1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правосуден испит

Дискусија во 'Образование' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. G.a.b.r.i.e.l.a

    G.a.b.r.i.e.l.a Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Девојки, знаете ли некоја што треба да се учи од Законот за здравствена заштита?
     
  2. Magdalence

    Magdalence Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    29
    Колешки, Прирачникот за полагање на Правосуден испит (2013) го има во некоја од копирниците во Мавровка и од прилика колку пари е?

    За правосудниот ич не берете гајле, не е толку страшен колку што е обемна материјата. Никој нема да ве бутне ако видат дека имаш макар и најосновни знаења за одредено прашање, а со самото тоа што ке исчиташ толку закони ке можете да се снајдете и да одговорите.
    Совет од мене одете на правосуден испит НАСПАНИ и колку толку одморени оти не знаете кога ке почнете и кога ке завршите, а ви треба максимална концентрација.
    Со лесно на сите.
     
  3. G.a.b.r.i.e.l.a

    G.a.b.r.i.e.l.a Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Прирачникот го има во фотокопирница Зоки и беше околу 350 ден, како што се сеќавам..
     
    На Magdalence и Cka им се допаѓа ова.
  4. Iriss

    Iriss Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    За кое прашање?
     
  5. G.a.b.r.i.e.l.a

    G.a.b.r.i.e.l.a Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Околу првото прашање ме интересираше конкретно дали ги учите одредбите за мрежата на здравствени установи и одредбите за вршење на здравствена дејност (чл. 17 - чл. 56)? Знам дека не се поставени како прашања, бидејќи се дел од новиот закон, меѓутоа чисто ме интересираше дали комисијата ги поставува? Прашувам бидејќи во овој дел законот е прилично изменет, првото прашање според стариот закон опфаќало 50-тина члена, а сега прашањето практично се сведува на 5-6 општи членови и начелата. Фала.
     
  6. Iriss

    Iriss Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски

    За првото прашање, се учат од член 1-4, зашто во нив е утврден поимот на здравствена заштита и правата на здравствена заштита и добро е да се знаат начелата, член 5-11. Што значи доволно за првото прашање е од член 1-11.
    :)
     
  7. Ergen31

    Ergen31 Нов член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    здраво некој колешка сега скоро да не полага правосуден испит
    јас планирам да полагам негде јуни месец
    секоја информација е добредојдена :*
    поздрав
     
  8. G.a.b.r.i.e.l.a

    G.a.b.r.i.e.l.a Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Јас ќе полагам во наредните сесии. Што те интересира поточно?
     
  9. angela84

    angela84 Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    I jas planiram vo juni ako uspeam da go pominam matrijalov:) so 2 deca sum I tesko mi odi nemam vreme da sednam :(
     
  10. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Ако од утре седнам, за јунска сесија, тоа се скоро 3 месеци учење, без одење на работа, 8 саати на ден учење, колку испити реално мислите дека може да се спремат? Јас се плашам дека сите 5 немам шанса...Што мислите?
     
  11. angela84

    angela84 Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    I mene mi e taka planot,pa se nadevam ke uspeeme.samo sto jas planiram vo juni 4 da polagam a eden-gragansko da go ostavam za naredna sesija.
     
  12. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски

    Јас исто како направив но тоа не беше 8часа учење туку скоро цел ден од 9 - 21 ( во нив нормално пауза ручек, кафе но се тоа дома не надвор ) , и положив 4ри, па во наредната уште еден . Но, друга комисија
    беше.
    Ви посакувам среќа!
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    А не мислите дека ќе биде подобро со електронско полагање во октомври? Некако електронски ми изгледа подобро, имаш време да размислиш, си го учел материјалот, а усно повеќе зависи од момент во кој може едноставно и да се блокираш, да се збуниш или да зависиш од расположението на испитната комисија.
    Барем јас така мислам, можеби се зависи од среќата. Ама јас планирав да одам на првото електронско полагање иако уште не знам што и како ќе биде. Можеби ќе биде и потешко, бидејќи писмениот дел што е сега ќе биде заменет со анализа на случаи кои сигурно ќе бидат потешки од само обично формално составување на пресуда, тужба и сл.
    Мислам дека ќе биде добро ако прашањата ги имаме и на хартија (како на приемни за факултет што беа, само што таму едниот лист беше за одговарање а другиот само за заокружување на одговорот), да можеш да ги одговориш, ако е потребно и со поправки па да ги внесеш електронски, барем после ќе имаме увид кои сме ги одговориле точно, во случај да ти ги дадат резултатите со тоа кое ти е погрешено, а не само како збирни поени како со испитов за државни службеници.
     
