Јас требаше да го полагам во февруари, ама имав некои обврски, натака - навака, не успеав добро да го спремам и не отидов Сега планирам да одам во април А за материјали, јас учам од закони кои ги спуштам од нет. Бев две сесии по ред да слушам и само од законот бараат. Колку што можев да забележам, кривично, трговско и уставно полесно се полагаат, а граѓанско и трудово потешко. Таа по граѓанско судиката бара да го знаеш секој можен член и многу потпрашања поставува.
Кривично е Јово Вангеловски (претседател на Врховен суд) Уставно е Николчо Николовски (судија во Врховен суд) Граѓанско е Даница Ристева (претседателка на Апелациониот суд во Битола) Трговско е Беса Адеми (судика во Врховен суд) Трудово е Сашо Василевски (адвокат)
Го знам! Мислев дека е тој ))) Добро е имам 2 од 5 ,туку ќе те прашував друго.... Колку мораш да полижиш во една сесија за да можеш да оставиш во друга. Порано мораше 3 да имаш положено ,а 2 во друга сесија ,а сега како е ?
И сега мора да положиш три, како услов, па другите два можеш да ги полагаш во наредната сесија. А ако не положиш минимум три, тогаш даваат забрана за полагање 6 месеци и ти пропаѓаат парите кои си ги уплатил
Епа ништо не се има сменето, освен поголемиот дел од законите што треба да се учат Шала на страна, ама многу ги бараат измените Ти кога планираш да полагаш?
Во јуни планирам да полагам. Ама се мислам дали ке можам во април да полагам 3 ,па во јуни уште 2. Кривичното ми е учено од порано ,а уште 2 некои да земам (кои ми препорачуваш??).....незнам Ти?
Јас ќе одам во април, освен ако пак не испаничам и да оставам за јуни. Ако сакаш да одиш во април, јас би ти рекла да си ги спремаш уставно и трговско. Уставно многу лесно се полага, прашува ептен основни прашања, а и трговско исто. Е сега граѓанско и трудово испрашува во детали, секој член од законот го бараат.
Што ќе правиш ..едниот е битолчанка ,а другиот е ресенчанин.... Епа фала ти на советот . Овие конвенциите уставно шо се бараат ,кај ги има ? Ти од кој град од Мк си ?
Девојки а сигурно ли е така дека треба да имаш една година стаж за да полагаш правосуден?Гледав во законот за адвокатура таму условот за правосудниот си стои на две години за стажирање кај адвокат или др правосудна институција
Еве мене во моментов ми тече стаж, 2 год. треба уште не ми е истечен, инаку стажирам кај адвокат, па потоа се надевам ќе го положам правосудниот, за неколку месеци ми завршува стажирањето.
Правосудниот испит е регулиран со Закон за правосуден испит (Службен весник на РМ , бр.10 од 25.01.2010) : Член 3 Право на полагање на испит стекнуваат дипломираните правници кои работеле на правни работи во суд, Jавното обвинителство, Државниот правобранител, Народниот правобранител, други државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа, адвокатура, нотаријат, извршители, трговски друштва и други правни лица и здруженија на граѓани Член 5 (1) Испит можат да полагаат лица кои се дипломирани правници со завршено четиригодишно високо образование на правни студии со работа од најмалку две години на правни работи во суд, јавно обвинителство, државен правобранител, народен правобранител, адвокат, нотар и извршител. (2) Испит можат да полагаат и лица кои се дипломирани правници со завршено четиригодишно високо образование на правни студии со работа од најмалку три години на правни работи во други државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа, трговски друштва и други правни лица и здруженија на граѓани. 3) Испит можат да полагаат лица кои се дипломирани правници кои студирале според Болоњската декларација и имаат 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) со работа од најмалку една година на правни работи во суд, јавно обвинителство, државен правобранител, народен правобранител, адвокат, нотар и извршител. (4) Испит можат да полагаат и лица кои се дипломирани правници кои студирале според Болоњската декларација и имаат 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) со работа од најмалку две години на правни работи во други државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа, трговски друштва и други правни лица и здруженија на граѓани. (5) Времето поминато на практика заради стручно оспособување во суд, јавно обвинителство, државен правобранител, народен правобранител, адвокат, нотар и извршител, во согласност со законот, во однос на условите за полагање на испитот се смета како време поминато на работа во тие органи Информации за пријавување и полагање на правосуден испит ќе најдеш ОВДЕ Програмата за полагање ќе ја најдеш ОВДЕ Е сега новина во полагањето на правосуден е тоа што врз основа на Законот за правосуден испит (Сл.весник бр.10/2010) донесена е нова Програма, пред малку што го наведов линкот и во неа влегува и Право на Европска Унија, што не беше случај пред овој закон. Порано требаше да се положат минимум три испита а два можеа во поправен рок, за да полагаш усмен дел мора да положиш писмен(кај кривично и граѓанско). Според новиов Закон оние кои дипломирале и се стекнале со право да го полагаат правосудниот пред да влезе во сила новиов Закон, можат да го полагаат правосудниот по стариот закон, значи без ЕУ, што е случај со мене, пред 2 год. се спремав за полагање месец дена собирав материјал, па најдов некоја работа па одложив ,законите се сменија и сега јово на ново.Собирањето на материјалот ќе ви одземе исто време колку и за учење, многу е
Благодарам на исцрпниот одговор,јас сум по новата програма и значи ќе треба да стажирам една година.А за европска унија предметот што го ставија во правосудниот незнам што да кажам го мразам тој предмет,едвај го положив на додипломски,незнам што толку значење му придаваат, ваљда поради тоа што на големо се стремиме кон европа Лолита тебе ти посакувам среќа со испитот. поздрав