Моја грешка, за правосуден, уште нема оглас. Наводно, професорите не сакале за ситни пари (1000 евра) да работат Знаете како е со универзитетксите професори, еден закон еден стан
Секој месец објавуваат нови програми кои важат за електронскиот начин на полагање а всушност истиот само се пролонгира зашто програмата постои ама нема прашања по неа...и сега ако планираме да полагаме во декември /фебруари да учиме по новава програма (која е многу пообемна од претходните и плус има странска литература од 60 нови книги) а да полагаме на стариот, усмен начин..?! И во меѓувреме да бидеме во исчекување на апдејти од министерство за правда за можни промени во тековната состојба...?
http://www.pravda.gov.mk/novost_detail.asp?lang=mak&id=1204 Во декемвриската сесија се почнува електронското полагање на правосудниот испит, али прашањата ги нема? Нели треба да имаме истакнато прашања и случаи?
Еден ден порано ке ги дадат, колку да бидат во согланост со законот, иако месец дена каснат. Може и два
moze li edna informacija kako tocno odi polaganjevo. mora site 5 da se prijavat a 3 da se polozat za uslov,e sega moze li prviv da se prijavat 4 pa da se nadevam 3 da polozam ili kako e toa? ima li odredeno koj moram prvo da gi polagam ili...? inace do dve deca sum odamna se macam da go spremam a samo ustavno imam pominato ednas i sega go ucam trudovo ama ima mnogu izmeni i dve nedeli samo izmenite gi pisuvam.kako vi odi na vas kako se spravuvate so izmenive barem da imase precisteni izmeni ke bese super samo ke citavme a vaka mnogu se gubi vreme.pozdravce do site i ajde da bideme site pozitivni i da se nadevame deka po novovo polesno ke pomineme
"Електронскиот систем содржи и јавно достапна база од најмалку 2.000 прашања од областа на предметите за потребите на првиот дел од испитот од кои, како и јавно достапна база од најмалку 500 студии на случај за потребите на вториот дел од испитот. " Јас мислам дека целиот нов начин на полагање на правосуден испит нема никаква смисла доколку само ни е позната програмата за полагање на истиот а не се истакнати и прашањата во исто време. Сигурно целта на сите ни е да го положиме правосудниот врз основа на позитивно бодираните одговори (кои меѓусебе се одделени само со еден збор/сврзник) а не според совладаната материја од закон која би можеле усно да ја презентираме со слободна импровизација и која колку и да е точна и усно убедлива, електронски може да биде погрешна поради некое зборче кое прави суштинска разлика во бодовите. Така што во спремањето на испитот според новиов начин ,фокусот треба да ни биде во прашањата и формирањето на концизни (од збор до збор точни) одговори а не само совладување на материјата според програма...
Колешки/колеги, да ве прашам дали оваа граѓа на прашања што е истакната сега и по која ќе полагаат првата група од декемвриска сесија ќе важи и за следните кои ќе полагаат во февруари/април... или секоја сесија ги менуваат целосно тие 2000 прашања? Законот вели дека секоја година прашањата се зголемуваат за 10%.. Како вие го толкувате системов на полагање во однос на прашањата?
Колеги ајде да се поделиме да ги одговориме прашањата? Да полагаме во декември! Инаку некои прашања немаат никаква смисла!
нема потреба да купуваш материјали, џабе ќе даваш пари, одговорите ги има во законите, а законите можеш да ги најдеш на интернет.
А како ќе се полага порано писмениот испит по граѓанско и кривично? Нели ќе имаше некој случај па да се обработува, зошто нема примери за такво нешто, на кој начин би било тоа? А овие прашања јас можев да им ги напишам и за 500 евра, за два-три дена. Поглупави прашања здравје. Како да го отворил законот и препишувал, така што едни прашања можат да се одговорат со една реченица а за други треба да одговориш и по неколку членови од законот, што може да фати и страна-две, можеби и три, зашто не знаеш што би имало во продолжение на тие неколку зборчиња што треба да им го претставуваат прашањето (од десет понудени одговори, на две од нив може само запирка ќе ги разликува и ќе те зезне) Туку во кривично право има некои без врска прашања, ти кажува некое кривично дело па нешто кој е објективен услов, кое е дејствието на делото, значи одговорот не е само препишување на одговорот од законот. Туку, дали ги сретнавте прашањата што се од наведената странска литература, дали воопшто има такви? Не можеш да полагаш во декември, ако не си го пријавил испитот до 15 ноември, така што останува да се спремаме за во февруари,ама тешко да се спремиме за толку кратко, покрај празнициве.