  14. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Секој има различен начин на учење , според мене за да бидиш правник треба да имаш вокабулар да знаеш што точно сакаш да кажиш и да го одбереш најбитното. Затоа сметам дека електронското полагање не е баш добар избор , а воедно ако имаш читано на усно можиш повеќе да се снајдиш. На заокружување треба да го заокружиш истиот збор што е во Законот така да. Јас сум за усно. Ама ќе видиме ќе покажат следните кандидати
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    ^^ Усното полагање нема врска со вокабуларот, или знаеш да се изразуваш и снајдеш или не. Ама со толку кратко полагање, некои поминуваа многу набрзина, барем додека јас бев на мониторинг,нема да се покажат многу ораторски квалитети. Не можат сите да бидат оратори и полагањето на три прашања, на кои можат и бргу да те прекинат, сигурно нема да ти го збогати вокабуларот.
    Од поголема важност е знаењето, или го имаш или го немаш. Па не би требало да прави некоја разлика дали ќе биде усно или писмено полагањето. Само што јас си изнесов некои причини зошто електронско полагање би било подобро. Правосудниот испит е чисто формална работа и за собирање пари.
    Законите се менуваат секој ден (барем овој месец секој ден излегуваат измени и дополнувања или комплетно нови закони), така што правникот учи секој ден и тоа што го полагал пред десет години на правосуден, може да е комплетно изменето сега.
    Ако ти не се самообразуваш и надградуваш себеси, ако не се трудиш тоа да го примениш во пракса, тоа што ќе полагаш усно на испит, не ти го збогатува вокабуларот и не те прави оратор.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Оф, морам и јас така да седнам, активно учење по цел ден, па се надевам дека ќе успеам.
    А кој испит го остави ти за во следната сесија? Граѓанско?
    Инаку, сакам да те замолам доколку имаш некои материјали надвор од законите и прирачникот, ако не ти е проблем да ми ги пратиш.
    Фала ти многу однапред.
     
  17. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Јас исто како направив но тоа не беше 8часа учење туку скоро цел ден од 9 - 21 ( во нив нормално пауза ручек, кафе но се тоа дома не надвор ) , и положив 4ри, па во наредната уште еден . Но, друга комисија
    беше.
    Ви посакувам среќа![/quote]

    Оф, морам и јас така да седнам, активно учење по цел ден, па се надевам дека ќе успеам.
    А кој испит го остави ти за во следната сесија? Граѓанско?
    Инаку, сакам да те замолам доколку имаш некои материјали надвор од законите и прирачникот, ако не ти е проблем да ми ги пратиш.
    Фала ти многу однапред.[/quote]

    Секако ќе успееш. Мене ми остана Уставно не стигнав ни да го прочитам. Иначе се од Закон и прирачник учев . Најмногу од прирачник и во Законот гледав ко ќе има пр.чл.10 да знам за што се работи.
    Среќно и чекам да известиш за убави резултати
     
    На AnaMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ivanak

    ivanak Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    13
    Девојки, дали стажирањето од една година пред стенување на 300 кредити ќе ми се рачуна за стажот потребен за полагање на правосуден испит, или од кога ќе ја земам дипломата со стекнати 300 кредити да имам 1 година стаж по правни работи. Јас веќе имам волонтирано 1 година кај нотар и неолку месеци кај адвокат.
     
  19. hubabuba

    hubabuba Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Не, не ти се рачуна, ке почне откога ке се пријавиш во адвокатска комора, значи после дипломирањето.
    Јас така почнав пред да дипломирам ама ништо од тие месеци. За да се пријавиш во адвокатска комора ти треба Уверение, и милион други документи (незнам точно не се секавам)
    На страната на адвокатска комора мозес да си провериш ако те интересира :)
     
  20. Ergen31

    Ergen31 Нов член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    некој да сподели искуства ако полагал во Февруарската сесија :) ??