Iriss кривично писмениот дел обично даваат првостепена или второстепена пресуда да напишеш. Оди на веб страна на било кој основен, апелационен суд во дел судска праксa имаш објавени пресуди.
Има и тоа какви шанси. Посебно кога се полагаат граѓанско трговско и трудово, јас бев меѓу првите 10 на список и одговарав во 19 и 30 вечерта, а во групата бевме 40 колеги и останаа до кај 11 сатот. А кога се полагаат кривично и уставно зависи кога ќе започне испитот уставно, така што може да заврши испитот порано, а може и покасно
Феминки мене ме интересира,да ми појасните нешто, Дали тие шо по новата програма имаат завршено само 3 години имат 180 ЕКТС? И дали со 3 години имаат право да полагаат правосуден? Некако сум скептична во врска со ова ама ај... И плс ако има некој линк или слично да го најдам новиот закон за правосуден. На право.орг го има само стариот и бележан е дека е вон сила. Знам дека новиот со одредбите за начините на полагање на сила треба да стапи во рок од една година од објавувањето (некде ќе беше јуни/јули), таму сугурно и пишува кој и како може да полага правосуден?
правосуден испит може да се полага само со 300 кредити според ЕКТС или 4 години по стара програма плус работно искуство..да можеше со 180 кредити никој не ќе се запишуваше на мастер студии да плаќа 2000 евра за џабе
Тие што студирале по Бољонска декларација можат да го полагаат правосудниот испит со 300 кредити според ЕКТС и работно искуство од најмалку 1 година (ако работеле кај адвокат, нотар, суд, јавно обвинителство и правобранителство) и најмалку 2 години работно искуство по фирми, општини и сл. Оние кои завршиле со 4 години треба да имаат работно искуство од најмалку 2 години (ако работеле кај адвокат, нотар, суд, јавно обвинителство и правобранителство) и најмалку 3 години работно искуство по фирми, општини и сл. Не знам зошто мастер студиите се изедначуваат со магистерски студии кога нема врска едно со друго. Магистер е универзитетско звање и нема логика да се изедначува со моменталниот мастер кое значи додипломско студирање. И оние од стара програма учат 4 години и им се бара 2 односно 3 години раб.искуство и оние по Болоњска програма учат3+2 години со тоа што ним им се бара 1 односно 2 години раб. искуство за да полагаат правосуден, кога ќе видиш изедначени се. А новиот закон ќе почне да се употребува од 14.10.2014 година. Не знам што е подобро, електронсково полагање може и да е полошо бидејќи ќе има прашања од цел материјал и сите ќе бидат дво односно тро смислени, бидејќи од понудените одговори два или три одговори ќе бидат многу слични и нема да знаеш за кој да се одлучиш. Значи погрешно заокружување ти губи поени. Од друга страна усното полагање можеби е подобро ако немаш трема и ако си снаодлив со зборови, нормално и ако знаеш што зборуваш, можеш за пократко време да завршиш. Значи, уште една година ќе се полага по стариот закон. А јас се мислам дали да ја фатам старата програма или да пробам со новата. Законот сеуште го нема на pravo.org.mk знам дека промените се изгласани а не знам кога и дали е излезен новиот закон, бидејќи гледам дека други измени од месец ноември се веќе објавени на страната а законот не е, можеби уште не е донесен одн.изготвен. Се е само за пари.
^ ^^ Прашањево го упатив затоа што наидов на огласи за вработување по судовите низ МАкедонија. Едно 4-5 суда имаа објавено огласи за вработување и услов е VII/1 Правен факултет или најмалку 180 кредити ЕКТС и положен правосуден испит.Огласот баш така гласи а мене ми беше нелогично, затоа што го знаев сето погоре што сте го напишеле, ама викам ај може нешто не сум во тек. http://www.najdirabota.com.mk/vacancy.a ... pYActLryIU Посебни услови предвидени во правилникот за систематизација на работни места се: - Да има завршен VII/1 степен-Правен факултет или стекнато најмалку 180 кредити според ЕКТС-Правен факултет - Да има положен правосуден испит И како ова ќе биде?
^^ Јас чекам да излезе новиот закон за да видам што и како ќе биде. Вака поставен огласов ми изгледа чиста утка од институција која во никој случај не би требало да направи таква грешка. Новиот закон ќе се применува од 14.10.2013 година, значи до тогаш е во сила стариот закон. А според него за да има некој положено правосуден испит треба да има 300 кредити. Оди па најди им нзс ако напишале ваков оглас. Нема логика. Може само некој да работи кај нив без пари како волонтер, додека не ги заврши и тие две "мастер" години за да може да полага правосуден. Можеби мислеле на тоа. Ако е ова оглас за вработување сигурно е грешка со кредитите или пак некој многу "способен" и вработен таму го има составено огласот.
http://www.sobranie.mk/ext/materialdeta ... 860b9de087 Еве ви линк каде што може да го видите новиот закон за правосуден испит.
