Jas imam nekoi desetina slucai sto se pagjale. Ako sakas ke ti go napisham mojot mail, prati mi gi ti tvoite slucai i jas ke ti gi prepratam moite. Pozdrav (ana_gelevska@hotmail.com)
Вака, јас имам на повекје документи испишани прашања, па да ги средам деновиве во еден текст и ке ти ги пратам, ова се однесува на сите.
Значи комисија нема, имате технички чувари, односно ако нешто ви се зезне компјутерот, инаку нејасните прашања нема кој да ви ги појасни, тоа е навистина сурово. За отворањето на прашања незнам, јас немам таква смелост, а и седев се на ударни места. Приговор се поднесува до Министерство за правда, ама претходно ќе си поднесеш барање за непосреден увид во тестот за да знаеш што ти е згрешено. Прашањата на сите се различни.
на википедиа пишува 751? From 1 January 2007, when Romania and Bulgaria joined the EU, there were 785 MEPs, but their number was reduced to 736 at the elections in 2009. With effect from the elections held in May 2014 the number has risen again and now stands at 751, with each member state having at least six and at most 96 MEPs.
Лани имало избори и избрани се 751 пратеници, а може да има понуден одговор како 750 пратеници плус претседател. Избори има на секои пет години, така што тоа би требало да биде конечен одговор. На википедиа на македонски пишува 736 ама тоа е од 2009 година. http://www.europarl.org.uk/en/your_...l;jsessionid=D2019E4B4CE1E0DF1FFE7BBDD507916A
го поставив прашањето зашто некоја феминка кажа дека на испитот некои колеги си ваделе прашања и си препишувале па затоа...дали снимањево важи за сите и цело време се снима или во исклучителни ситуации се гасат камерите
Кога ќе планираш да извадиш прашања за препишување, фино ќе ги замолиш да исклучат камери додека не им кажеш да ги вклучат Се шалам де А дека некој препишувал на електронско полагање тешко за верување, кој би ризикувал свои пари.
Некој импресија да каже за новиот начин за полагање? Само прашањата ги учите стриктно поопширно не? Има ли некој што бил на полагањето на случаи ? Доколку некој ги има прашањата за правосуден испит одговорени ако би сакал да ми ги препрати? Ви благодарам однапред!
Дечки дали знаете шо е поентата со законите кои се дадени во програмата за полагање а се вон сила пр. Закон за шумите од 97г. е вон сила, исто и Закон за концесија бр.42/93 и 40/99 се вон сила и уште неколку... Помош ако може pls
Немав прашања од оваа материја конкретно, но граѓанско студијата на случај ми беше од членови од ЗОО што се вон сила. Совет од мое лично искуство, не ги прескокнувај одредбите, или воопшто законите што се вон сила. Иако не смее да се помисли да бидат испитна литература, оти нели проверката на знаењето треба да се однесува на позитивното право, сепак се...
Ти благодарам на советот стварно не знаев шо да правам, ама вака ќе ги прочешлам и нив, макар има многу недостатоци во програмата. Фала уште еднаш