Правосуден испит

Дискусија во 'Образование' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    389
    Според новиот закон е дека мора да завршиш 5 години, да си магистер по правни науки па потоа ќе може да стажираш.
    Со тоа што 1 година ќе трае стажот не 2 години.
    Но некој ќе рече дека исто е 4 години дипломиран + 2 стаж и учиш и полагаш правосуден.
    Но со новото имаш 5 години учење, па правење труд кој одзема неколку месеци, па бранење трудот, па 1 година стаж така да процесот е подолг.

    Мислам дека старата програма беше подобра од новата т.е. 3+2 системот,можеби грешам.
    Кажете свое мислење.
     
  2. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    93
    Поради оваа причина се мислам дали да одам на правен или не...8 години ти минуваат во учење..И исто се двоумам во кој град.Јас повеќе сакам во Скопје ..ако може совет што да правам?
     
  3. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    389
    Нема што да се двоумиш доколку навистина го сакаш правото.Во врска за тоа во кој град да студираш незнам од кој дел на Македонија си и како ќе ти се вклопи градот со другите околности.Јас од правните факултети сум запознаена правниот во Скопје и правниот во Кочани. Сите велат дека во Скопје е полесно затоа што на колоквиумите се одговара со заокружување,но меѓутоа има така да каже некои "зезнати профисори",кај кои многу студенти имаат заглавено,јас лично не сум имала проблем .Додека пак во Кочани сметаат дека има подобри професори т.е. кај кои полесно се минува на испит.Но се зависи од тебе, јас само со овие два факултета сум запознаена,знам дека правни има во други градови и на приватните универзитети,но толку од мене.Поздрав и се надевам дека правилно ќе одлучиш во врска со изборот.
     
  4. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    Правен факлутет има и во Велес (испитите ги полагаат во скопје) и во Битола мислам дека има :) .. Со среќа и да одите на правен, јас се надевам дека до тогаш нема да ми се сменат мислењето . сега цврсто стоам на тоа дека ќе одам на правен , а и таква ми е струката што сега ја изучувам . ќе видиме има време за мене.
     
  5. usnicki

    usnicki Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Јас сум на правен и немам никаков проблем. Добро малку повеќе учење и супер ќе си пројдеш.Кој си учи не е тешко, ниту па некој професор му може нешто. Е колку муабети сум чула овој професор е ваков, овој таков па на крај воопшто сум немала проблем.
     
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.833
    Допаѓања:
    29.856
    Пол:
    Женски
    Јас дипломирав на правен пред две години и бев последната генерација по стара програма. Сестра ми сега е по новата програма и што да ви кажам, ја мислам дека ова со ЕКТС е ужас невиден :( Инаку сега почнав да спремам правосуден и да ви кажам право незнам од кај да почнам. Што е многу многу е, па уште и законски измени да пратам еј... И така... Ако има некој што почнал да спрема правосуден или пак полагал нека напише искуство како е, што е итн :)
     
  7. Ruby

    Ruby Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Поздрав до сите што спремаат правосуден испит и оние кој што го положиле, па би сакала да слушнам некакво искуство поврзано со тоа :)
     
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.833
    Допаѓања:
    29.856
    Пол:
    Женски
    Конечно да пише некој и на оваа тема :). Јас спремам правосуден и ми требаат совети и искуства поврзани со тоа, зашто сакам во февруари да го полагам. руби ти имаш положено или сега ќе полагаш?
     
  9. Ruby

    Ruby Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    И јас планирам во февруари, го спремам сега :) како ти иде, до кај си??
     
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.833
    Допаѓања:
    29.856
    Пол:
    Женски
    Поминав кривично и нешто од граѓанско, али тешко ми оди. Многу брзо се заборава, многу материјал е, треба нон стоп да се повтара и така. Ти до кај стигна?
     
  11. Ruby

    Ruby Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Поминав се, сега поминувам уставно-управо, абе не е тешко толку колку што е обемно и напорно. Планирам да идам декември да слушам полагање да видам како е.
     
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.833
    Допаѓања:
    29.856
    Пол:
    Женски
    Браво за тебе :clap: :)
    А за колку време се поминува целиот материјал со турбо учење, за да си знам дали ќе имам време?
     
  13. Ruby

    Ruby Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Со турбо учење прв пат ако го поминуваш ќе ти треба месец ипол, абе не е тешко, ОБЕМНО Е, и стресно :sweat:
     
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.833
    Допаѓања:
    29.856
    Пол:
    Женски
    ^^Така е, сите работи се познати, се имаме учено на факултет, амо обемно е и си бара многу учење и време :) Ме интересира дали учиш само од законите или пак и од книгите за на факс?
     
  15. Ruby

    Ruby Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Само од законите, си ги купив сите закони оддеднаж, со сите измени и се остало. Тебе како ти иде до сега???
     
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.833
    Допаѓања:
    29.856
    Пол:
    Женски
    Абе и јас повеќе од закони учам, и јас се снабдив со сите можни закони и измени, само кривично општиот и посебниот дел потчитнував и од книгата. Учам строго од прашањата, значи ништо надвор од прашањата, па ќе видиме како ќе биде. Знаеш мене не ми е толку тешко учењето, јас тешко се наканувам да седнам да учам :lol:Дремам на нет, по кафиња, серии, за се имам време сдамо за учење не. Уште шала ми се чини, а времето си минува. Дали имаш до сега одено да слушаш како е? Кажуваат дека едни исти прашања се вртеле.
     
  17. Ruby

    Ruby Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Не сум била, затоа сакам да идам, отприлика да видам како изгледа сето тоа. Се надевам дека се ќе биде во ред. А ти загреј го столчето, да не биде после оставам за април :D
     
  18. newbarbi

    newbarbi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Pozdrav do vas...
    Lani Oktomvri zavrsiv so pravosudniot,i mozam da vi kazam samo da citate se,zasto se prasuvaat...najnapred pominete cel materijal,a posle toa moze da nabavite skripta vo fotokopirnici kaj mavrovka i po niv da povtoruvate.
    Moze sega vo ovoj moment nema da vi znaci ova sto ke kazam,no vistina e....stresot i obemot na materijalot ja prave prikaznata za pravosuden golema,koja vsusnost ne e...zasto sve znaete veruvajte,koga sedete na klupa pred profesorot sami vi doagjaat misli.
    Jas imam malo dete od 2 godini i bez problem pominav...TAKA DA SAMO NAPRED!!!
    [mod-kirilica:2v7pzpy1][/mod-kirilica:2v7pzpy1]
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  19. KENdra

    KENdra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    здраво, јас имам исто завршено правен факултет последна генерација по стара програма па би сакала да прашам дали за правосуден да полагаш освен да стажираш 2 години кај адвокат или нотар ,слушнав дека може да работиш друго во фирма пример како вработен и после 3 години можеш да полагаш правосуден....дали некој знае да ми одговори дали е точно ова .....поздрав
     
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.820
    Пол:
    Женски
    да, може да полагаш правосуден ако имаш работно искуство повеќе од три години.