jas se otkazuvam za vo juni-ostavam za vo oktomvri,pa da se nadevam polesno ke pominam. loso e samo sto nema koj da kaze sto kako ke bide,ama bitno nema usno-nema da ima trema ) ako ima nekoj sto ke go sprema za oktomvri neka se javi na forumov. SREKNO NA SITE STO GO SPREMATE PRAVOSUDNIOT !!!
Па и јас планирав за октомври, ама уште не сум почнала со спремање, некако и немам баш волја зашто нема работа без врски, но го чувствувам како товар кој треба еднаш да си го тргнам од грбот. А и сега пред избориве еден куп закони изменија и дополнија, после претседателски избори а пред парламентарни сигурно и други закони ќе се менуваат и тоа највеќе ме иритира, што треба да учиш едно па да ти сменат па друго да учиш.
Јас го учам и планирам во јуни барем три да положам...Нели од октонври, односно следната година ќе има некои измени во правосудниот?
Па од октомври треба да почне електронско полагање на правосудниот, а материјалот си е тој, можеби само да дадат предлог прашања и начин на обработка на случај, ќе видиме. А може и да речат дека технички не се подготвени, па да полагаме пак усно
И сега ако полагам ќе биде усно, а во октомври електронски? Бидејќи повеќе од 3 во јуни не би можела да спремам..и работам, и мало дете имам.. А си била да слушаш? и како го учите, само од закони?
Бев да слушам и баш поради тоа не сакам на усно, тоа не е начин да пресудат колку знаеш, ако ти се погоди прашањето, ама и ако ти се погоди може да те заплетка, ти седиш тие на повисоко од тебе и малку ми е мизерен тој начин на полагање во голема просторија. Еден немаше поим од прашањата ама му се погоди некој до него, не знам баш дали случајно и трите прашања му ги издиктира. Вака на писмено, колку знам-знам, ако сум учела ќе знам што сум одговорила точно а што не. А не знам како би било ако почнете усно, сигурно тие предмети што ќе ви останат ќе ги полагате пак усно. Мислам дека е најдобро да ги имаш пред тебе сите закони со промените (а кои закони ти требаат ги имаш под прашањата во програмата, се што ти треба е во законите), но добро ќе биде и ако имаш некој закон со коментар, колку да научиш како логички да си поврзуваш некои работи, иако законите секојдневно се менуваат. Јас имав еден закон за парнична постапка со обрасци на тужби, поднесоци итн... и баш е корисен иако законот одамна е сменет.
Девојки, Зборев со една колешка пред некое време која полага сега во априлска сесија. Она почна да учи на почетокот на февруари, значи 2 месеци учење и ме убедува дека учела само од прирачникот сега најновиот од декември 2012 и ептен нешто малку потчитнувала во законите. Јас и посакувам среќа и се надевам дека ќе успее да положи се, ама мене и е малку чудно. Мислите ли дека само си учење од прирачникот, каде нели одговорени се сите прашања од програмата, е доволно за да се даде добар одговор пред испитувачот? Мислите ли дека таква тактика на учење е добра? Од друга страна, она ми вика ако земав да ги читам сите закони од почетокот до крај, па после да барам кое прашање каде ми е, општ хаос вика ќе ми се створеше. Она вика дека во самите закони реално има доста работи кои испитувачите не ги прашуваат и нема потреба воопшто да се концентрираме на тие. Што мислите, ве молам во паника сум, јас во јуни ќе полагам. Кривично ми е цело поминато, уставно пола, делот со ЕУ и ЕКЧП го владеам добро од работа. Ми остануваат уште овие три, ама се мислам граѓанско воопшто да не го чепкам, можеби ако имам време така само површно да читнам, па ептен ако имам среќа да ми се паднат некои прашања на кои би можела да се снајдам, па со среќа да положам. Пишете ми ваши размислувања, повеќе од добредојдени се
Сите мои другарки кои го положија правосудниов ми викаат дека е прашање на среќа. Една се инамачи цела година, на друга и ги прочитале одговорите додека правела концепт(за 1 или 2 предмети, не за сите), трета ги положи сите 5 со 1 месец учење и искуство стекнато кај адвокат, четврта со 3 месеци учење одсабајле до вечер......НЕЗНАМ ШТО ДА КАЖАМ Прирачникот незнам како изгледа, ќе го купам утре, иако ми изгледа неверојатно само со тоа да се поминува.