Законот е објавен во службен весник може пред еден месец ако не и повеќе. Бар сега нема врскаџиите и татините ќерки да положуваат со врски. Бев да слушам еднаш и се разочарав, една гуска уста не отвори, ја поминаа, а беше глупа, не знаеше работи што студент треба да ги знае. Тешко на тој што ќе го брани утре.
Сега уште повеќе ќе има положување со врски, дека е со електронско полагање, кој ќе знае колку си освоил, исто како полагањето за државен службеник, ако сака да те бутне ќе ти скрати од поени а ти ќе се чудиш. А некој и со 10 изгубени поени ќе си земе потврда со максимум поени. Ќе излезат веќе подготвени 2000 прашања, примери со стручен осврт на проблеми,ќе ги има на интернет, секој ќе си ги симне и ќе ги одговори, иста приказна како со испитот за државен службеник. Единствената разлика е што за разлика за државен службеник каде што еден е точен одговор а другите два се очигледни дека на се точни, на правосудниот ќе има еден точен одговор, пет многу слични, и другите малку поразлични и ќе бидат подготвени од судии и јавни обвинители. Ова остава простор за исто толку манипулации. И јас кога бев да слушам полагање еден што седна да полага абе комплет прашањата му ги одговори еден што седеше напред и тоа со шепкање. А тие главоњите демек не гледаат не слушаат. А некој може што се утепал од учење му се падне нешто што баш и не го разбрал и не успее да се снајде со зборови и падне. Така да, ниту ова не е мерило дека нешто ќе биде праведно и без врски. Веќе сме сведоци колку електронското полагање може да биде наместено. Видов една новина во врска со начинот на полагање, прво се полага теоретскиот дел па ако го положиш одиш на стручен осврт на некој случај,исто со електронско заокружување, а не како до сега полагаш писмен дел по граѓанско и кривично па ако положиш писмено одиш на усно и по новиот закон ќе даваат можност да ги положиш испитите во три последователни сесии.
Нема што некој сакал да те бутне. Ова не е натпревар. Само ке фанат врски тие за положување, ама не е кокурс па само еден да положи, туку ке положат сите кои научиле и сите на кои тате им ја купува потврдата. Бар нема да ме бутнат оти сум им антипатична. Сепак, сметам дека само дебили од правници ке имаме во државава. откако е воведен овој кредит трансфер систем, децава не знаат веке дс размислат, не знаат да слеат реченица, не им тече мислата. Ограничени се на препознавање. Утре на судијата ке му речат, ај дај ми 4 опции, ке ти кажам што е добро за странкава. Бар на овој правосудниов уста отвараа, ама сеа и таму ке кликаат. Каде кеодиме со правници коиуста не отвориле и немаат правнички речник, не знам.Дебил до дебил во ПФ. ПОрано се снаеше, само новинарите кои завршуваа беа загреови, ај и оние со политички, тука некаде, ама дипломиран правник беше институција за нив. А сеа, и тоа се а,б,в деца кои не знаат тужба да напишат, не па нешто посложено.
Како не ти е срам за речников? Ама се очекуваше од тебе. Не си достојна да навредуваш некого, макар тоа било и генерализирано. Се прашувам кој факултет го имаш завршено ти, ако воопшто имаш одено на факултет? "Епитетов" што си го употребила овде-дебил, сигурна сум дека не знаеш истиот што значи, без да го побараш преку гугл. И ти најде да зборуваш за размислување и составување на реченици. Кога не си ништо подобра, размисли пред да навредиш. Едно е да искажеш став за одредена ситуација и последици од истата, но друго е да навредуваш со несоодветни зборови. Правникот одн.адвокатот, кој не знае уста да отвори, ќе си трпи самиот со тоа што нема да биде ангажиран, но повеќе се плашам каде одиме со вакви "сештомразачи" како тебе, тоа е поопасно.
