@BirMelek Претпоставувам мислиш на прашање број 65? "65. Тужителката во тужбата и на расправата преку својот полномошник наведе дека е маќеа на тужениот и со таткото на тужениот А склучила брак на ден 13.06.1991 год. заведен во МКВ што се води за местото М под тек.бр. 1 за 1991 год., а претходно извесно време живеела со него вонбрачно, со што живееле заедно во брак 20 години и во текот на брачната заедница немале деца, а сопругот и починал на 26.02.2009 година во О. Во текот на траењето на брачната заедница купиле недвижен имот - деловен простор што се наоѓа на КП на ул.П во површина од 85 м2, заведен во ИЛ КО ..."
оф беее не бил 62 туку 65 се извинувам .кога само ќе се сетам ме фаќа нерва зошто во прашањата фалеа зборчиња па не знаев што се прашува. што е најстрашно кога пак би ми паднал случајот пак нема да знам да го одговорам.. извинете сите знам дека ви направив паника, ама не можам да кажам дека беше лесно кога не беше. бев доведена да одлучувам како судија...а сите ми велеа ок е си имаш закон ќе си прочиташ ич не мисли се. се надевам дека ќе ви се паднат фер и нормални прашања и лесно ќе си помините сите.јас утре одам на кривично па ќе ви кажам како беше
Граѓанско ми се падна случајот 27 Едно прашање беше до кога Методија може да поднесува НОВИ ДОКАЗИ, одговори имаше во стилот до првото рочиште на главна расправа, до последното, на кое било рочиште на главната расправа, најдоцна на подговтиветлонот и слично. Второ прашање беше за правата на брачниот другар на методија, тоа ви е во член 1027, имаше повеќе комбинации. Трето прашање беше за предметот на отстапување, имаше одговор како во став 1 од 1024 Четврто прашање беше за отповикување на договорот поради: крајна неблагодарност, морална неблагодарност, обична и слично, Петто прашање беше за задржување на правата, повеќе слични комбинации за член 1026 комбинција за двата става 1 и 2, едниот беше за доживотна рента, друго само за еден од нив, Шестто беше за условите на полноважност, став 1 и 2 од 1023, дека треба сите да се согласат во писмена форма и во суд, повеќе комбинации
Gragansko mi se padna slucaj broj 58 prasanjata bea: Полиса за осигурување на живот tocniot odgovor beshe:Член 999 (1) Покрај состојките што мора да ги има секоја полиса, во полисата за осигурување на животот мораат да бидат назначени: името и презимето на лицето на чијшто живот се однесува на осигурувањето, датумот на неговото раѓање и настанот или рокот од кој зависи настанувањето на правото да се бара исплата на осигурената сума. ostanatite ponudeni bea modifikacija od stav broj 1 na clen 999 lesno se prepoznavashe prasanje br.2 Последици од неплаќањето на премијата и намалување на осигурената сума Odgovorot beshe:Член 1001 (1) Ако договарачот на осигурувањето на животот не плати некоја премија во рокот на стасаноста, осигурувачот нема право нејзината исплата да ја бара по судски пат. Isto taka ostanatite ponudeni bea modifikacija od tocniot odgovor Осигурување на трето лице: Член 1002 (1) Осигурувањето на живот може да се однесува на животот на договарачот на осигурувањето, а може да се однесува и на животот на некој трет. ova beshe tocniot ponuden odgovor prasanje:Кумулирање на надоместот и на осигурената сума tocen odgovor:Член 1004 (1) Во осигурувањето на лица, осигурувачот кој ја исплатил осигурената сума не може да има по никоја основа право на надомест од трето лице одговорно за настапувањето на осигурениот случај. imav i edno prasanje od ZPP za polnomosno, lesno beshe i toa
Трудово - Рокот за пријавување на објавениот оглас за избор на судкси службеник не може да биде пократок од 5 или од 15 дена?
Zdravo koleski, znae li nekoj da mi kaze kade mozam da proveram koga se sesiite za ovaa godina za polaganje pravosuden. Vi blagodaram . Izvinete na latinicata od mobilen sum. Pozdrav
На http://www.pravda.gov.mk/resursi.asp?lang=mak&id=16 , ама немаат сеуште истакнато распоред и список за априлска сесија.. Иначе сесии имаш во февруари, април, јуни, октомври и декември
Граѓанско- случај 49 1. Надомест на штета 2. Обврски на превозникот 3. Одговорност на превозникот за задоцнување 4. Одговорност на превозникот за сигурноста на патникот 5. Одговорност за багажот предаден на превоз и за другите предмети (лично за Марјан) 6. Обврски на превозникот во линискиот превоз Кривично- случај 53 1. Што се подразбира под банда/ организирана група/ злосторничко здружение? 2. Правна квалификација за Славе 3.Правна квалификација за Диме 4. Поим на мигрант 5. Возраст на малолетникот како крајна граница за делото да добие квалификаторен облик 6. Протерување странец од земјата (за Коста)
Abe kolegi znaete koga ke bide ispitov za aprilska sesija nesto naslusnav deka ke bide pred veligden toa znaci narednata nedela?
Ме интересира нешто за сесиите ако може некој да ми помогне. Пример ако решам да ги поделам предметите ( испитите со прашања) на следните три сесии, после имам уште две сесии за случаите? Односно ако прват пријавам полагање во јуни, па полагам и во октомври и декември - прашања, после овие три сесии имам и уште две сесии за случаите или морам и случаите да ги положам до декември? Се надевам ме разбравте Ч)
Правото да ги полагаш студиите на случај го стекнуваш штом ги положиш сите испити од првиот дел. Член 19 (5) Кандидатот мора вториот дел да го положи во две последователни сесии по завршувањето на теоретскиот дел. Закон за правосудниот испит, Службен весник на РМ, бр. 137 од 7.10.2013 година Совет за сите идни кандидати: повеќе од пожелно ви е да го прочитате законот за правосудниот испит, дури би рекла и пред да почнете да учите за истиот. Во тој случај, сигурно не би имале нејаснотии од техничка природа. Со успех на полагањето
Imam edno prasanje do tie stopolagale ili pak tie sto sega spremate pravosuden ispit, Krivicno pravo ucam od skriptata od mavrovka, megutoa imam eden mal problem rasporedot na prasanjata vo skriptat ne se poklopuva so tie od elektronskiot sistem, rasopredot e razlicen. Problemot e vo toa sto mi falat 4 prasanja, da ne slucajno nekoj znae koi se tie cetiri prasanja sto gi nema vo skripta, odnosno sto ne se odgovoreni.?