Ана како помина, полагаше ли сега во јуни? Да не имате информации за полагањето во октомври, дали ќе почнат електронски. Ако до сега на усно не навлегувале во детаљи од законите, можно е со електронсково и ова да го има, се ќе биде двосмислено. Само нели рекоа дека ќе излезат прашања, а уште ги нема. Јас почнав да ги одговарам по старата програма, под секое прашање одговарам со тоа што секоја промена од законите ја внесувам и корегирам, бавно оди, ама барем ќе знам дека секоја измена ми е внесена. Дури и да излезат прашања, пак по старата програма ќе учам, зашто не се учи материјата само од одговорени прашања. Едвај чекам да видам за вториот дел-за студијата како ќе биде. До сега писмено се пишуваа акти, но сега не знам како ќе го изведат ова со прашања. Се ми изгледа дека ќе биде потешко, ама останува да видиме. Јас ако спремам, ќе одам на првото електронско тестирање, ако не па во декември. Некако и немам некоја желба да полагам, ама да не ми стои на грб, да го откачам и тоа.
polagase li nekoj vo juni da kaze kako e ili da znae nekoj sto polagal? sekoja informacija bi ni pomognala da znaeme kako e po novovo polaganje-pozdrav so site sto go spremaat pravosudniot
Девојки, ај ке ве молам ако може кажете ми од каде да го набавам прирачникот за полагање на правосудниот новиот од 2012, и сите Закони со измените? Икако што можам да забележам треба да се учи по старата програма од 2010 година, единствено ново излезено се прашањата од новиот ЗКП, друга нова програма за новиот начин на полагање јас не најдов никаде. Сакам да почнам да учам веќе еднаш ама не знам од кај да почнам
Од Мавровка, Зоки мислам се викаше книжарата, внатре во средина на трговскиот, на прв спрат. Сите закони ќе ти ги испринтаат, пречистени текстови, скоцкани предмет по предмет. И прирачникот го има таму. Со среќа
Девојки, ако некој има од Источниот дел на РМ, во Штип во Трговскиот центар го има Прирачникот за правосудниот испит (Декември 2012 година), па да не морате да одите до Скопје специјално за Прирачникот. Инаку има ли некој што ќе полага сега во октомври или декември, јас почнав со спремање, но ќе го полагам во декември бидејќи во ноември ми завршува стажот, па си велам до февруари ќе го научам поубаво Поздрав и со среќа на сите што ќе полагаат во наредните сесии, па се надеваме ќе поделиме искуства од новиот - електронски начин на полагање. Убав ден до сите
feminki da ve prasam ja sum diplomiran pravnik so 180 kredita nasoka primenta politika i diplomatija moudl evrosko pravo i sea sum na pravosudna nasoka na master uste 2 godini ama ama vo prvite 3 godni nemavme predmet obligacii i kpp sakam da prasam dali misleite deka moze da se ima nekakov probelm nekogas koga ke sakam da polgam pravosuden ispit bodejki zakon ne potencira vo koja oblast mnora da si diplomiran pravnik pozzz
Нема да имаш никаков проблем, ти само заврши со испитите од мастер студиите, магистрирај, и после стажирај една година и без проблем ќе можеш да полагаш правосуден
Феминки излезен е распоредот за полагање на правосудниот во октомври, пак ке се полага како порано нема да почнат со електронскиот начин на полагање