Арно де, и ти ме изнавреѓа, во ништо не си подобра од мене А веруј, факултет завршив, 90% од испитите ми беа писмено па усно, работев неколку години, па после магистрирав, се разбира, испитите ми беа сите усмени. Во текот на моето раб искутво, работев со правници од одамна, кои завршиле студии по стариот систем и за жал, со колеги кои завршиле со 3 години, па магистрирале со 2, дипл. економости кои не виделе фактура, правници кои не виделе тужба. Магистри. Правнички речник, никаков, смисла за економија, никаква. Сепак, за технички работи се океј. Ако ти заврши факс со понудени одговори, факс кој не ти дава можност да размислиш и да дадеш одговор, туку да препознаваш, не си ти крива. Крива е државата за таквиот несоодветен начин на едукација. Таков факултет може да заврши историчар, може да заврши некој на географија...дури ни оние учителките, не смеат да полагаат со препознавање. И џабе се 10ките, кога ваквите деца во пракса, се губат уште на интервју. Мора да одговараат усмено, мора да разговараат со некој кој е во нивната струка и кој има речник. Зарем на судијата ќе му речат, дај три опции, ама претходно да ми ги кажеш прашањата? И не се жустри толку, не ме навредувај мене, туку избори се за добро образование. Здравје, кога ке почнеш да работиш, ке сфатиш дека факултетот ти бил џабе. Дека дипомата е за на ѕид, оти во пракса, ништо од а, б, в, нема да имаш. И заради се ова, новите генерации студенти сите ги гледаат со потценување. Оти многу дипломираат, а во пракса се слаби. Подобро 100 квалитетни, отколку 1000 невалитетни. И затоа сметам дека правосудниот не треба да биде пак на заокружување, туку да биде уште еден филтер, каде оние кои дипломирале со препознавање, ке отворат уста и ке се процени нивното вистинско знаење. На крајот на краиштата, нека биде пак на заокружување, ама нека има еден усмен дел каде ке треба да одговорат, да размислат, да ги прекинат во зборување и да ја продолжат мислата. Поинаку, не верувам во нивниот квалитет и стручност.
Како прво, јас завршив одамна, уште кога не беше воведена новата програма, значи 6-7 години сум дипломирана, и јас полагав усно и писмено, работев кај адвокат па во јавна установа, но колешке верувај дека ниту нашата диплома не е доказ дека сме поспособни од некој кој завршил со заокружување. Значи се е до човекот и колку сака да вложи во себе. Џабе му се на некој 10-ки а студирал од стара програма, кога утре не знае од која страна треба да седне во суд, значи половина се оценките а половина снаодливоста. Ако не си снаодлив, навистина дипломата само ќе треба да фаќа прашина. И не ти требаше тоа нарекување дебили (медицински поим, дијагноза) на оние што студираат по нова програма, бидејќи така функционира денес светот, се е електронски, нормално дека и нашата држава оди во тој правец. Ние кога студиравме имавме нула од практика, бидејќи тие вежби што ги имавме немаа врска со стекнување на практично знаење и искуство, сега не знам како е според новата програма но мислам дека праксата кај нив е позастапена. Кога ќе земеме во предвид дека правото е наука која ја учиш цел живот, со оглед на тоа дека секојдневно се донесуваат нови закони, следува дека не е битно дали ти си полагал социологија на право усно по комуњарски систем кај Пеливанов или си заокружувал за марксизам по електронски пат, или дали си полагал вовед во право писмено кај Бајалџиев (со одговарање на 3 извлечени прашања) што е далеку полошо отколку учење на цели книги и одговарање на цел материјал по електронски пат. Никогаш не се ставај над другите за кои ништо не знаеш. Можеби полагале електронски, но учеле и сеуште го помнат наученото кое ти можеби си го заборавила. Не е само да научиш и усно или писмено да го полагаш материјалот, туку и способноста да го примениш истото. Начинот на кој ние учевме и полагавме не беше толку сјаен за да се вадиш на тоа, еххх ние на времето ова и она...И ние полагавме и писмено и усно и тогаш некои беа бистри а некои учеа само на памет за десетки кои кога им доаѓа времето за работа којзнае дали си ги оправдале. Поинаку, квалитетот и стручноста на студентот лежи во него самиот а не во начинот на кој е испитуван (во сите начини на испитување треба да научи)
Девојки најпрво да ве поздравам, сосем случајно наидов на темава па сакав да ве замолам бидејќи видов еден пост од BoaVista со прашања по деловите од правосудниот чисто онака како за пример а и од голема помош се со оглед на консултации што имав со луѓе кои полагаа изминативе две сесии ги пофалија дека се погодени во однос на тоа што прашуваат од членовите на комисијата. Меѓутоа покрај прашања за граѓанско делот (се снајдов за нив) дали може некој да ми помогне ако има некои исто така колку за пример да постира прашања за трудово делот. Многу ќе ви бидам благодарен, поздрав
Dраги колешки! Vе замолувам да ми дадете некој совет за полагањето на правосудниот испит, јас го подготвувам ама незнам што ке биде.....паника ме фаќа веке
Девојки, може да ми кажете од кај го набавувате целокупниот материјал за спремање на правосудниот испит, значи сите закони заедно со измените, и се друго што е потребно, и колку чини се вкупно? Ви благодарам