Па види собира многу врекичката и често заборавам да ја истресам , па кога е наполнета ја тресам и ја перам.Еднаш во месецот ја тресам значи.Хартиени купив за претходната и се за една употреба.Кај што се затвара торбичката има железно такво и се отвара цело и се тресе.Лесно е многу.
@Bozica1980 еве мојата е иста боја исти материјал на сликата неможам убаво да проценам ама мислам дека мојата е за малку поголема.Јас не би ја менувала мислам за ништо.Само да се погоди.Да ми трае уште многу
Така е. Ниту една правосмукалка не чисти темелно како овие две - Кирби и Рејнбоу. Јас имам сменето до сеа неколку, се нешто се крши, или тоа рачката или со цревото проблеми, сеа користам на ЛГ една, издржа една година, па ај да видиме до кога Чисти добро, ама со Кирби и Рејнбоу нема шанси !
Кај мајка ми ја користиме оваа Фаворит Рио, подобра правосмукалка здравје. Влече ко луда, иако е "само" 1300W. Работи и на вода, ама никогаш не сме ја пробале , исклучиво со ќесе , на месец дена го менувавме. За жал во последно време ја нема никаде. Сакав да земеме за кај вереникот ама не најдовме никаде. Па моите ми земале Zamussi 1800W,искрено прв пат слушам за брендов. Од првичните користења е добра, баш солидно влече. Јас несакав правосмукалка на вода, оти имавме дома пред оваа и баш ми беше мизерна за користење. Миењето на садот ми беше смрт, па и ако малку постои веднаш замирисува лошо. Плус што ми беше претешка.
Мојата е 1600 W и морам да ја намалувам некогаш. @Winter Lady еве како изгледа ...не можам да најдам подобра слика. Има челична дршка, таква барав, за да не ми се крши.
Мојата конечно цркна па ќе мора нова до сега само одложував. На брзина поминав вчера во Сетек и ја видов оваа http://setec.mk/Small-domestic-appliances/Products-for-home-use/Vacuum-cleaner?product_id=68435 Ја има некој, ја бива или да барам нешто поскапо?
Ние имаме ваква и одлично не служи, но ни се искрши рачката во долниот дел каде се спојува со папучата за усисавање... Дали има некоја можност за поправка, нова рачка или слично ?
Мислиш цревото се откачи или ? Ние имавме ваква, мајка ми кога усисувала од оган мало млакаво жарче усисала, и после јас кога ја оклучив прегоре на сред работа.Ја фрливме цела, иако можеше да се најде на некој.Има комшика вава и тетка ми.
Рејнбоу не сум користела и не можам да кажам, ама досега од сите што сум ги имала најзадоволна сум од Авалирот на Кирби. Скапа е, ја исплаќам повеќе од 1 год, ама вреди за секој денар.
Ако не сте нашле сеуште - можно е да има во сервиси каде што поправаат и правосмукалки. Прашајте, не губите ништо. Секако ако имате дома стара правосмукалка, од неа може да го искористите делот, верувам ќе пасува. А во продажба по маркети за бела техника нема.
@Rubiii ќе проверам деновиве во подрум, имав еден сличен самсунг со таква рачка, расипан е ама рачката е здрава. Ако не сум го фрлила ќе ти пишам.
Девојки, правосмукалки за домашна употреба но многу професионални кои се користат и по хотели,ресторани итн. Многу квалитетни и издржливи, лесни за пренесување со долг кабел, да ја уклучиш и да заборавиш дека чистиш. Цел стан може да го поминеш без да преместуваш кабел. Одат со ќесиња што се за една употреба, така да нема тресење и голтање прашина. Има 3 заштитни филтри така што воопшто не испушта прашина додека работи! Тивка е многу и прелесна за ракување. http://vaslin.mk/mashini-za-chistenje-podovi/st-7/ На следниов линк имате повеќе информации и од каде да ја најдете. Поздрав