попрактична правосмукалка. Лесно се чисти, не е скапа, а чисти и суво и влажно.
Пред 3 недели купив обична правосмукалка Daewoo 2000W и задоволна сум. Убаво чисти, лесна е за кревање и може да се наштелува во зависност од тоа колку сакаш да биде бучна. Колку е побучна, толку повеќе шмука.
Имам една на вода, демек поскапа ја земаа моите и џабе. Водата мора да се менува, да се чисти пред и после усисавање, инаку се умирисува. Не сум задоволна.
е многу јасно дека водата си ја полниш пред да почниш да чистиш и одпосле истураш и мииш садот ти што очекуваш водата да си стое во правосмукалката ?
Јас ја имам арника бора 4000 и супер ми, не би ја менувала. Прво има голема моќност на смукање, хепа филтер, а најважно канистерот за вода не е голем и гломазен, многу лесно се чисти. Обично правосмукалките на вода се со голем канистер па дур ги измиеш лом ќе направиш.