Овој начин на полагање неможе да биде поглуп! Се знае што е правосуден испит да седнеш пред судија, народен правобранител... и да одговараш без трема. Утре правници ќе треба во судница да застапуваат случај, а сега што излезе, и правосудниот да се полага на заокружување а цело време не деградираа дека на факултет сме полагале на заокружување.
Долго време се зборуваше за новиот начин, долго време и помина од донесувањето на законот за правосуден испит, година и кусур, па дури и не ми се верува баш дека конечно ќе се спроведе.Ставови за и против нема да дискутирам. Би прашала нешто повеќе околу вториот дел- анализа на случаи...не ми е баш јасно на кој начин ќе се полага. Читав и законот, разговарав и со колеги, може некој од вас ќе ме просветли. Електронски ќе се прави анализа на случај? Ќе пишуваш есеј во ворд документ, ?Ќе имаш некои можни комбинции па ќе селектираш ...или? И уште многу нејаснотии имам , ама ај чекор по чекор
Правосудниот испит е само глупава формалност која е вишок а е создадена само за собирање пари, мито и сл. Ако ти седнеш да одговараш пред судија не си ништо подобра од некој кој научил и полага електронски, не знам што е тешко да се разбере тука. Ти пред тој судија ќе одговараш за материјал кој си го научила како што го научил некој друг што одговара преку компјутер. Пред судијата нема да објаснуваш судски предмет и можни исходи туку одговараш на прашања, кое одговарање може и многу лесно да помине, иако на пр.не ја владееш добро целата материја, може на среќа да ти се погодат прашањата. Тремата ја имаш кога одговараш пред човек од чие расположение ти зависи оцената, а кога одговараш електронски си препуштен сам на себе и своето знаење. Електронскиот начин на полагање е далеку посложен и верувам дека ќе биде потежок, бидејќи овде навистина ќе има ситуации каде што ќе ти биде потребно време да размислуваш логички и да поврзуваш и исклучуваш одредени одговори т.е. ситуации. Espadrila и мене не ми е јасен тој дел, но сигурно нема да се пишува ворд документ, бидејќи и во законот стои дека ќе биде анализа на случај, па мислам дека ќе биде исто како и прашањата, ама мислам дека не е фер ако не покажат некој пример, како би се одвивало тоа.
dali ste zapoznaeni so obukata za pravosuden ispit? neznam kolku e korisna i efikasna ama cisto informativno se javiv da prasam bas me interesirase najmogu cenata se razbira za 54casa predadeni 30.000 denari. samo petok i sabota se odrzuvaat po 5-6 saati na den.
Колешки/колеги, да ве прашам дали оваа граѓа на прашања што е истакната сега и по која ќе полагаат првата група од декемвриска сесија ќе важи и за следните кои ќе полагаат во февруари/април... или секоја сесија ги менуваат целосно тие 2000 прашања? Законот вели дека секоја година прашањата се зголемуваат за 10%.. Како вие го толкувате системов на полагање во однос на прашањата?
Се знае дека правник треба да зборува и да биде елоквентен,кога ќе те праша судијата подпрашање треба во секундата да се снајдеш, исто поставуваат прашања во смисла да го примениш во пракса тоа за што зборуваш. Да не зборувам па дека писмениот дел беше сам да составиш тужба,жалба, пресуда нешто што на секој почетник ќе му треба. Не дека ми е тешко да разберам, не е битно дали е полесно или потешко, само сметам дека овој начин на полагање е многу не соодветен, не ми се верува дека го воведоа
Правосудниот испит нема да те направи речит и елоквентен, едноставно или те бидува или не те бидува. Некој и ако знае потполно се, ако не е снаодлив и јак на зборување џабе му е и пред судии од двата основни,од апелационен и од врховен суд да полага. Правосудниот испит е само формалност и алатка за собирање пари, знаењето применето во пракса е она кое го прави правникот. Непотребно е докажување кој начин на полагање на правосудниот гради правници бидејќи испитот, без разлика дали е усно или писмено, е само испит но без пракса си ништо. За да полагаш правосуден има услови, одн.потврда дека си работел кај адвокат, нотар,суд и сл.,па ако си дозволил да не научиш како изгледа една тужба, жалба, кривична пријава, разни поднесоци итн.е твој минус. Напразно зборуваме кога не знаеме како ја замислиле анализата на случај која може да биде многу подобра и потешка за снаоѓање отколку пишување на хартија. А и денес е се компјутерски, секој поднесок го пишуваме преку компјутерска програма, не пишуваме со пенкало на хартија, така да ништо не би било ново и невидено.
Имам завршено друг факултет, сега планирам мастер на правен. Ќе имам ли право да полагам правосуден откако ќе завршам?